Исцедок во бременоста

Бременост, прегледи во бременоста, качување на тежина, проблеми во бременоста, искуства и совети за здрава бременост,

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Одговори
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by Lejla7 » 24 Jul 2013, 19:27

Да се надоврзам и јас на муабетов - и кај мене уште од втората недела по трансферот има воденикав безбоен исцедок. Ме примате во клубот на подмочаните? (rolll) (rolll) (rolll)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by carina » 11 Aug 2013, 17:13

девојки не знам како да ве прашам :ymblushing: ,дали се подмочувате кога кашлате така појако? мене ова ми се случува од почеток на бременост...не се секавам дали ми се случуваше ова :-? со керка ми

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by Радост » 11 Aug 2013, 17:24

Дa carina :ymblushing: затоа и не можам без дневни улошки колку и да не се паметна идеја ...

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by carina » 11 Aug 2013, 18:19

фала на одговорот радост (a2) ,а ти се случуваше ли во рана бременост или откако ти нарасна мешето?вчера многу се загрижив,се закашлав така појако,се задавив со вода и отиде се без контрола :ymblushing: .барем ја насмеав керка ми (rolll)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by Радост » 11 Aug 2013, 18:49

И мене ме насмеа. (rolll) Јас исцедок си имам уште од 6-та недела, некогаш е поизразено помочувањето, некогаш помалку ... А брисевите ми беа чисти, дури ни кандида не покажа и затоа и ми рекоа дека се тоа е нормално. Освен што е непријатно де. (laugh1)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by ripcence » 02 Oct 2013, 15:20

Ме јаде еден црв од синојка, од вчера почна некој исцедок да ми тече, темно жолто е, окер боја, реков ајде ми се одеше во тоалет па трпев до дома од тоа е, ама еве гледам и денес пак цело време посебно кога ми е полна бешиката го осеќам како тече како кога имам добиено, ставам дневни ама и таа сега ми пропуштила, не се сеќавам дека во претходните бремености сум имала вакво нешто. Нормално е или да и отидам утре на докторкава(ќе и се стемни кога ќе ме види) (confus)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by Радост » 02 Oct 2013, 15:33

Рипченце и јас сум иста и тоа уште од 8-ма недела. Успеав да се смирам кога сите брисеви беа негативни. Како минуваат неделите така и тој се зголемува ама искрено никогаш ми нема пробиено преку дневна улошка ... сакам да те смирам ама не знам дали и двете низ истото минуваме. (confus)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by ripcence » 02 Oct 2013, 15:43

Епа и за тоа се плашам, кај мене не беа сите брисеви негативни, а не ми даде ништо освен вагиналетите, после тоа не ги повторивме брисевите, рече нема потреба на ехо се си е во ред. (confus) Ќе почекам до утре, ако вака продолжи ќе отидам. Не е дека претходно немав исцедок, имав ама не со ваква боја и не толку многу, а може ми е од вчерашниот стрес.
Фала ти Радост. (a2)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by Радост » 02 Oct 2013, 15:47

И да, нагласи и дека сакаш пак брисеви да ти земе. Јас не знам што им е филмот што земаат само на почеток и во 35-та недела. Ако треба и нека ги наплаќаат ама нека не ти вика на ехо си е во ред. Вагиналните ги даваат без проблем ама за брисеви прават галама. Се напнав. (ner)
И ич да не ти е гајле дали коса ќе и се кренело кога ќе те види.


(a2)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1168 пати

Re: Исцедок во бременоста

Post by Happy^_^ » 30 Oct 2013, 15:02

Не ми се смејте ама дали и бремените жени имаат плодна слуз? (rolll) (rolll)
Од денес би ми почнувала овулација и имам на тоалетот малку лигаво проѕирна слуз која што обично ја имам после овулацијата (pipi)

Одговори

Return to “Бременост”