Породилно отсуство

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Породилно отсуство

Post by Annabel » 16 Nov 2009, 13:51

Дали има некој информација колку трае породилното отсуство. Се зборуваше дека ќе трае 12 месеци. Дали има нешто од тоа?

MAMA_M
Член
Член
Мислења: 102
Придружен: 14 Nov 2009, 20:32
Им се допаднал: 1 time

Re: Породилно отсуство

Post by MAMA_M » 17 Nov 2009, 14:10

сеуште е по старо, само девет месеци....еве јас ги користам последните денови од породилното. го отворив 22 дена пред породувањето

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Породилно отсуство

Post by Ana.I » 25 Feb 2011, 23:58

Имам едно прашање за кое можеби требаше да отворам нова тема,но ке го поставам овде

Доколку има на форумов некој што работи како сметководител во приватна сметковотствена фирма или доколку има вакво искуство како моето,ве молам пишете ми

Денес добив телефонска информација од газдата на работа дека во деновиве треба сама да ја однесам потврдата од гинекологот за породилно боледување во сметководство затоа што ке сум требала да помирам таму некои сметководствени услуги во вредност од околу 2000 или 3000 денари.Го прашав за што е тоа плакање пошто до сега не сум слушнала на никој да му бараат вака паи и одговорот беше-епа ако сакаш на време да ти ја средат документацијата за сите 9 месеци додека си на породилно и да не ти каснат со поднесување на документите или било какви други проблеми,ке си платиш.

Штооооо (scared) (scared) (scared)

Јас не се разбирам многу,но ова не мириса добро,или сака некој да си стави пари во џеб-да ме искористи или газдата не сака да си ги подмири неговите сметководствени трошоци,друго не разбирам што би било.Утре маж ми ке оди кај некој луѓе да се распраша за што станува збор,па ке видиме каква работа ке испаде,ама овде мене нешто не ми звучи нормално.

Ве молам ако знаете да ми одговорите-ви благодарам

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10961
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5756 пати
Им се допаднал: 3528 пати

Re: Породилно отсуство

Post by Debora » 26 Feb 2011, 00:51

Ана.И распрашајте се убаво, овака звучи како газдата да сака да избегне трошоци. Пиши што ќе ти кажат. Неверојатно е какви се глупости можат да смислат луѓето. (hair)

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Породилно отсуство

Post by Ana.I » 26 Feb 2011, 01:12

И мене така ми изгледа Дебора,јас на неколку места се распрашав денес и ми викаат дека јас не треба ништо да плаќам,ама ако газдата се договорил со нив он да се ослободи од трошоци и јас да си ги платам сама ке сум немала друг избор.Само највеќе ме иритираше кога ми рече дека 50 евра не биле многу пари,а за мене со 10 500 плата и тоа како се многу пари.
Ќе одам и дирекно во сметководство од понеделник со маж ми,па ке видиме што ке направиме,ама веќе преку глава ми е од коштаплерски работи.

Ако некој знае нешто повеќе за ова,ве молам пишете ми,сакате тука,сакате преку лична порака.

kikica
Редовен член
Редовен член
Мислења: 251
Придружен: 10 Aug 2010, 09:08
Им се допаднал: 10 пати

Re: Породилно отсуство

Post by kikica » 26 Feb 2011, 19:21

AnaI i jas sega sreduvam za porodilnoto, do sega ne mi pobarale ni denar edinstveno sto mi pobara smetkovoditelot bese Izvastaj od maticen ginekolog smetkite si gi podmiri gazdata kako sto gi podmiruva site drugi smetkovodstveni raboti dosega. E sega izgleda ti si popadnala da nezgoden gazda i plus necovecen sto od tebe bara pari bas sega koga znae deka ti se najpotrebni so ogled na toa deka parite od porodilnoto gi kasnat 3-4 meseci znaci tebe ti trebaat tie 3000 sega ako ne drugo barem osnovnite trosoci da si gi podmiris, vloski i peleni da ima da kupis. ehh se nerviram koga ke slusnam vakvi raboti, no tvoe e sega da mislis samo na bebceto i da ne se sekiras prasajte si i nekoj advokat dali imate osnova da tuzite?? i uste nesto, na sekoja prvorodilka i sleduvaat pari okolu 4500 denari, samo treba vednas po poroduvanjeto da podneses dokumenti prvite den-dva!!! prasaj si i za toa ako ne si prasala do sega. pozdravce (a2)

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Породилно отсуство

Post by Ana.I » 26 Feb 2011, 20:48

е драга Кикица,денес газдата се крие од мене да не кажам како што,бидејки јас вчера бурно му изреагирав,игледа не го очекуваше тоа од мене,ама се зезнал.Денес не можев ништо да се распрашам бидејки повекето сметководствени бироа не работат во сабота,ама од понеделник нема така да ја оставам работата.На крај краишта не е проблемот толку за 50 евра,што за жал во моментов ги немам ама ке се снајдам,само не сакам никој да прави будала од мене.
Само не знам кај ке им оди душата на овие приватњациве.....страшно

Marija
Нов член
Нов член
Мислења: 40
Придружен: 24 Oct 2010, 10:00

Re: Породилно отсуство

Post by Marija » 27 Feb 2011, 23:50

Ana stvarno zalam za tvojata sostojba! a be so ova gazdive da se poremetis, ama nema arno ni toj da vidi. Sigurno izbednuva trosoci. Tuku ako sakas kazi kade rabotis? Ti posakuvam lesno poroduvanje ubavo trudnicko otsustvo i posle da si najdes podobra rabota!

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Породилно отсуство

Post by Ana.I » 28 Feb 2011, 17:10

Само да ви се пофалам,од утре сум официјално на породилно боледување,инаку денес газдата во последен момент нешто се премисли,ми вика не треба ништо пари,јас ке ги средам документите,изгледа не сакаше да се сретне со маж ми денес,бидејки маж ми сакаше да дојде и да поразговара малку со него.Како и да е,се надевам дека нема нешто да ме зезнат и овој месец дена или колку ке бидат ке се уживам во подготовките за доаѓањето на моето бебушче.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Породилно отсуство

Post by Petra » 28 Feb 2011, 18:19

Ana.I навистина се радувам што од утре ти започнува породилното отсуство и да не се осмели да те зезне газдата на фирмата оти (fr)
Овој месец нека ти помине многу убаво и радосно во последните подготовки за доаѓањето на најсаканата личност (lovet) и остатокот од породилното да си поминете најубаво со твоето душиче. (b7) :-*

Одговори

Return to “Породување”

Кој е присутен

Овој форум го гледаат: Ниту еден регистриран член и 1 гостин