Доењето го преполовува ризикот од рак на дојка кај жени со семејна историја на болеста

Во една студија во која учествуваа 60000 жени со случаи на рак на дојка во блисккото семејството, се покажа дека жените кои доеле барем 3 месеци, имале имале напола помал ризик од рак на дојка.

За жените кои имаат барем една личност од блиското семејство со рак на дојка, доењето на бебето го смалува ризикот за кај нив да се појави рак за 59%.

Истражувачите велат дека доењето е еквивалентно на земање на тамоксифен во рок од 5 години - лекарство познато по тоа што го намалува ризикот од појава на рак на дојка кај жени со фамилијарна историја на оваа болест.

Досега на жените кои имаа висок ризик од рак на дојка им беше нудена профилактичка, односно превентивна мастектомија или тамоксифен вели Alison M. Stuebe од Уневерзитетот на Северна Каролина во Чапел Хил, кога го водеше истражувањето додека престојуваше во Биргам и Женската болница во Бостон. Оваа студија е навистина добра вест за жените со семејна историја на рак на дојка.

Во новата студија Alison M. Stuebe и нејзиниот тим следеле 60075 жени во период од 9 години. Жените во 1997 година пополниле прашалник за тоа дали го доеле секое од првите 4 деца, колку долго и дали користеле медикаменти за потиснување на лактацијата. Жените биле следени до 2005 г и за тоа време рак се појавил кај 608 од нив.

Испитувањето покажало дека жените кои имале во блиското семејство случај на рак на дојка (мајка, сестра или ќерка), а доеле барем едно дете во период од 3 месеци, имале за 59% помали шанси да заболат од рак на дојка пред менопаузата. Жените пак кои примаат тамоксифен или слични лекарства имаат за 50% помали изгледи да оболат од рак. Доењето немало удел во намалувањето на ризикот од рак на дојка кај жени, кои немале случаи на рак во блиското семејство.

Жените кои користеле медикаменти за супресија на лактацијата исто имале намален ризик. Ова можеби се должи на тоа дека кај овие жени не дошло до промени на ткивото на градите, што се јавува кога кај жените ќе почне лачењето на млеко, а не го дојат бебето. Сепак Stuebe вели дека врз основа на оваа студија жените не треба да почнат да земаат овакви медикаменти затоа што тие можат да доведат до низа на сериозни компликации како згрутчување на крвта.

Наместо тоа Alison M. Stuebe вели дека врз основа на студијата жените треба да се охрабрат да ги дојат своите бебиња.

Julia Smith, директорката на Лин Коен клиниката за жени со висок ризик на Универзитетот во Њујорк, вели дека резултатите од студијата се многу интересни, но дека не се завршен збор на темата доење и рак на дојка. Според неа треба да се направат и други испитувања за да се исклучат други фактори кои би можеле да доведат до намалување на ризикот кај групата на жени, кои доеле.