Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Здравје и компликации во бременоста. Совети за здрава бременост, наши иксуства и како да се избегнат и надминат компликациите.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Post by Lejla7 » 31 Jul 2013, 09:25

И не е. Повеќе отрови ќе најдеш во пржената храна, а отвори во рецепти да видиш што се има таму. Ама тоа се премолчува.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 869
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 550 пати

Re: Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Post by Sashka » 31 Jul 2013, 21:23

Ај да си дадам мое мислење на темава (smile)
Јас не би користела секојдневно. Ако е инцидентно, можеби, ама постојано во никој случај. Стварно немам доверба во фармацевтските компании , не после толку работи што излегуваат во јавност после години од пуштање во употреба на некои лекови и препарати. Е сега, кој како ќе си реши. Тоа е мое мислење и ниту сакам да го наметнам некому, ниту пак некој да ме убедува дека е 100% сигурен во спротивното (smile)
Значи на она што можам да припазам ќе припазам...Не им верувам ниту на КокаКола и сл компании, и не пијам такви пијалоци сега, не користам млеко за тело ( како замена си земав масло од кокос, природно е (thumbsup) ), не ги сакам купечките блага, чоколади и сл. И сметам дека е подобро да јадам пржено, макар што и тоа не е често, отколку некои готови намази и слично што се преполни со емулгатори. Ама тоа е мој став и се разбира има работи кои знам дека се штетни и ги правам, ама признавам дека се штетни и тоа е моја свесна одлука.
Lejla7 wrote:И не е. Повеќе отрови ќе најдеш во пржената храна, а отвори во рецепти да видиш што се има таму. Ама тоа се премолчува.
Ова звучи како некој заговор (rolll) Сите имаме читано за пржената храна...не знам што се премолчува...пак ќе речам, секој со сопствената глава и размислување...никој не е изолиран 100% од штетните работи, ама убаво е барем да бидеме свесни со што се храниме, мачкаме итн , па одлуката е лична, на што ќе припазиме и со што ќе се опуштиме (smile)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Post by Lejla7 » 01 Aug 2013, 12:30

Мислам дека е бесмислено повеќе да спориме на оваа тема, лична одлука е кој што ќе користи, колку штетни работи прави и колку е свесен за тоа. Јас сакав да кажам дека и тие што се 100% против Аутан или било што друго, од друга страна користат нешто штетно, значи бесмислено е да зборуваат категорично ПРОТИВ. А ништо не е 100% природно, дури и кокосовото масло освен ако сама не го исцедиш од оревот ама од кај знаеш од каде дошол оревот и како бил транспортиран за да се зачува, така да ... џабе ни е муабетов.

Можеби некому ќе му се најде оваа информација: ви спомнав дека најдов репелент на Чико, кој е ефикасен во одбивање и на тигрести комарци, а може да се користи и за бебиња над три месеци и за бремени жени (наведено е во упатството за употреба). Малку е поскап, околу 400 ден. е. На природна база е (Eucaliptus maculata citriodora или lemon eucaliptus oil), без бои и алкохоли. Исто така најдов и крем од Галафарм на база на масло од лимонова трева (Citronella oil или lemongrass oil), се вика Цитрогала и чини 136 ден., ама некако јако ми мирисаше и го оставив. Рол-он-от на Чико го пробав синоќа, само на стапалата оти бев во панталони и ефикасен беше, поминав без убоди. Нормално, кога се вратив дома, убаво си ги измив стапалата и местата на кои го нанесов.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Post by Debora » 01 Aug 2013, 13:21

Значи си нашла готов препарат на база на есенцијални масла (thumbup) Јас пак во маслиново масло капнувам неколку капки масло еукалиптус и други масла што можеби не смеете да ги користите.
А за кокосовото масло, да природно е. (освен ако не се изнајдат генетски модифицирани кокоси (fr) ) И јас користам ладно цедено, без додадени растворачи. Корисно е за здравјето кога се има во исхраната, не може да се спореди мачкање со него со сите хемикалии од многу готови препарати (за многу од нив научно е потврдено дека се апсорбитаат преку кожата и го нарушуваат хормоналниот баланс итн).
Еве интересен линк за тоа кои состојки во козметиката да се избегнуваат во бременоста http://www.babycenter.com/0_safe-skin-c ... 1490031.bc

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Post by ripcence » 03 Aug 2013, 21:46

(confus) Ме ставивте во дилема, јас користам аутан, ако ме касне комарец потекувам многу, па недај боже да ме касне за лице на работа ќе треба да одам издеформирана во лицето...

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Post by Lejla7 » 07 Aug 2013, 11:48

Не можам да разберам никако зошто упорно некои работи се гледаат црно-бело: значи, кокосовото масло е 100% природно (бело), а Аутанот е црна работа, хемикалија. А бе луѓе постои и сива зона.

Многу го ценам твоето мислење Дебора, ама од каде знаеш ти дека кокосовото масло што го користиш е 100% природно? Така пишува на етикетата, или тоа го гарантира продавачот? Ако сме скептични и претпазливи, ајде да бидеме претпазливи за се, без селективен пристап. Етикета може било кој да стави, ова е сепак Македонија. Па и да не сме во Македонија, кој ми гарантира дека е нешто 100% природно? Ако ја одгледуваш палмата сама, го израснеш тој кокосов орев без да е ГМ, и ладно го исцедиш - пак не е гаранција. Околината не е здрава за да е нешто 100% чисто и природно. Природно и безбедно мене не ми се синоними.

Ако Сашка избрала да му верува на својот доктор кој и кажал дека клекнувањето е опасно, а ти си избрала да веруваш дека некој лек што го примаш ти носи поголем бенефит отколку штета и покрај тоа што реално лекот е хемикалија, можеби и повеќе од Аутанот, зошто јас да не му верувам на лекарот кој ми кажал дека е во ред да користам Аутан за да се заштитам од комарци? Зошто? Како може да не ви претставува ризик западно нилската треска, маларијата, па и менингититот што може да го предизвикаат тие знаејќи дека трудниците се со намален имунитет?

Само на 5 минути да ве затворам на мојава тераса после 8 часот вечерта ќе сфатите за што ви зборувам. Не се работи за еден или два комарци, се работи за роеви. Буквално РОЕВИ. Сме ставале и босилек на терасата, и сме ја прскале со разни средства, и ништо. Сме пробале и со „природни“ нешта. Џабе. Значи те напаѓаат и точка. Од тој рој секако ќе се најдат неколку поупорни за да ти зададат 5-6 убоди за неколку минути. Ако треба и на лице ќе те боцнат, ако другите делови на телото ти се заштитени. Секаде имаме мрежи (комарници) ама верувајте и од влез те начекуваат и се пикаат дома. До декември месец ги има, си чучат во ходниците на зградата и само демнат кога некој влегува и излегува за да се мушнат внатре и да те напатствуваат. И сега јас не треба да бидам претпазлива знаејќи што пренесуваат комарците? Или да се сметам за неодговорна затоа што сум се намачкала со цел да се заштитам од нешто што ми е искрено поголем ризик? Ве молам, не сте се соочиле со вакво нешто и затоа не ме разбирате.

Нели кажавме - секој сам да си ги премери ризиците и ползата?

И не се срамам - користам и лосион за тело, и паста за заби, и крем за лице, и крем за околу очите, и прашок за перење, и омекнувач, и таблети за машина за садови и многу други купечки хемиски работи. И не планирам да се откажам. Не верувам дека трудниците се откажуваат од овие работи. Ако е така, ај да се откажеме и од компјутерот, колку зрачи тој, па апаратите во домаќинството, каде е електромагнетното зрачење од нив? Вака можеме да редиме до бескрај.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Смеат ли бремени жени да користат Аутан?

Post by Lejla7 » 25 Jul 2016, 15:54

http://www.kanal5.com.mk/mobile/vesti_d ... ?ID=102459

Детенце зaбoленo oд Нилскa трескa вo Струмицa. Дa се знaе сaмo кoлку кoмaрци имaме тукa. И не се бaш безoпaсни.

А нaместo Аутaн препoрaчувaм Чикo спреј или рoл oн прoтив кoмaрци. Пoгoден зa бебињa пoстaри oд три месеци и бремени жени, нa прирoднa бaзa.

Одговори

Return to “Здравје и компликации во бременоста”