Хипоменореја - оскудна менструација

Дијагнозите со кои се соочуваме, а се причина за неплодност

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Bias
Нов член
Нов член
Мислења: 14
Придружен: 30 Apr 2012, 19:40

Хипоменореја - оскудна менструација

Post by Bias » 04 May 2012, 00:05

Поздрав до сите, долго ве читам и се решив да ви пишам и да ве поздравам.
Незнам дали баш тука е право место за моето прашање, ама се надевам дека некој ќе има одговор..
Имам 28 години, не сум мажена, и не сум пробувала да останам бремена, но нешто ме тера да мислам дека кога ќе сакам нема да е така лесно со мене.. Дијагнозата ми е Хипоменореа, оскудна менструација, влошки не сум користела веќе 2-3 години, и секојдневните ми се празни кога добивам џабе ги носам, единствено кога сум во wc ми протекува (кога повеќе - кога помалку), но времетраењето е загрижувачко, имам само еден ден, а некогаш и два. Циклусите ми се прилично точни, на 28-31 ден добивам. Од друга страна на Ендокринологија ме испитуваа за хормони, испаднаа сите во ред ( a докторот не ме ни праша кога имав последно добиено, и како процени дека се во ред незнам), ме прати на преглед кај Проф. Сапунов, специјалист за јајници, и тој ми дијагностицираше Полицистични јајници, и назад кај ендокринологот ми даде терапија Дијане и Метформин. Од терапијата не видов аир, од Дијането се направив лом по лице и тело, иако и претходно имав проблеми со мрсна кожа и акни, а и иако влакнавоста по телото ми е како на дечко ми, тестостеронот ми беше на долна граница, скоро под нормалата. Отидов во Систина, таму докторката ми рече дека јајниците ми биле скоро одлични, ми даде да пијам Јаз, и од нив никакво фајде.. Сеушти добивам редовно, но по неколку капки (sad1) На сите доктори се трудев да им објаснам дека ме загрижува оскудната менструација, но сите како да беа незаинтересирани, како тоа да не е ништо страшно, и дали имам полицистични јајници, и дали ми се хормоните во ред незнам (confus)
Ве молам препорачајте ми некој лекар, установа, матичен доктор каде да се обратам.. Или ако имате совети ве молам споделете ги со мене. Извинете што се распишав толку (smile)
Поздрав и ви посакувам се најубаво @};-

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10998
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5787 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by Debora » 04 May 2012, 08:00

Биас прво добродојде на форумов (dobr) (kup)
Ја раздвоив темава, сигурно некој ќе ти препорача доктор, ако не друго. А за должината на постовите не е потребно извинување, ќе бидат толку долги колку што е потребно. (smile)
Се надевам дека набрзо ќе најдеш доктор со сериозен пристап што ќе ти даде вистинска дијагноза, а ако е потребно и терапија. Ако ти се хормоните во ред и си имаш нормална овулација можеби хипоменорејата и не е проблем, па затоа докторите не обрнуваат внимание на тоа.
Се надевам дека некоја од девојките ќе ти даде конкретен совет.

Bias
Нов член
Нов член
Мислења: 14
Придружен: 30 Apr 2012, 19:40

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by Bias » 04 May 2012, 09:14

(a2) Ти благодарам Debora, добро ве најдов (laugh1) Се надевам ќе се најде уште некоја како мене, да се советуваме (unsure)
Веќе долго ве читам, и скоро за секоја знам што мака има, и ве гушкам сите (kup) за што побрзо секоја да ја дочека радоста на bfp и здраво и живо (b4) во рацете (bu)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10998
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5787 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by Debora » 04 May 2012, 15:01

Биас фала за убавите зборови. (a2)
Јас не сум запозната со оваа дијагноза, малку прочепкав по нет и причини за хипоменореја може да има повеќе, некои бенигни, а кај некои е потребна и терапија.
Може едноставно да се работи за генетска предиспозиција - ова е лесно да го утврдиш ако разговараш со твоите мајка, баба, сестра ... (smile)
Може да е последици на контацептиви - ама веројатно дека не пиеш тоа.
Исто причина за хипоменореја може да биде некоја хормонална нерамнотежа, затоа треба да се испитаат хормоните, вкучувајки ги и оние на тироидната жлезда. Понекогаш намалената функција на тироидата предизвикува слабо менструално крварење, но исто така може да се во прашање и други хормони како естроген, прогестерон, пролактин, андрогените хормони итн.
Друга причина може да е Ашерман синдромот - се јавувааат присалици, лузни и сл. во матката, причина за ова може да биде и постапка на киретажа и дилатација, породување, операција или некоја друга траума на матката.
Ајде девојки препорачајте добар гинеколог, ендокринолог ... Некој со познавање на ПЦОС ... (kup)

Mia85
Редовен член
Редовен член
Мислења: 377
Придружен: 06 Mar 2011, 23:11
Им се допаднал: 10 пати

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by Mia85 » 04 May 2012, 21:38

Bias ja svo nekolku navrati imam pisano eve pak kje pisam mojata doktorka vo Sistina e i s evika Elizabeta Matevska...ednas vo nevrzan muabet so nea mi kaza deka specijalnost i e histeroskopija i s epovrzano okolu jajnici...toplo ti ja peporacuvam,,,Ustanovata nema vrska so doktorot sekade ima iskusni i neiskusni:)))Sepak super e toa sto redovno dobivas, jas dobivav na 40-50 dena i nikogas ne znaev koga imam ovulacija...Za aknite i jajnicite ne se sekiraj, kje se sredat...samo ti treba dobra dijagnoza:)))

Bias
Нов член
Нов член
Мислења: 14
Придружен: 30 Apr 2012, 19:40

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by Bias » 05 May 2012, 01:07

Debora, циклусот ми беше во ред до пред 2-3 години, си имав редовно и обилно, по 6-7 дена ми траеше крварењето.. Не осетив кога почнаа промените, само забележав дека празни влошки вадам.. Контрацептиви немав пиено никогаш порано, зафати немав никакви, едвај два пати во живот на преглед за Кандида сум била и толку.. Ме буни со хормоните состојбата, наводно сите се во ред, а јас сум со акни цел живот, влакнавост по тело а, тестостеронот ми беше едвај 0,07 мислам.. Мислам дека ендокринологот ми ја прегледа и тироидната, ако беше тоа, со ехо ме прегледуваше на вратот. Тоа ми рече дека било добро..

Поздрав Mia85,
баш кај Матевска бев во Систина, ми ги виде јајниците и ми рече дека и со полоши родиле, за хипоменорејата ми рече дека сигурно ми фалела овулација, и муабетот го заврши со "ништо страшно".. Ми даде да ги пијам Yazz и толку. Ни испитувања, ни консултации, ни контроли.. Како ништо да не било! Дур последниот месец кога ги пиев на сред терапија добив крварење и ја барав на телефон и ми се јави асистентката, ми рече допиј ги, се случува.. Сите апчиња за контрацепција ми прават акни полоши и од моите, а фајде никакво, и кажав и тоа и ми рече ако пиј ги.. Лудило ме фаќа незнам кај да отидам (sad1)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by carina » 05 May 2012, 08:50

bias moze treba da si najdes dobar endokrinolog i uste ednas ubavo da si gi proveris hormonite,i obavezno na stitnata zlezda,kako sto te razbrav si napravila samo eho na zlezdata a ne si gi proverila hormonite.pozdrav i dobredojde

Bias
Нов член
Нов член
Мислења: 14
Придружен: 30 Apr 2012, 19:40

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by Bias » 05 May 2012, 10:41

Поздрав Carina,
ти посакувам лесни слатки маки (laugh1) и здраво и живо бебенце, да бидеш горда мајка!
За мојава мака, бев кај најдобриот ендокринолог што ми го препорачаа, проф. Богоев од клиника, и тој само на ехо ме виде и рече ок е, не ми даде да испитам ништо..
Ме буни што андрогените хормони ми беа на минимална граница, а тој ми даде контрацептиви што ги блокираат андрогените.. Можно е од тоа да ми се прават повеќе акни, наместо да ми се чистат?
Ајде девојки предложете ендокринолог, јас немам идеја каде би одела наредно (unsure)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Хипоменореја - оскудна менструација

Post by carina » 06 May 2012, 22:43

zdravo bias,ti blagodaram za ubavite zelbi,ti posakuvam se najubavo,a za endokrinolog eve eden predlog od mene-endomed.znam deka raboti i so kartoni,mislam deka doktorkata se vika gabriela,ima specijalizirano vo slovenija.se naoga karsi fond za zdravstveno osiguruvanje posle eden prolaz megu zgradi.pozdrav

Одговори

Return to “Дијагнози на неплодност”