НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА разно

Се што е поврзано со неплодноста, недоумици, како се справуваме, како да си помогнеме, природни средства за лекување неплодност итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА разно

Post by belomorka » 08 Nov 2012, 19:50

Ова го прочитав на интернет и мислам дека е доста добро.
Дали знаете дека еден од шест парови има проблеми со зачнувањето? Токму поради тоа жените во такви случаи се подложени на тешки и скапи зафати за да се зголеми плодноста и да се постигне можност за зачнување, а само една третина од сите проблеми кои се поврзани со плодноста е поврзана со жените.
Меѓутоа, научниците осмислиле нов гел кој безболно и едноставно може да им помогне на мажите кои имаат проблем со плодноста. Гелот содржи хемиски споеви кои го зголемуваат бројот на сперматозоиди, како и нивното движење. Овој гел се користи во текот на сексот, а се применува како лубрикант.
Третманите за подобрување на плодноста практично се сведуваат само на тоа сперматозоидите да дојдат до јајце-клетките. Доколку сперматозоидите можете малку да ги поттикнете, ќе помогнете оплодување да се зголеми повеќекратно отколку со стандардните процедури, објаснуваат истражувачите.

Паровите кои се обидуваат да зачнат дете ќе ги развесели оваа вест. Како што известуваат американските научници, направен е првиот тест за плодност за мажи, наменет за домашна употреба. Со помош на сетот „SpermCheck Fertility“, мажите сега ќе можат и во домашни услови да дознаат колкав е бројот на сперматозоиди во ејакулатот, односно дали е доволен за оплодување, и тоа без непријатни и скапи посети кај лекар.

Овој тест се изведува едноставно: потребно е да се измеша спермата со течноста која се наоѓа во кутијата и неколку капки од таа смеса да се капне на тест - лентата. Црвената линија покажува дека бројот на сперматозоиди е нормален, а доколку е понизок од саканиот, лентата не ја менува бојата. „SpermCheck Fertility“ би требало набргу да се најде на пазарот, и тоа по цена од 40 долари. Со оглед на тоа дека овој тест е 98 отсто точен, сигурно ќе им помогне на многу парови да ја остварат својата желба.

Австралиската студија во која учествувале 100 мажи, покажала дека секојдневната ејакулација ги намалува грешките во ДНК. Мажите со проблеми со плодноста треба почесто да ејакулираат, па дури и пред донирање на спермата за употреба во ин витро постапката. Редовните ејакулации ослободуваат пат кон нова и генетски поквалитетна сперма.
Мажите мислат дека квалитетот на спермата ќе се подобри ако, на пример, пред овулацијата нивните партнерки се воздржуваат. Можеби количината и бројот на сперматозоидите навистина ќе бидат поголеми, но истовремено расте и можноста за оштетување на ДНК, која предизвикува неплодност, велат истражувачите. Паровите кои имаат проблеми со плодноста треба да практикуваат сексуални односи на секои два до три дена.

Одговори

Return to “Разно за неплодноста”