Синдром на полицистични јајници (ПЦОС)

Дијагнозите со кои се соочуваме, а се причина за неплодност

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Синдром на полицистични јајници (ПЦОС)

Post by Debora » 16 Jan 2010, 16:23

Синдромот на полицистични јајници се карактеризира со: нередовни менструации, зголемена влакнавост, jајниците често се зголемени и имаат многубројни цистични творби ит.н. Синдромот на полицистични јајници се среќава кај 5-10% од женската популација. Жените кои патат од синдром на полицистични јајници треба редовно да се лечат и контролирааат, затоа што кај нив е зголемена опасноста од: болести на срцето и крвните садови, висок крвен притисок, дијабетис, маснотии во крвта, рак на ендомериумот и јајниците и сл.

Во бременоста кај жените со синдром на полицистични јајници, спонтаните абортуси се почести, шансите за труднички дијабетис се поголеми. Исто се поголеми шансите за зголемен крвен притисок и прееклампсија.

Иако често пати се дијагностицира или лекува заради неплодност, треба да се знае дека синдромот на полицистични јајници е болест на ендокриниот ситем кај жените.
СИМПТОМИ НА СИНДРОМОТ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ ИЛИ ПЦОС

Жените со синдром на полицистични јајници имаат барем неколку од следниве симптоми:

* Нередовна менсруација. Ова е најчестиот симптом. Менструацијата се јавува на растојанија поголеми од 35 дена, често пати може да изостане со месеци. Нередовните менструации можат да се јават од пубертетските денови или пак да започнат после зголемувањето на телесната тежина.
* Зголемено ниво на машки хормони, што од своја страна предизвикува: зголемена влакнавост, опаѓање на косата, акни и сл. Но не сите жени со ПЦОС ги имаат изразено овие симптоми.
* Односот на лутеинизирачкиот хормон (LH) и фолукулостимулирачкиот (FSH) е 2-3 пати поголем во корист на LH.
* Зголемени јајници со многубројни цисти. Оваа појава може да се забележи на ултразвук. Но има жени кои имаат јајници со оваков изглед, а го немаат синдромот на полицистични јајници. Исто така има жени со ПЦОС кои немаат овакви јајници.
* Неплодност. Често пати кај жените со ПЦОС има отсуство на овулација, односно не созреваат јајце клетките.
* Прекумерна телесна тежина.
* Темни флеки на кожата на вратот, под мишките, на внатрешноста на бедрата, под градите и на вулвата.
* Дијабетес тип 2 или пред дијабетес. Се карактеризира со неспособност на организмот добро да го искористува инсулинот, односно во организмот постои нечувствителност на инсулин. Уште е наречен скриен дијабетис или нарушена способност на организмот за толеранција на глукоза. Во нормални случаи кога има вишок на шеќер во организмот, инсулинот прави тој да се складира. Со тоа нивото на шеќер се одржува исто. Кај дијабетис тип 2 ова функција е нарушена и нивото на шеќер во крвта после оброкот значително расте. Се испитува со тест на толеранција на глукоза.
* Висок крвен притисок.

ПОСТАВУВАЊЕ НА ДИЈАГНОЗА

За поставување на оваква дијагноза е потребно да се проучат клиничките симптоми кај жената, да се направаи ултразвучен преглед, како и лабораториска анализа на хормоните. Можат да се направат и дополнителни тестови за толеранција на глукоза и присуство на маснотии во крвта.

Раната дијагноза е од голема важност за да се спречат подоцните компликации како: дијабетис или срцеви заболувања.
ЛЕКУВАЊЕ НА СИНДРОМ НА ПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ

Лекувањето на жените со ПЦОС се состои во лечење на конкретните проблеми. На пример се превземаат мерки ако се работи за неплодност, се земаат други лекарства ако се работи за акни ит.н.

Долгорочно многу е важно да се намали ризикот за: висок крвен притисок, висок холестерол во крвта, срцеви заболувања, зголемена телесна тежина и дијабетис.

Медикаменти за регулирање на менструалниот циклус:

Контрацепција. Ако не се обидувате да останете бремени, докторот може да Ви препише контрацептивни медикаменти. На овој начин се намалува количината на машките хормони, а се намалува и ефектот од преголемото количество на естрогени. Ова ќе ги намали шансите за појава на ендометријален рак или ненормални крварења.

Прогестерон. Алтернативен метод е да земате прогестерон (најчесто Дабростон или Примолут Нор) во втората половина од циклусот, секој месец. Ова ја регулира менструацијата и ги намалува шансите за ендометријален рак, но не го намалува нивото на машките хормони.

Третмани за постигнување бременост:

За да забремените потребно е да се постигне овулација. Често пати овулација се постигнува со користење на Кломифен. Кломифенот е хормонален препарат, кој се зема 5 дена во првата половнина од циклусот, најчесто од 5-9 ден или од 3-7 ден. Ако лекарот увиди дека не се постигнува овулацијата, може да Ви препише и Метформин. Кај повеќето жени е ефикасна терапијата со Кломифен или комбинацијата со Метформин. Ако не се успее и на овој начин, се даваат гонадотропини во вид на инекции.

Доколку не се успее да се предизвика овулација со медикаменти, се прави т.н. дренажа на јајниците. Тоа се изведува со лапароскопска операција, при која се прават убоди со струја или ласер, на површината на фоликулите на јајниците. На овој начин се уништуваат делови од јајниците, но се овозможува овулацијата. Успешноста на операцијата е поголема кај жени, кои телесната тежина претходно ја довеле во нормала.

Медикаменти за тип 2 дијабетис:

Често се употребува метформинот, за кој исто е утврдено дека после неколку месечна редовна употреба, позитивно влијае и врз овулацијата,.
ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ

Од примарна важност при третирањето на ПЦОС е водење на здрав начин на живот:

* Редовно вежбање. Често пати редовното вежбање е единствен начин кај жените со ПЦОС, за справување со нетолеранцијата на гликоза. Со вежбањето доаѓа до искористување на вишокот шеќер во крвта. Колку повеќе вежбате, толку подобро.
* Намалување на телесната тежина. Одржувањето на нормална тежина, често пати е најсигурен начин за да се избегнат другите симптоми на ПЦОС. Често пати жените со преголема телесна тежина ако ослабат, повторно може да ја повратат овулацијата или да се ублажат другите симптоми. Зголемената телесна тежина може да биде одлучувачки фактор и за појава на дијабетис тип 2.
* Јадете интегрални житарки, мешункасти растенија, кафеав ориз, многу зеленчук, овошје и друга храна богата со растителни влакна. Колку побавно храната се преработува во желудникот, толку побавно се зголемува и концентрацијата на шеќери во крвта, што е многу важно заради опасноста од дијабетес.
* Избегнувајте едноставни шеќери како: слатки, газирани сокови, премногу овошни сокови и сл.
* Избегнувајте храна богата со маснотии.
* Доколку пушите, престанете.
* Исфрлете го алкохолот.

Не заборавете ги редовните лекарски контроли, на тој начин можете да спречите многу од можните компликации кај ПЦОС.

http://www.tvoebebe.com/NEPLODNOST/PCOS.php

Irena love
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 19 Jul 2011, 15:57

ПЦОС и бременост?

Post by Irena love » 19 Jul 2011, 16:08

Имам полицистични јајници и не можам да добијам без некои хормонални апчиња. Мојот проблем започна кога почнав нагло да се здебелувам. Прво мислев дека имам хормонално пореметување поради кое се здебелувам но бев на ендокринологија и хормоните ми беа во ред па затоа докторката констатираше дека мојта зголемена тежина влијае на хормоните и поради тоа се создаваат цисти на јајниците. И ми кажаа дека нема да можам да останам бремена се додека не се реши тој проблем а и за после е знак прашање бидејки јас ни порано не добивав редовно. Како и да е последнава недела ипол ме болат градите и долниот дел на стомакот како што и порано ме болеше пред да добијам. А сето тоа зпочна кога забележав бел исцедок на долниот веш. Но веднаш земав вагинални таблети Канастан и тоа се среди, мегутоа болките во стомакот и градите не ми престанаа. Што би значело тоа? Дали можеби сте се сретнале со ваков проблем. Не ми се купува тест за бременост бидејки не верувам дека има шанси за две црти и не сакам само повторно да се измачувам. Фала ви однапред.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ПЦОС и бременост?

Post by Debora » 19 Jul 2011, 16:35

Здраво Ирена и добродојде на форумов. (kup) Многу жени забремениле со ПЦОС, па зошто не би била и ти. (smile) На твое место јас би купила тест, оти секако се измачуваш со мислење, само овака си помагаш со тоа што ја спречуваш шансата да видиш уште еден одвратен и разочарувачки оваков bfm . Знам колку се бљак негативните тестови, ама барем ќе бидеш на сигурно, а знаеш дека во бременоста градите болат и се зголемуваат. (smile)
Дали те болат и другите циклуси? Ако не, јас би направила тест.
Се надевам дека ќе кажеш дека на разочарувањата им дошол крај. (a2)

П.С.
Тука имаме тема за ПЦОС topic193.html

Irena love
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 19 Jul 2011, 15:57

Re: ПЦОС и бременост?

Post by Irena love » 19 Jul 2011, 16:49

Мило ми е што сум дел од овој форум (kup) . Проблемот е што јас последнава година воопшто не добивам кога не сум на хормонални апчиња (sad1) . А порано кога добивав баш вака ме болеа и стомакот и градите ама тоа траеше неколку дена. Е сега кога ги пиев таблетите добивав точно на време како што ми пресмета докторката само без никакви болки...

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ПЦОС и бременост?

Post by Debora » 19 Jul 2011, 17:15

А сега пиеше лекарста и те болат пак? А да направиш ти едно тестче? (joy)

Irena love
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 19 Jul 2011, 15:57

Re: ПЦОС и бременост?

Post by Irena love » 19 Jul 2011, 17:34

Не веке некое време не ги пијам таблетите и затоа не добивам. Ама ај утре сигурно ке направам тест па ке пишам дали има нешто убаво како на пример bfp .

Irena love
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 19 Jul 2011, 15:57

Re: ПЦОС и бременост?

Post by Irena love » 19 Jul 2011, 19:28

Е не можев да издржам до утре, па го направив тестот и за жал тоа е тоа bfm

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: ПЦОС и бременост?

Post by Debora » 19 Jul 2011, 20:54

Жал ми е навистина, знам колку е одвратно кога ќе видиш bfm , барем сега си на сигурно. Од се срце ти посакувам уште следниот циклус да забремениш. ПЦОС се лекува. (a2)

baby_girl
Нов член
Нов член
Мислења: 24
Придружен: 28 Feb 2012, 13:28

Re: Синдром на полицистични јајници (ПЦОС)

Post by baby_girl » 01 Mar 2012, 22:48

Mene mi e postavena dijagnoza pcos , no mene me buni toa sto mene ne mi kasnese mens tuku mi doagase 2 pati vo mesecot nekade na 15 dena otprilika, dali znaete zenite koi imaat problem kako mojot dali im e tesko da zatrudnat ili se e individualno???

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Синдром на полицистични јајници (ПЦОС)

Post by Debora » 01 Mar 2012, 22:58

Бејби грл индивидуално е, на некои им треба повеќе време, на некои не. Дали примаше некоја терапија?

Одговори

Return to “Дијагнози на неплодност”