Цртање и боење

Се за дечиња од преучилишна возраст, цртање, боење, играње, градинки и наши искуства и совети.
Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.

Цртање и боење

Испратиод fifi » 09 Мај 2010, 11:45

Колку ви се дечињата заинтересирани за цртање и боење?

Мојата керка кога беше некаде година дена прв пат кога фати молив го држеше сосема правилно и баш како што треба, сама без ничија помош и учење. Ние мислевме дека се крие некој уметник во неа баш поради тоа, но се ми изгледа дека прилично сме се излажале. Сега има три и пол години и сеуште не е заинтересирана ни за боење ни за цртање. Ќе почне да бои кога ќе избега боичката од границите се откажува веднаш. Многу ретко фаќа да црта и ќе нашкраба нешто и потоа мене ќе ме тера да сум и цртала, она не знаела и несака да се труди да научи. Во стилот незнам јас ти знаеш ти цртај. Јас незнам како да ја поттикнам, имаме боенки, имаме оние работни тетратки пиши бриши, од интернет печатам листови за боење од нејзините омилени цртани ликови и ништо не дава резултат. Едноставно пет минути ќе се обиде кога нема да успее се откажува и мене ми дава.
Незнам што да правам :? Совет (confus)
fifi
Нов член
Нов член
 
Мислења: 11
Придружен: 03 Мај 2010, 18:12
Локација: тука сум
 Му се допаѓа: 0
 Им се допадна: 0

Re: Цртање и боење

Испратиод Annabel » 10 Мај 2010, 09:40

Мислам дека не треба да се форсира детето. Само постепено ќе си научи како треба.

И нас Ива не тера да и цртаме. Исто и таа ја држи правилно боичката. Некни го црташе Ноди, и се обиде да го бои откако и објаснав како, ама само 1-2 пати не излезе од линијата и почна да шкрта низ цел лист (smile) .

Мене пак некогаш ме фаќа нервоза од нејзините барања: "Мамо ај нацртај ми маче, куче...." И цртам мачиња, кучиња 15-20 минути, ама после ми иде да вриштам, не знае за доста, уште недоцртано мачето, ај сега куче нацртај ми (laugh1)
Annabel
Домашен член
Домашен член
 
Мислења: 672
Придружен: 09 Ное 2009, 22:21
 Му се допаѓа: 0
 Им се допадна: 10

Re: Цртање и боење

Испратиод Petra » 10 Мај 2010, 15:42

И мојата ќерка кога беше на пред училишна возраст ми викаше да и бојам и цртам. И во боенките кога боеше и кога ке излезеше од линијата го шкрташе листот. И ми викаше дека она не боела убаво. А и сега понекогаш знае да го направи тоа. Кога црта за на училиште понекогаш ми вика дека она не знае да бои и црта и не си бендисува. Се споредува со мене и се разочарува. Многу ми е мака поради тоа. Гледам секогаш да ја охрабрам, да и укажам дека за нејзината возраст прекрасни се цртежите. Дури и ако не е талентирана за цртање ништо страшно. И кажувам дека сите ние си имаме посебен дар. Рзговараме дека само со упорност,со труд и вежбање можеме да постигнеме резултати.
Petra
Модератор
Модератор
 
Мислења: 3397
Придружен: 17 Ное 2009, 21:50
Локација: God's Kingdom
 Му се допаѓа: 1384
 Им се допадна: 963


Return to Предучилишна возраст

Кој е присутен

Моментално присутни на овој подфорум се: Нема регистрирани корисници и 1 гостин

Loading