Висок ФСХ

Дијагнозите со кои се соочуваме, а се причина за неплодност

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10998
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5787 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Висок ФСХ

Post by Debora » 09 Jul 2013, 18:13

ФСХ - фоликуло-стимулирачкиот хормон ми е веќе 10,9 ... не е чудо, со оглед на тоа што имам 41 (горна граница е 11.6 )
Знам дека точен показател за резервата на јајниците е анти-милерианот, ама сепак и ФСХ покажува нешто.
Лејла ти се експерт на темава, ако некој друг е упатен или има висок ФСХ ве молам споделете искуство. Што мислите дали има логика на овакви вредности да се пие кломифен или само ќе биде дотрошување на јајниците? (smile)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Висок ФСХ

Post by belomorka » 09 Jul 2013, 18:17

јас немам искуство ама мислам дека нетреба кломифен да се пие

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Висок ФСХ

Post by anabejbi » 09 Jul 2013, 18:27

Дебора, не сум многу стручна по ова прашање и мислам дека е најдобро со гиниколог да се консултираш.
Мислам дека можеш да ја намалиш вредноста на ФСХ со правилна исхрана и физичка активност, а имам слушнато дека е добро да се пие Перуанска Мака (за баланс на хормоните е добра), ја има во Биокулт во прав е и некаде околу 500 денари мислам дека беше

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10998
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5787 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Висок ФСХ

Post by Debora » 09 Jul 2013, 20:13

И јас имам слушнато за маката дека го намалува ФСХ. Некои викаат дека е за џабе тоа намалување, ама па знам дека една жена со рана менопауза така си остана природно бремена, со пиење мака.

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3238
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1700 пати

Re: Висок ФСХ

Post by kit-kat » 09 Jul 2013, 21:03

Леле јас прв пат се среќавам со овие подароци и изрази.
Овој потфорум ми е 90% непознат.
Дебора а нели велиш дека ти е во нормала под 11,6?
Распрашај се добро,а не е на одмет и од маката да земаш.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10998
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5787 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Висок ФСХ

Post by Debora » 09 Jul 2013, 21:09

Па накај горна граница ми е. Како што се приближува менопаузата така и расте вредноста на ФСХ. Претходен пат кога сум испитала бил 8,2.. со годините е нормално се повеќе да се покачува.
Кај некои жени кои влегуваат во рана менопауза може да рипне уште во 20 тите години и тоа многу.
Сакам да слушнам искуства на форумџики ако има.
Маката секако треба да не е штетна, оти се работи за корен од растение што се користи како храна и има благо дејство.

Dorotea111
Домашен член
Домашен член
Мислења: 538
Придружен: 07 May 2013, 10:14
Му се допанале: 128 пати
Им се допаднал: 142 пати

Re: Висок ФСХ

Post by Dorotea111 » 09 Jul 2013, 22:27

Во однос на оваа тема, малку и јас сум збунета. Во февруари проверував хормони ФСх ми беше 5, во април пак проверував, ми беше 8. Како е можно ова???? Не прашав многу, затоа што докторката ми рече ок се хормоните, ама ете малку се замислувам во однос на ова.

bubuvce_84
Редовен член
Редовен член
Мислења: 251
Придружен: 30 Aug 2011, 18:47
Му се допанале: 13 пати
Им се допаднал: 28 пати

Re: Висок ФСХ

Post by bubuvce_84 » 10 Jul 2013, 01:52

Devojki neznam zosto no jas voopsto ne im veruvam na rezultatite od hormonite eve gi moite od pred 2 godini


Re: Испитување на хормоните

Испратиод bubuvce_84 » 25 Ное 2011, 00:24
Eve me i mene gi napraviv hormonskite ispituvanja na 3 ot den konecno i denes gi zemav rezultatite ova se od folekularna faza
FSH 10,6 (2,8-11,3)
LH 4,0 (1,1-11,3)
PROL280 (99-583)
ESTR 96,9 (0-587)
TSH nemale reagens
ve molam za mislenje neznam kako odi toa so soodnosot na fsh i lh




Znaci koga mu gi dadov na doktorot rezultatite se iznasmea rece nema sansi bidejki ti si sozdavas filikuli bez stimulacija ,moze da e momentalo, pa se raboti za hormoni i najmala vozbuda vlijae i mi gi frli rezultatite ,za posle edna godina FSH da mi bide 8,1

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10998
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5787 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Re: Висок ФСХ

Post by Debora » 10 Jul 2013, 12:10

anabejbi wrote: а имам слушнато дека е добро да се пие Перуанска Мака (за баланс на хормоните е добра), ја има во Биокулт во прав е и некаде околу 500 денари мислам дека беше
Анабејби рефус ли имаат Мака во Бикулт? Баш ќе земам.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4048
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1284 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Висок ФСХ

Post by Lejla7 » 10 Jul 2013, 12:26

Дебора, повишениот ФСХ не мора да значи рана менопауза, ниту намалена резерва на јк, може само да биде знак дека жената послабо ќе реагира на стимулации...што никако не значи дека не може да остане бремена, може само да има малку повеќе потешкотии за разлика од другите...Немој да се плашиш, знаеш колку имам читано на оваа тема, заради тоа и пиев ДХЕА, ама многу подобрување немав во однос на извадените јк. Плус тоа, откако пред две години ми кажаа кај Органџиски дека ми е повишен (а ми беше 9.8), отпосле знаеш и сама дека правев и ин витро со 40 инјекции, па три инсеминации со Кломифен, и на последното мерење ФСХ пак ми беше тука некаде, 9.8. Не ми се повиши, ниту пак се случи некакво исцрпување на јајниците. Мислам дека кај мене оваа вредност е поради намалениот капацитет на едниот јајник, ама Боже мој, луѓето со еден тестис, една туба остануваат бремени, па зошто не и јас?
Во темата за испитување на хормони читав и дека Хера имала ФСХ од над 9, не се сеќавам на точната вредност, па еве сега има здраво детенце. Значи, ништо не е мерило.
Маката ако сакаш да си ја пиеш, пиј ја. Па зошто да нема некој ефект од неа, макар и плацебо ефект. Инаку, ви кажав дека имам читано дека при повеќе мерења на ФСХ се зема во предвид онаа највисоката, дури и да се намалува понатаму при следните мерења. Но, рана менопауза и намалена резерва на јк не се дијагностицира само со мерење на ФСХ, туку и мерење на другите хормони, па со Кломифен тест - Clomifene challenge test (значи како реагира телото на него, така нешто беше). Не е толку едноставно. А лекарите понекогаш, и сама знаеш, можат од ракав да ти фрлат во лице дијагноза непоткрепена со докази.
Ќе се обидам да ја најдам страницата каде што читав за ова и ќе го ставам линкот овде. И не се секирај, чу ли? Знаеш дека и апаратите ако не им се калибрирани знаат секави вредности да вадат, ова го знам од сигурни извори

Одговори

Return to “Дијагнози на неплодност”