Цени на породување во приватни болници

Сите теми што се поврзани со породувањето. Термин за породување, болница, искуства итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Ana
Домашен член
Домашен член
Мислења: 624
Придружен: 20 Nov 2009, 11:24
Му се допанале: 1 time
Им се допаднал: 11 пати

Цени на породување во приватни болници

Post by Ana » 21 May 2011, 17:17

дали знаете како се движат цените по приватните болници?
јас планирам да одам во систина ама уште не ми текнало да прашам за цена :ymblushing:

ELIANA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 369
Придружен: 21 Dec 2009, 15:32
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by ELIANA » 12 Feb 2013, 12:03

Околу 1000 евра е во Систина за вагинално породување со 3 болнички денови во двокреветна соба, вклучена е и епидурална. И во Лазар исто, само не беше вклучена епидуралната барем јас кога се пораѓав, ама пак исто пари. Ако се пораѓате со царски, и имате на пр. потреба од крв тоа си го доплаќате. Ако треба да се провери крвна гурпа на бебето како во мојот случај и тоа се доплаќа. Пишуваше на еден флаер или сл. што се вклучува. За поточни информации јавете се, се ќе ви објаснат.

Herra
Редовен член
Редовен член
Мислења: 264
Придружен: 12 Dec 2011, 03:13
Му се допанале: 107 пати
Им се допаднал: 22 пати

Re: Државна или приватна болница

Post by Herra » 21 Feb 2013, 21:52

Надја никаде неможам да најдам на сајтот на Систина колку се породилните пакети и што опфаќаат, нешто што читав по интернет некои стари постови цената таму кажува дека е иста како во Ремедика 65000 денари за спонтано породување со вклучена епидурална или спинална по избор, а во Ремедика е исто 65000 денари со вклучена спинална, за епидурална се доплаќа уште 100 евра, и за двете пишува вклучени се 3 болнички денови и основните прегледи на новороденчето (незнам што вклувуваат тие прегледи). До сега не сум била во Систина ни на прегледи ни на ништо, незнам како и што е таму а во Ремедика колку толку ми е познато. Читав и уште нешто, во Систина издавале некоја си потврда за новороденчето, па ме интересира зар не даваат некаков документ во било која болница да се породиш? Ај ве молам некој ако има некаква информација нека пише. Инаку читав во Систина баш хотелски услуги нудат, дури и фризерски (rolll) Си се пораѓаш и после нели за сликање доаѓа мм ајде да ве сликнам со бебушко и ти чеееееееек, викаш фризер те средуваат и се сликаш демек на кафе си била излезена, не да се порагаш (rolll) Морав да се насмеам, малку смешно ми дојде кога го прочитав ова, сеа може и во Ремедика и во св. Лазар е така ама ете не беше тоа нагласено како толку битна информација (rolll) Него да си се навратам ја на муабетот, битно ми е која болница нуди подобри услови, не фризерски (tongue) него за бебушот и мајките и секако цената и плаќањето на рати, доколку не е тоа некоја си стара информација која веќе не важи. Гушки до сите и ве молам пишете доколку некој има некакви понови информации или лично искуство (kup)

EmmaAa
Нов член
Нов член
Мислења: 12
Придружен: 17 Feb 2013, 10:13
Им се допаднал: 1 time

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by EmmaAa » 27 Feb 2013, 18:39

Herra, jas se odluciv za vo Sistina 65.000 den. e pripoden poragaj koj vklucuva epiduralna anestezija i tri bolnicki dena,a carski e okolu 93.000 den. Site moi drugarki sto se porodija vo Sistina se prezadovolni.Moze na rati za toa znam,a na kolku rati neznam.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by Радост » 17 Jun 2013, 22:24

Еве информација за оние кои не знаат за во Ремедика:


Породување / Normal labor and spontaneous delivery
70.000,00 ден.
• Epidural Anesthesia • Episiotomy suture • Cervical rupture suture • Manual removal of placenta • Manual revision of uterine cavity
3 болнички дена

Sectio Caesarea – Породување со царски рез / Caesarean Section
95.000,00 ден.
5 болнички дена


Јас се уште сум далеку од породување, сега сум храбра и одам во ГАК (rolll) , иако во Ремедика сум со години, некако премногу пари ми се за давање ... ама до крај на бременоста Бог нека не чува, има време за одлучување.

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by carina » 19 Nov 2013, 15:41

читам сте пишале за плаќање на рати во систина.како оди тоа дали знае некој?
инаку не сум чула дека некој останал на тие цени што се пишани во пакетот за природно породување или царски.секогаш се допишуваат услуги па се стигнува над 100 илјади денари за царски на пример.

Maaja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 343
Придружен: 23 Apr 2013, 18:52
Му се допанале: 116 пати
Им се допаднал: 97 пати

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by Maaja » 19 Nov 2013, 17:01

Цени за ПЛОДНОСТ Битола

* Спонтано породување со вклучени 3 болнички денови 35 000 ден
* Породување со Царски рез со вклучени 5 бол. денови 62 500 ден
* Доплата за Епидурална аналгезија 12 000 ден

iva-iva
Нов член
Нов член
Мислења: 94
Придружен: 03 Dec 2013, 17:59
Му се допанале: 16 пати
Им се допаднал: 25 пати

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by iva-iva » 27 Dec 2013, 02:11

Maaja wrote:Цени за ПЛОДНОСТ Битола

* Спонтано породување со вклучени 3 болнички денови 35 000 ден
* Породување со Царски рез со вклучени 5 бол. денови 62 500 ден
* Доплата за Епидурална аналгезија 12 000 ден
неверојатни цени во споредба со другите приватни болници (thumbup)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by Радост » 09 Jan 2014, 22:59

Еве да потврдам. Царски рез во Ремедика чини 95.000 денари со 5 вклучени дена и целосна грижа за мајката и бебето. Јас барав дополнителни анализи на крвта на бебчето и платив дополнително 3.800, инаку останува првичната цена.

RedRose30
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1060
Придружен: 26 Oct 2013, 11:05
Му се допанале: 1303 пати
Им се допаднал: 446 пати

Re: Цени на породување во приватни болници

Post by RedRose30 » 09 Jan 2014, 23:24

Радост ти таму се породи на крај, нели? Кај Ефремов?

Одговори

Return to “Породување”