Page 2 of 5

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Posted: 12 May 2014, 21:23
by saska075
Филигран убаво ме потсети за Бракстон Хиксови сега баш ќе прочитам повеќе за нив, сум слушнала ама не ми текна да прочачкам низ интернентов.Срцка си (lovet)
Кукличка има да частам мекици само се да се заврши добро. Јас стварно едвај чекам да си ја видам срцката. Но знам дека ќе се породам со царски бидејќи претежно тие што се со ИВФ оделе на царски. Барем мене така гинекологот ми кажа.

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Posted: 12 May 2014, 21:50
by Filigran
Леле Сашка и јас така слушнав за царскиот. А јас пак мислев и сакам природно??? Ај со лесно, велат чим влегуваш во 9 месец може да биде секој момент. Само здрави и живи...... (bu) (big-hug)

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Posted: 12 May 2014, 22:06
by april21
Сашка 075, тоа што си забреминила со ИФВ не мора да значи дека мора со царски да се породиш. И јас забременив по пат на ИВФ па се породив природно. Сепак одлуката е твоја и на докторот и прави како што мислиш дека е најдобро.

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Posted: 12 May 2014, 23:56
by Радост
И јас ќе се вмешам малку за да не ми е на мисла дека не сум кажала иако гледам дека Сашка веќе си има одлучено.
Сашка на крајот е најбитно да сте добри и двете и не е битен начинот на кој ќе ја донесеш на овој свет. Но, најискрено те советувам дека ако немаш реални компликации не оди на царски. Тотална небулоза е ин витро и царски јас од тебе тоа го слушнав. Ете ја и Сашка на форумов е со ин витро па си имала најлесен природен пораѓај и покрај тоа што имаше комплицирана бременост.
Немој да легнуваш под нож без да е тоа навистина потребно зошто верувај ми не се имаш спасено од ништо. Ако одиш на царски ќе видиш на што мислев ...

Сепак, не ми е намерата да те убедувам во она што го имаш одлучено ама размисли си пак ... Со лесно да ти е и да си се гушкате набрзо. (big-hug)

Гушки за сите мешиња и за тикерчето на Хепи. (rad)

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Posted: 13 May 2014, 13:22
by Sashka
И јас да се умешам во муабетот (smile) . Радост, јас правев инсеминација ама не е ни битно. Начинот на кој е зачнато бебето е апсолутно небитен со начинот на кој ќе се роди (smile) Совет од мене, не планирајте пред време да одите на царски. Ако има компликации во ред, ќе ве спремат за 5 минути за операција, ама ако се си тече како што треба ... спонтаниот пораѓај е подобар според мене. Како и да е, со лесно Сашка, да си поминеш најубаво и да славиме за твојата принцеза. А другите мешковци уивајте, галете се, ќе ви фалат мешињата и мрдањето на бебушите внатре (love5) Вчера ми скркореа цревата и ме фати носталгија па си викам сакам пак (t3) (smile)
Хепиии, честито тикерче, гушка до тебе и мешко твој (big-hug)

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Posted: 13 May 2014, 14:00
by Filigran
Фала на утехата на поискусните мајки. И јас се прашував која е потребата од царски доколку е бебето зачнато со ИВФ??? А и јас така имам слушнато, демек лекарите така претпочитале.
Ова само кај нас го има (confus) (confus) (confus)

Re: Трудници ајде на муабет, кафе и благце

Posted: 13 May 2014, 14:20
by SMESKO
Сашка уште малце остана (rad) (rad) (rad)
Во однос на дилемата околу царски или природно,јас преферирам природен пораѓај,ако веќе не може природно тогаш царски,мислам дека болките се исти(дали е царски или природно),но имам зборувано со жени кои се породиле природно и имале болки колку 1 до 2 недели,а царски е веќе друга приказна.Сепак на Вас е да одлучите како би се породиле,иако сега преферираат да си закажат и да се породат.
Јас доколку Господ не сака поинаку,не би се одлучила за царски,би одела на природен пораѓај.
Поздрав мешковци (kup) (kup) (kup)
Патем в4ера ја имам првата трудничка мачнина,ама се преморив (sad1)

Re: Царски рез по избор или природно породување?

Posted: 13 May 2014, 20:12
by ripcence
Ајде и јас да се замешам во муабетот (smile)
Се имам пораѓано и природно и со царски, веќе скоро два месеци се прашувам што е царското во царскиот... да бев породена пиродно до сега веќе ќе летав (rolll)
Ќе речам фала му на бога што постои таква опција како царскиот-животи се спасуваат, ама ако не мора- вистина не мора, болките со природниот се 2,3...5часа а со царскиот се со недели.
И уште, братучедка ми е со инвитро и си се породи природно.

Re: Царски рез по избор или природно породување?

Posted: 14 May 2014, 10:16
by Miki
Драги идни мајки, пишувам на оваа тема иако можда личи дека не е за тука. Ама посакувам мене некој да ми го дадеше овој совет. Не се оптеретувајте премногу со породувањето, царски, природно....многу поважно е што после. Читајте и учете за цицањето (ако имате намера да доите). За да се оствари успешно доење треба да се знаат некои работи и поради не доволно информации и несоодветна стручна поддршка, многу често мајките не успеваат. Многу мнооогу поважна тема од породувањето (и за бебето и за мајката), а гледам никој за тоа не размислува и не се подготвува на време.

Re: Царски рез по избор или природно породување?

Posted: 14 May 2014, 14:37
by srculence
Сашка еве и јас ке се умешам и јас бев Инвитро и се породив природно,иако сакав царски но како што вика рипченце маките јас би рекла дека не се часа туку денови но помалку од царскиот нож си е нож и ке се надоврзам на Мики сите сме оптеретени со порагајот а никој со доењето како понатака зашто во цела работа тоа е најбитно.