Глутенска нетолерантност како причина за неплодност

Кои испитувања се праваат во случај на неплодност, резултати од испитувањата на неплодност и што потоа.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Глутенска нетолерантност како причина за неплодност

Post by Debora » 09 Sep 2013, 18:22

Деновиве расчепкав за нетолеранција кон глутен и ме интересираше дали може да има влијание врз плодноста. Гглутенот е протеин, всушност композит од протеини, кој се среќава во зрната од пченица, рж, јачмен и др. житарки и во се она што се добиено од тие житарки. (процесирани сосови, адитиви, кремови, па дури и лекарства итн.)
Симптомите на нетолеранција на глутен може да бидат дигестивни: болки во стомакот, грчеви, подуеност, гасови, синдром на иритабилно црево, пролив, запек итн... но можат да бидат и од друга природа: главоболки, мигрена, раздразливост, изнемоштеност, трнење на дланките итн... има многу разни симптоми.
Се испитува преку крв или со биопсија на тенкото црево (бидејки ако има нетолеранција глутенот може да ги оштети цревните ресички, со што ја пореметува апсорпцијата на хранливи материи). Испитувањето преку крв понекогаш можело да даде и лажно негативни резултати. Може да се развие и болест целијакија.
Препорачуваат ако има сомневање за глутенска нетолеранција да се испитаат антителата пред да се смени начинот на исхрана, за да не се смират антителата во отсуство на глутен и резултатот да биде неточен.
Лекот е да се избегнува целосно глутен во исхраната. Всушност не е тоа лек, туку така исчезнуваат симптомите и ситуацијата се санира, а чувствителноста најчесто ќе си остане до крај на животот.
Ја отворам темата затоа што прочитав дека не е реткост нетолеранцијата на глутен да биде причина за необјаснета неплодност, ПЦОС, повторувачки необјаснети абортуси, машка неплодност...
Па ако некого го интересира може сам да истражи, еве само неколку линка:

http://www.easy-immune-health.com/glute ... ility.html
http://glutenintoleranceschool.com/glut ... pregnancy/
http://www.naturalnews.com/038170_glute ... rance.html
http://www.naturalnews.com/037361_sex_bread_gluten.html

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Глутенска нетолерантност како причина за неплодност

Post by Debora » 09 Sep 2013, 18:27

Во Здравје има и тема за безглутенска исхрана topic1228.html .

Одговори

Return to “Испитувања на неплодност”