Драги Детелина и Cooper,ви благодарам за тоа што го споделивте вашето искуство со мене. Да ви кажам, јас ги правев сите неопходни испитувања пред ин витрото вклучувајќи и ХСГ (тубите ми се проодни), значи не почнав туку така. Кај мене се е во ред бактериолошки, немам никакви воспаленија, матката е одлична, само имам проблем со јајниците - имено, не се продуктивни и не реагираат добро на стимулација затоа што очигледно имам послаба оваријална резерва на јајце-клетки. За жал, Фондот овој проблем не го вбројува во апсолутните мед. индикации за ин витро, па така без да направам 4 инсеминации не можам да добијам одобрение од нив. Од друга страна пак, кај мене инсеминациите се безигледни затоа што само ќе го доцедат јајниците, а нема да доведат до саканиот резултат. И така, угоре високо, удолу длабоко. Ама што да се прави. Ова денес го разговарав со докторот кој беше многу фин и ми објасни се убаво.
Финансиски не сум во можност за уште едно ин витро на приватно, а моментално не можам ни да почнам со инсеминации (кои ќе се реда ради, само за да ја исполнам бројката што ја бара Фондот) бидејќи и за нив треба пари + секогаш има дополнителни трошоци. Затоа здравје. Моментално сакам да се релаксирам - овие две недели дома ми беа ужасни,никаде не можев да излезам бидејќи бев на боледување, нели се со цел да успее трансферот. Ама ете, ништо. Размислуваме и за посвојување...
Детелина, ти правеше ин витро на приватно, нели? Не ми е јасно зошто ниту една клиника не е транспарентна со цените, еве ти велиш 31000 ти фатило со пункција без трансфер, значи со трансферот вкупно 61000 без замрзнувањето.Па тоа е многу поевтино отколку мене што ми излезе - јас правев кај Органџиски и еве како беа цените: до пункција ( со вклучени 4 фоликулометрии, 1 хормони, 40 инекции Фостимон=56000, Супрефакт=2500, две инекции Хориомон=1000)ми излезе 59500 и плус ембриотрансфер=68000, значи се вкупно со трансфер = 127500. Многу е. Плус тука не ги вклучувам трошоците за пат, за контрацепција, Утрогестан и испитувањата кои ги правев и кои отприлика ми фатија 30000, можеби и повеќе. Затоа ме чудат цените во Ремедика.
Од докторите сум многу задоволна, тие многу професионално си ја завршија работата, ама што било пишано тоа ќе биде.
Драга Маринела, сега видов дека имам одговор и од тебе. Душо, проблемот е тоа што мене тубите ми се проодни (ХСГто го покажува тоа), но како што ќе прочиташ погоре друг е проблемот кај мене - јајниците не работат како што треба. Докторот вели дека овој проблем не спаѓа во апсолутните медицински индикации за ин витро и затоа морам да направам 4 инсеминации реда ради, колку да ја исполнам бројката што ја бара Фондот. И јас се прашував нели е нелогично и неетички да се оди по протокол кога се знае дека нема да даде резултат, но еве тој така вели.
Поздрав до сите, кој си забременил нека си има лесна бременост и да се радува, а другите да не губат надеж!
