Десетте молби на детето до родителите

1. Рацете ми се мали. Ве молам не очекувајте совршенство секогаш кога ќе го направам креветот, секогаш кога ќе нацртам слика или ќе ја фрлам топката. Нозете ми се кратки, ве молам да забавите, така што можам да одам во чекор со вас.
 
2. Моите очи не го виделе во светот како вашите. Ве молам да ми дозволите да истражувам безбедно. Не ме ограничувајте непотребно.
 
3. Работа околу куќата секогаш ќе има. Јас сум малечок само за толку кратко време. Ве молам одвојте време за да ми ги објасните нештата во врска со овој чудесен свет и направете го тоа доброволно и со љубов.
 
4. Моите чувства се нежни. Ве молам да бидете чувствителни кон моите потреби. Не ме присилувајте постојано. Однесувајте се кон мене како што би сакале да се однесуваат кон вас.
 
5. Јас сум посебен дар од Бога. Ве молам вреднувајте ме и ценете ме, држете ме одговорен за моите постапки, давајте ми насоки по кои ќе живеам и дисциплинирајте ме на начин полн со љубов.
 
6. Потребни ми се вашата подршка и пофалби. Ве молам внимавајте на критиките. Запомнете, можете да ги критикувате нештата што ги правам без да ме критикувате мене.
 
7. Ве молам да ми дадете слобода да донесувам одлуки во врска со себе. Дозволете ми да паднам, така што можам да учам од своите грешки. Потоа еден ден, ќе бидам подготвен да ги донесувам оние одлуки кои животот ќе ги бара од мене.
 
8. Ве молам да не работите наместо мене. Некако тоа ме тера да се чувствувам дека мојот труд не ги исполнува вашите очекувања. Знам дека е тешко, но ве молам не се обидувајте да ме споредувате со брат ми или сестра ми.
 
9. Ве молам не плашете се да ме оставите со баба и дедо, за да поминете еден викенд заедно. На децата им треба одмор од родителите, исто како што на родителите им треба одмор од децата. Покрај тоа, тоа е одличен начин за да ни покажете (нам децата) дека вашиот брак е многу посебен.
 
10. Ве молам поставете добар пример за мене, кој ќе можам да го следам.