Ултразвучни прегледи

Кои испитувања е потребно да се направат во бременоста. Совети и искуства за здрава бременост.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Emilija85
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 20 Nov 2012, 16:33
Му се допанале: 63 пати
Им се допаднал: 73 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by Emilija85 » 13 Jun 2013, 10:01

Не можев да не се замарам со мојата матична, кога ќе излезам од кај неа целата сум ваква (confus)
Едноставно ме збунува, бидејќи или не кажува ништо или ќе каже нешто, со прашалник на крај, несигурно...не сум некоја паничарка, може така ви изгледам ама едноставно, сакам да знам на што сум, последниот преглед едно исто повторуваше, има калцификати на постелката, има калцификати?! (калцификати нели значи дека постелката старее)и таа беше збунета дека нели д-дмерите и хемостазата се ок, и едноставно не знае што да прави, така барем звучи и плус на секое ехо плодот беше 4 дена напред, сега после само 2 недели беше 4 дена назад, за мене 8 дена заостанување во развојот за само 2 недели не ми беше прифатливо, уште повеќе што докторката едноставно не те следи константно, секое одење си е посебно за себе... Мислам вчера се уверив, дека не сум јас за кај неа, бев кај друг доктор ме гледаше на ехо и видов што е професионалност во секоја смисла на зборот. Според него постелакта моја нема калцификати, го мереше плодот е супер, мерките одговараат до ден, стомачето исто одговара со сите други мерки... сега не дека човекот е професионалец зашто само убави работи ми кажа, се гледа дека е сигурен во тоа што го гледа човекот, услови за работа, апаратура се, прв пат го видов плодот убаво, и носе и раце и се. Во понеделникот зјапав во еден замрчкан екран, ми даде слики со замачкани црни бели линии и си мислев дека тое е заради мојата постелка со калцификати (sad1)

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by Sashka » 13 Jun 2013, 10:16

Епа супер што се е како што треба, убаво што си нашла салам д-р, не знаев дека матичната ти била толку "способна" (smile) . Битно сега можеш да се опуштиш, а и да си ја смениш матичната (smile)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by Радост » 01 Jul 2013, 09:27

Веројатно оваа е соодветна тема за да прашам. :) Повеќе од возбуда одошто од друго. (laugh1) Во среда сум кај Адамова на првиот скрининг во 12-та недела. Па сакав да ве прашам дали прегледот е како претходните и колку време трае? Зошто досега секогаш кратко ми беше гледањето на тоа малото чудо во мене. :)

Ако звучам неписмено, не замерувајте. (rolll)

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by anabejbi » 01 Jul 2013, 09:43

Радост, прегледот трае малку подолго од вообичаениот, го мерат бебушот, ќе добиеш и повеќе сликички од него а можеби и полот ќе го дознаеш.
Со среќа, па чекаме да не известиш како сте поминале.

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by maried » 01 Jul 2013, 10:50

За полот во 12 недела и не сум баш сигурна, ама ништо не се знае (smile) (smile) Иначе прегледот е малку подолг од претходните, со тоа што ова е скрининг во 12 недела за даунов синдром, се мерат неколку параметри и тоа нухална транслуценца, се гледа подвижноста на бебето и неговиот раст (smile) (smile) Те чекаме да не израдуваш со убави вести (smile) (smile)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by Радост » 01 Jul 2013, 10:53

За полот јас веќе "знам" дека ќе е девојче, тоа од преголема желба си зборувам веќе во женски род. :))
Фала ви многу за одговорите и желбите (kup), ќе ве известам за се детално. А и веројатно е нормално што имам некој потаен страв, како цело време да сум под стрес кој не го покажувам. Ама бебето ќе го видеме дека е супер, верувам. (bu)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by Радост » 03 Jul 2013, 20:40

Знам дека ме мислите, па само што влегов дома седнав да ви пишам, па ќе одам на прошетка.

Го гледавме бебето. (rad) (rad) (rad) (rad) Сонце на мама колку е мрзливо, десет минути не сакаше да мрдне за да може да го мери докторката, само рачето го креваше. Па ме стана Адамова да прошетам, пак ништо си лежи. Па ми рече да се свиткувам неколку пати како за стомачни и конечно мрдна. Не што мрдна туку почна салто да прави. (rolll) Јас не знаев што со себе тој пола саат, на глас се смеев. После толку години го гледав моето бебе, кое има по 5 прстиња на рачињата и на ноџињата. Има оформена жолчка, бешика, плодова вода, папочна врвца и се е супер. (joy) Мереше нухален набор и е 1.2 см што било супер. Го гледаше и главчето и тоа е супер, мозочето е поделено на два еднакви дела. (joy) Не знаев што ми се дешава од убавини, па уште кога кажа и дека срценцето чука со 164 откуцаи, на радостта и немаше крај. (rad)
Мрзливото бебче одговара за 11+5, следен скрининг кај нејзе ми е на 20 недела, следна контрола кај Ефремов за 4 недели. Брисеви кај матичната во понеделник ќе земам, а во сабота пак треба да отидам до Ремедика за резултатите од Приска. Јас искрено немав намера да правам, зошто си викав уште кога останав бремена дека не дај Боже ако има и Даунов синдром, јас ќе си го чувам. Ама луѓе толку бев многу среќна и возбудена, што воопшто не бев свесна зошто сестрата ми зема крв. (rolll) Сфатив кога отидов да наплатам. (rolll)
Докторката два пати ме пофали, дури и на сестрата и рече дека одамна не видела толку позитивна пациентка. Да знае она јас низ што се поминав за ова бебе, не би се сомневала зошто сум ваква. :)

Мислам дека се ви кажав што се однесуваше на бебето. Фала ви на сите што сте овде додека паничам, зошто не ветувам дека тоа ќе се измени до крај на бременоста. (laugh1) (kup)

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by anabejbi » 03 Jul 2013, 20:49

Радост, (rad) се радувам за тебе и твоето (b4) баш сум среќна што се е добро со него. И се мислам и јас да закажам кај Адамова за скринингот во 20г.н.
Останете си добри до крај на бременоста (bu)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by Радост » 03 Jul 2013, 20:52

Анабејби, фала ти, ти посакувам и тебе се по книга да ти е до крај. (a2) Инаку јас сум презадоволна од докторката, прв пат бев кај нејзе ама беше исто насмеана како и јас. Објаснува се многу детално и на сите прашања одговара со полно внимание. Јас искрено би ја препорачала на сите кои веќе немаат одлучено.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Ултразвучни прегледи

Post by Debora » 03 Jul 2013, 20:54

Радост каква радост зрачи од твојот пост. (love5) Јас се смеам додека го читам, секогаш да си бидете така добри и радосни. (a2)

Одговори

Return to “Испитувања во бременоста”