Page 1 of 1

Цртање и боење

Posted: 09 May 2010, 11:45
by fifi
Колку ви се дечињата заинтересирани за цртање и боење?

Мојата керка кога беше некаде година дена прв пат кога фати молив го држеше сосема правилно и баш како што треба, сама без ничија помош и учење. Ние мислевме дека се крие некој уметник во неа баш поради тоа, но се ми изгледа дека прилично сме се излажале. Сега има три и пол години и сеуште не е заинтересирана ни за боење ни за цртање. Ќе почне да бои кога ќе избега боичката од границите се откажува веднаш. Многу ретко фаќа да црта и ќе нашкраба нешто и потоа мене ќе ме тера да сум и цртала, она не знаела и несака да се труди да научи. Во стилот незнам јас ти знаеш ти цртај. Јас незнам како да ја поттикнам, имаме боенки, имаме оние работни тетратки пиши бриши, од интернет печатам листови за боење од нејзините омилени цртани ликови и ништо не дава резултат. Едноставно пет минути ќе се обиде кога нема да успее се откажува и мене ми дава.
Незнам што да правам :? Совет (confus)

Re: Цртање и боење

Posted: 10 May 2010, 09:40
by Annabel
Мислам дека не треба да се форсира детето. Само постепено ќе си научи како треба.

И нас Ива не тера да и цртаме. Исто и таа ја држи правилно боичката. Некни го црташе Ноди, и се обиде да го бои откако и објаснав како, ама само 1-2 пати не излезе од линијата и почна да шкрта низ цел лист (smile) .

Мене пак некогаш ме фаќа нервоза од нејзините барања: "Мамо ај нацртај ми маче, куче...." И цртам мачиња, кучиња 15-20 минути, ама после ми иде да вриштам, не знае за доста, уште недоцртано мачето, ај сега куче нацртај ми (laugh1)

Re: Цртање и боење

Posted: 10 May 2010, 15:42
by Petra
И мојата ќерка кога беше на пред училишна возраст ми викаше да и бојам и цртам. И во боенките кога боеше и кога ке излезеше од линијата го шкрташе листот. И ми викаше дека она не боела убаво. А и сега понекогаш знае да го направи тоа. Кога црта за на училиште понекогаш ми вика дека она не знае да бои и црта и не си бендисува. Се споредува со мене и се разочарува. Многу ми е мака поради тоа. Гледам секогаш да ја охрабрам, да и укажам дека за нејзината возраст прекрасни се цртежите. Дури и ако не е талентирана за цртање ништо страшно. И кажувам дека сите ние си имаме посебен дар. Рзговараме дека само со упорност,со труд и вежбање можеме да постигнеме резултати.

Re: Цртање и боење

Posted: 15 Aug 2016, 15:42
by Bube
Ние сме сега во фаза на боење и цртање. Под цртање и боење читај шкртаници (rolll) ама сака , бара . Вика пиши пиши и тоа значи да и ги дадам моливите и пенкалата. Денеска и купив и боички па викам ќе зборуваме и за бои .секогаш ми дава и мене едно пенкалце и ми покажува кај да пишам. Има и една табла од тие дрвените и со креди шкртка