Брзи и вкусни јадења

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод Debora » 07 Дек 2011, 13:11

Трена фала за рецептата и ај те молам ако може појаснување за тие ко мене, колку време се пече отприлика? :ymblushing:
Debora
Администратор
Администратор
 
Мислења: 14404
Придружен: 22 Сеп 2009, 16:24
 Му се допаѓа: 6207
 Им се допадна: 4066

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод Trena » 07 Дек 2011, 13:18

Дебора печењето е индивидуално , во зависнот од шпоретот и јачината на струјата ,ама некаде околу 40 тина минути. (thumbup)
Trena
Домашен член
Домашен член
 
Мислења: 540
Придружен: 01 Ное 2010, 11:05
 Му се допаѓа: 0
 Им се допадна: 4

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод Debora » 07 Дек 2011, 13:22

Е фала (a2) Знам дека е индивидуално, ама јас ќе си се држам до рецепатата и колку пишува температура на толку си печам. (rolll)
Debora
Администратор
Администратор
 
Мислења: 14404
Придружен: 22 Сеп 2009, 16:24
 Му се допаѓа: 6207
 Им се допадна: 4066

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод Herra » 12 Дек 2011, 13:29

Lady D wrote:Лазањи

Потребни состојки:
- тестенина за лазањи ( јас купувам од Кам маркет)
- 200 гр.мелено месо
- една главица кормид
- Бешамел сос
- Болоњезе сос

* Бешамел сосот можете и самите да го приготвите:

Состојки:
- 40g брашно
- 40g путер
- 500ml млеко
- сол и црна пипер
- мелено индиско оревче

Начин на подготовка:
- Растопете го путерот во тавче на ниска температура. Кога ќе почне да се прави пена, додајте го брашното и оставете го да се готви 5 минути. Преку целото време мешајте брзо со дрвена лажица. Додајте малку од млекото. Ќе се формира каша со грутки. Потоа додајте го остатокот од млекото и мешајќи обидете се да добиете хомогена смеса без грутки. Додајте ги солта, пиперот и индиското оревче.


Подготовка на лазањите:
- Се потпржува меленото месо заедно со кромидот, потоа се додава направениот болоњезе сос и сето тоа се меша. Лазањите се варат 3-4 минути, само колку да омекнат, не да се сварат. Се приготвува бешамел сосот. Во тава премачкана со маргарин се редат лазањите, па се става со лажица бешамел сосот, па меленото месо со болоњезе, и пак лазањи..... На последниот слој лазањи се става само бешамел сос и се ренда кашкавал. Исто така јас одозгора ставам и буковец врз кашкавалот. Се пече на 220 степени.
Добар апетит (drool)


Gi isproba nekoj lazanjive? Jas planiram da gi napravam denovive pa ke vi pisam kako ispadnale ;-) Samo imam edno prasanje, kolku vreme da gi pecam na 220 stepeni (confus) ? Se izvinuvam na prasanjevo ako e malku glupavo, ama podobro da si prasam, neli?! (tongue)
Herra
Редовен член
Редовен член
 
Мислења: 271
Придружен: 12 Дек 2011, 03:13
 Му се допаѓа: 137
 Им се допадна: 22

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод Debora » 12 Дек 2011, 14:20

Herra wrote:Gi isproba nekoj lazanjive? Jas planiram da gi napravam denovive pa ke vi pisam kako ispadnale ;-) Samo imam edno prasanje, kolku vreme da gi pecam na 220 stepeni (confus) ? Se izvinuvam na prasanjevo ako e malku glupavo, ama podobro da si prasam, neli?! (tongue)

Ете, да не биде дека само јас прашувам овакви нешта. (jmp) (rolll) (a2)
Debora
Администратор
Администратор
 
Мислења: 14404
Придружен: 22 Сеп 2009, 16:24
 Му се допаѓа: 6207
 Им се допадна: 4066

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод Marina » 13 Дек 2011, 21:32

Палачинки со спанаќ

Состојки:
300 гр брашно
300 мл млеко
пола лажичка сол
3 јајца
спанаќ 450-500 грама ,свеж или замрзнат
малку бибер,мускат и сушен или свеж лук (последново по желба)

Ако земате свеж спанаќ:се мие и попарува со врела вода ,околу 5 минути се вари,се цеди
Замрзнатиот спанаќ се остава да се одмрзнува претходниот ден.

Состојките се миксираат,се прави густа смеса. Се додава спанаќот и се промешува,и или се пржат во тавче,или се прави една голема палачинка на плех и се пече во рерна.Јас ги пржев,кога се става дел од смесата во тавчето треба малку да се израмни со лажица или слично,бидејќи е доста густа. Се превртуваат ,кога се готови се јадат со сирење,јогурт,павлака...

Следниот пат ке ја испробам варијантата во печка,па ке пишам колку време и треба на палачинката (thumbup)
Marina
Домашен член
Домашен член
 
Мислења: 997
Придружен: 22 Мар 2011, 15:00
Локација: Giessen,Germany
 Му се допаѓа: 4
 Им се допадна: 22

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод ELIANA » 14 Феб 2012, 15:49

Еве еден рецепт за вкусна и здрава леќа од страната на 8ка:
За подготовка на 8 оброци потребно е : . . .

5 чаши вода;

1 ¼ чаша леќа;

1 главица кромид, сечкан;

1 црвена бабура, сечкана;

1 зелена бабура, сечкана;

3 моркови, сечкани;

1 лажичка суво оригано;

1 лажичка сув босилок;

½ чаша сечкан праз;

1 чаша доматен сос;

1 – 2 чешниња лук;

морска сол, бибер;

8 чаши варен кафеав ориз.



Подготовка:

Водата се зоврива и се додава леќата, кромидот, бабурите и морковите. Откога повторно ќе се доведе до пред вриење, се намалува температурата, се покрива тенџерето и се остава 30 до 40 минути, додека леќата не омекне.

Потоа се додава оригано, босилок, праз, лук, сол и бибер. Повторно се загрева до пред вриење, и повторно се намалува температурата, и така се остава околу 10 до 15 минути. Може да се додаде вода, ако е неопходно.

Се сервира со варениот кафеав ориз.

Е сега јас немав зелена бабура тоа не ставив, и праз немав. Не правев ориз. Оригано некако ми е одбивно во последниве години и тоа не ставив, ама сепак беше многу вкусна, и се зачудив босилекот колку убав вкус и мирис дава =P~ Исто така јас си ставав отприлика количински колку што мислев, и по вкус.
ELIANA
Редовен член
Редовен член
 
Мислења: 381
Придружен: 21 Дек 2009, 15:32
 Му се допаѓа: 2
 Им се допадна: 17

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод zizel » 17 Феб 2012, 22:19

eve edni ubavki i brzi pogacici:

Kompirushi

500gr kompiri
500gr brasno
eden kristal margarin
ramna lazica sol
ramno malo lazice seker
eden svez kvasec
morsko orevce malce (po izbor)

Se varat kompirite i otkako ke se svarat se lupat (mene me mrzese posle da gi lupam pa gi izlupiv prethodno i na kocki pobrzo gi svariv). Taka kako kockicki se isceduva celata voda od niv i se dodava margarinot i se gmeci so gmecalka za pire. Koga ke se soedini smesata se dodava kvasecot (posto e toplo od kompirite brzo ke se rastopi taka da nema potreba da go rastvarate vo voda), solta, i sekerot. I na kraj se dodava brasnoto i se zamesuva ubavo testo. Se pokriva i se ostava da stoi vo frizider 1 saat. Posle se kinat topcinja i se splosnuvaat i se stavaat vo podmackano tavce i se pecat na 180C okolu 30 min (ama zavisi kako vi pece rernata moze na nekoj ke mu treba poveke vreme na nekoj pomalku). I voila (thumbsup)
Ako ste pogolema familija naprajte dupla doza.
Mene mi izlegoa vkusni(steta sto ne mozev mnogu da gi jadam) duri i sinceto mi pomagase. (thumbup) (thumbup) (thumbup)
zizel
Редовен член
Редовен член
 
Мислења: 308
Придружен: 18 Апр 2010, 10:46
 Му се допаѓа: 1
 Им се допадна: 3

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод Debora » 24 Феб 2012, 14:20

Бамби лазањи (thumbup)

Re: кафе муабет

Испратиby Bambi » 24 Феб 2012, 11:58

Рецептот е лесен и едноставен :
Едно паковање лазањи ( јас обично користам или Дивела или Барила )
една главица кромид (средна големина)
300гр мелено месо
400гр шампињони
500гр доматен сос - Томатело (препорачливо е да е италиана состав)
Прво се запржува кромидот сецкан на ситни коцки,потоа му се додава меленото се пржи,потоа печурките се додаваат и на крајот Томатело сосот,се става малку оригано и црн бибер и сол.
Бешамел сос се прави во друго тенџере,мислам знаеш како се прави (малку брашно,путер и 1кг млеко)
Потоа во тава правоаголна се реди ред лазањи,се полева со бешамелот,па сосот,потоа пак лазањи и се реди така додека да се потрошат лазањите.Некаде на средина се додава кашкавал и на крај скроз откако ке ги наредиш лазањита кашкавал ставаш.Се печи на 180 Ц 40мин во покриена тавата со фолија,на крај фолијата се вади и се остава уште 5 мин да се стопи горни кашкавал.
Поздрав и добар апетит
Debora
Администратор
Администратор
 
Мислења: 14404
Придружен: 22 Сеп 2009, 16:24
 Му се допаѓа: 6207
 Им се допадна: 4066

Re: Брзи и вкусни јадења

Испратиод malenaD » 24 Феб 2012, 16:09

Trena wrote:
ПИТА СО ПРАЗ

Питата со праз се подготвува идентично како домашниот бурек , само што наместо месото и кромидот за фил се користи 1-2 страка праз

Сакав само на ова да се надоврзам и да ви кажам нешто што јас го научив од мојата свекрва, за да не ви мириса дома кога ке се запржува празот можете да го прескокнете тоа со тоа што празот само посолете го и со рака мешајќи гмечете го и кога ке го ставите во пита или бурек и испечете има мн убав вкус исто како да сте го пропржиле празот пред тоа.
malenaD
Форумски домаќин
Форумски домаќин
 
Мислења: 1576
Придружен: 03 Мај 2011, 10:30
 Му се допаѓа: 468
 Им се допадна: 277

ПретходнаСледно

Return to Рецепти и готвење

Кој е присутен

Моментално присутни на овој подфорум се: Нема регистрирани корисници и 2 гости