Градинки

Се за дечиња од преучилишна возраст, цртање, боење, играње, градинки и наши искуства и совети.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Martinka
Член
Член
Мислења: 114
Придружен: 16 Apr 2013, 11:21
Му се допанале: 4 пати
Им се допаднал: 57 пати

Re: Градинки

Post by Martinka » 15 Aug 2016, 16:03

За Скопје прашувам за општина центар..Ѓногу ми би значел некој совет..Фала бубе се надевам дека лесно ке прифатите градинка..Борбата ќе ви биде некој ден но после ке се навикни со дечињата..

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Градинки

Post by Bube » 25 Aug 2016, 14:16

Ајде сега споделувајте искуства колку време се адаптираа вашите дечиња во градинка и на која возраст првпат почнаа да одат ?

Знам дека е премногу индивидуално ама сепак добро би ми дошло некое искуство некој совет , пошто со мојата ќеркичка ќе биде многу тешко а многу сакам да оди во градинка. Таа дома кога ќе ни дојде непознат човек почнува да плаче да вришти незгодно да ти стане (sad1)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Градинки

Post by ivvi<3 » 25 Aug 2016, 14:46

Бубе, значи ние двете заедно ќе се тешиме (smile) И јас ќе ја пуштам за некоја недела, ама на почеток по саат време планирам, понатака ќе видиме. Ај со лесно да ни биде (racinja)

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Градинки

Post by Bube » 25 Aug 2016, 21:46

И јас така планирам , мада ќе бидам среќна и со пола саат на почеток . Ќе видиме. Се надевам ќе си ја засака учителката па полесно ќе е .
Малку сум загрижена како ќе се одвива сето тоа а знам дека не треба, итрици се тие ќе почувствуваат (smile)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Градинки

Post by Maceto » 26 Aug 2016, 12:20

Здраво Бубе,еве јас тазе ја носев во градинка. Тргнавме на 9 месеци со период на адаптација, на почеток одеше по пола час,третиот ден зголемија негователките на 1 час,потоа зголемија на два часа. Втората недела почнавме од сабајле од 8 да ја носиме и седеше по 2-3 саати,третата недела почна и со ручекот и со спиење таму и четвртата недела седеше до 15ч,бидејќи јас немав повеќе време морав да се вратам на работа,затоа последната недела седеше до толку за да видам дали ќе издржи. На почетокот хорор филм ми беше,а сега се смеам на тоа (laugh1) Кога ја оставав вришти,пишти абе градинката во вис ја дига, таа плаче внатре јас надвор (rolll) Леле жените учителките ја држат во раце,ја гушкаат,незнам уште што не и прават а таа корне вика душата ми пукаше од мака. Но,ете секогаш има НО, помина и тоа,ги засака децата,две прекрасни учителки негователки,се гушкаше со нив,си играше таму,јадеше понекогаш и дупли порции со јадење абе леташе кога ќе ги видеше на врата како ја земаат. Многу предност има градинката,дома до ден денес се заспиваме нишкајќи,а таму легнува смирено и сама заспива,тоа го видов со свои очи преку прозор,бидејќи не ми се веруваше,учителката вика дојди да видеш (cl) Почна ред да си ствара со јадење,со спиење и вечер си легнуваше до 22ч најкасно,а претходно и 1-2 ноќе не фаќаше. Менито и е преубаво во градинка и секогаш е убаво најадена,и кога да ја земам од градинка несака да јаде,бидејќи убаво си ручала,оти ние ако сме гладни до Америка ќе не разберат (rolll) Единствено негативно од градинка ми беше само разболувањето,еднаш месечно вирус,Фала му на Бога што поминува без полоши работи,носето ни течеше нон стоп и бактерија стрептокока пнеумоне во носе често си ја имаме,ама сите деца се така. А на другарка ми дома седи и 10 пати повеќе се разболува од В,ама ете се си е до детето,немора да значи дека сите деца често се разболуваат.
Инаку според мене потешка е адаптацијата на родителите, него на самите деца,стресовите во животот некогаш сами си ги правиме безпотребно,а сето тоа после ни е смешно. Ние ете сега не сме биле во градинка 2 месеци,е сега од Септември пак ќе има плачки,сега и повеќе разбира,ама кога се мора мора се. (love5) (love5) (love5)
Девојки со лесно нека ви е адаптацијата и тука редовно да пишувате како поминувате (joy) dance (grupna-gushka)

Ariela
Нов член
Нов член
Мислења: 85
Придружен: 24 Nov 2014, 14:52
Му се допанале: 23 пати
Им се допаднал: 43 пати

Re: Градинки

Post by Ariela » 26 Aug 2016, 20:05

Zdravo devojki (big-hug)
Мене ме нема одамна да пишам на форумов, јас се извинувам поради тоа, но морам да ви признаам дека редовно ве читкав да знам како сте ми.
Инаку и ние сме на темава за во градинка од први.
Прв пат не знамкакоке биде мн ме фака страв
Дај Боже да биде како кај вас Мацето.
Бубе и ивви ви се се придружуваме не сте сами. (grupna-gushka)
Иначе Мојата ќеркичка има 1 год и 8 месеци, а вашите на која воРаст се?
Мацето сакав да прашам во која градинка одите вие?
Извинете на долгиот пост.

Bube
Редовен член
Редовен член
Мислења: 448
Придружен: 08 Jul 2014, 12:20
Му се допанале: 180 пати
Им се допаднал: 259 пати

Re: Градинки

Post by Bube » 27 Aug 2016, 18:13

Ариела тука некаде се на возраст. Мојата е една година и седум месеци.
Ние веќе почнавме со подготовки. Тука бараат крвна слика и брисеви од нос и грло па вчера бевме да ја завршиме таа работа.
Исто уште една подготовка моја измишљотина (brows) секој ден одиме во игротека и викам ааајде на градинка одиме и ја оставам по пола саат сама со вработената во игротеката. Ме бара па ќе наведне глават се лути демек ќе плаче ама ја заигруваат и добра е .
Е сеа коа ќе оставам во вистинската градинка знам дека нема да е исто ама како идат деновите се повеќе сум сигурна дека ќе се навикне.
Јас не одам на работа ако до тооооолку не може да се адаптира ќе пробаме пак за неколку месеци

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Градинки

Post by Maceto » 28 Aug 2016, 12:53

Ариела ние одиме во Кисела Вода,во Весели Цветови,предобар пристап од сите,почнувајќи од управата па до воспитачките.Ќе видиме за една недела како ќе биде,по 2 месеци пауза (grupna-gushka)

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 277
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 42 пати
Им се допаднал: 134 пати

Re: Градинки

Post by ivvi<3 » 30 Aug 2016, 11:47

Не знам дали прашањето ми е во соодветната тема, но поврзано е мислам. Дали знаете дали има во Скопје центар за згрижување деца? Тоа е нешто како градинка и игротека. Видов дека во Битола има таков центар, ти го чуваат детето на определено време, ваљда на саат се плаќа. Мене поточно ми треба за приквечер за 1-2 саати, бидејќи во Скопје нема градинка што работи до покасно, освен таа кај Корчагин, ама па таму е мешана група и не ми се остава. Не е битна локацијата. Ако имате било каква информација, ќе ми значи. (smile)

Maceto
Домашен член
Домашен член
Мислења: 668
Придружен: 28 Oct 2014, 14:39
Му се допанале: 574 пати
Им се допаднал: 396 пати

Re: Градинки

Post by Maceto » 30 Aug 2016, 15:28

Иви јас видов на фб дека има една Kafe Igroteka Kolores-Avtokomanda ги има на Фб имаат дневен престој,ама до колку саат работи незнам,дали работат приквечер незнам,можеш да се јавиш да прашаш,еве тел број 070 20 50 35 а ете и линк од ФБ
https://www.facebook.com/igrotekacolore ... b=overview
(big-hug)

Одговори

Return to “Предучилишна возраст”