


Kjara wrote:Пица ролат
Потребно :
- 500 гр кори за пита
- 250 гр шунка
- 250 гр кашкавал
- 400 гр маринирани шампињони
Јас правам два ролата. За еден ролат се редат 4 кори и се премачкуваат со кечап. Врз нив се става ренадниот кашкавал. Потоа се редат уште 4 кори и повторно се премачкуваат со кечап а врз нив се ставаат шунката и печурките попрскани со оригано. Се прави ролат. На ист начин се спрема и вториот. Се матат две јајца со павлака и се премачкуваат ролатите и повторно се става оригано. Се печат 30 мин на температура од 200 степени.

Не ја прскам секоја со зејтин зашто и онака се доста тенки па нема потреба , ставам две кори па кечап и рендан кашкавал па пак две кори кечап и шунка со печурки. Излегуваат два ролата.


Па јас од тука си видов мн работи, ајде не ме оставајте да го оставам мм без ручок, треба да има сила - фебруари уште трае.



Ќе ја префрлам во блага и торти со другата торта. Да си знаеме каде да ги бараме. Фала Пеперутка, ова ми е еден од омилените делови на форумов. 






Моментално присутни на овој подфорум се: Нема регистрирани корисници и 1 гостин