Варикоцела

Дијагнозите со кои се соочуваме, а се причина за неплодност

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Kira
Нов член
Нов член
Мислења: 4
Придружен: 06 Aug 2016, 07:33
Им се допаднал: 3 пати

Варикоцела

Post by Kira » 24 Aug 2016, 10:27

Ве молам сите кои сте се соочиле со овој проблем, односно кај кои варикоцелата била проблем за неплодност ако може вашите искуства да ги споделите тука. Исто така ве молам да наведете дали вашите сопрузи/партнери ја оперирале варикоцелата, каде и кај кој доктор и дали имало подобрување во спермограмот.

Бидејќи јас ја отворив темата ќе започнам прва.

Пред 2 години на мм му открија варикоцела на двата тестиса. Бевме во Систина кај урологот Александар Мицковски. Спермограмот на сопругот е олигоастенотератоозооспермија. Препорака на докторот беше да не се оперира бидејќи не се очекува кој знае колкаво подобрување бидејќи мојот сопруг тогаш имаше 37 години (сега 39). Од тогаш имаме направено две ИВФ со ICSI метода, едното заврши со биохемиска бременост а второто со негативен тест. Сега кога бевме кај мојот матичен гинеколог (бидејќи собиравме документи за ФЗОМ) тој му препорача на сопругот обавезно да се оперира бидејќи спермограмот само ќе се влошувал. Така ни рече.

Ве молам сите со слични искуства споделете, се двоумиме што да правиме.

Одговори

Return to “Дијагнози на неплодност”