Спермограм и спермокултура
Кои испитувања се праваат во случај на неплодност, резултати од испитувањата на неплодност и што потоа.
Moderator: Модератори
Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.

-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Спермограм и спермокултура
Post by Debora » 19 Jan 2010, 16:58
Прво испитување кога станува збор за брачна неплодност е правењето на спермограм и спермокултура. Значи задолжително пред жената да почне со испитувања, се прави испитување на кај мажот.
На тој начин ако причината за неплодноста е кај мажот, се поштедува жената од мноштво на покомплицирани и неугодни испитувања.
Со спермограмот се прави анализа на бројноста, концентрацијата, морфологијата, подвижноста на сперматозоидите, ликвефакцијата ит.н.
Со правење на спермокултура се дознава дали има присуство на патогени микро организми во ејакулатот.
НОРМАЛНИ ВРЕДНОСТИ НА СПЕРМОГРАМОТ
* Волуменот треба да биде поголем од 2 мл. Нормалните вредности за волуменот се од 2-6 мл.
* Нормалната вредност на pH е од 7.2 до 8. Ејакулатот е со базична pH вредност за да ги заштити сперматозоидите од киселата средина во вагината на жената.
* Концентрацијата на сперматозоидите треба да биде поголема од 20 000 000 во 1 мл. Иако овие вредности по препорака на СЗО во последно време се покачени на 40 000 000, сепак и кај мажи со помалку од 20 000 000 милиони сперматозоиди во 1 мл ејакулат може да дојде до природно зачнување. Врз ова секако влијае дали се добри другите фактори, односно морфологијата, подвижноста и сл. Мажите со концентрација на сперматозоидите од 10-20 000 000 се смета дека се со намалена плодност, а оние со помалку од 5 000 000 се сметаат за неплодни.
* Подвижноста на сперматозоидите треба да биде поголема од 50%.
* Виталитетот исто така треба да биде поголем од 50%.
* Морфологијата: треба да има над 60% сперматозоиди со нормална градба.
* Ликвефакција треба да настапи за 10-30 минути. Кога спермата ќе се најде на собна температура се згустува. Времето на ликвефакцијата е времето што поминува додека спермата повторно не дојде во течна состојба. Ако времето е продолжено може да ја намали плодноста.
* Прусуството на леукоците треба да биде помало од 1 000 000. Зголемениот број на леукоцити укажуваат на некоја инфекција.
http://www.tvoebebe.com/NEPLODNOST/maskaneplodnost.php

Re: Спермограм и спермокултура
Post by Debora » 19 Jan 2010, 17:00
ПОДГОТОВКА НА МАЖОТ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА СПЕРМОГРАМ
За да се направи спермограм потребно е мажот да даде примерок од ејакулатот. Се препорачува воздржување од сексуални односи 3-4 дена пред испитувањето, но апстиненцијата да не биде подолга од 5 дена. Неколкудневното воздржување пред испитувањето ќе овозможи поголем број на сперматозоиди во ејакулатот. Доколку апстиненцијата е подолга од 5 дена, во ејакулатот ќе бидат присутни повеќе мртви сперматозоиди.
Испитувањето мора да се направи во рок од еден саат откако ќе биде земен ејакулатот, а за тоа време не смее да се дозволи ејакулатот да се олади.
Ејакулатот се добива со мастурбација и директно се става во чист сад. Не смее да се употребува кондом, затоа што кондомите најчесто се премачкани со спермицидни средства и резултатот од испитувањето би бил погрешен.
Треба да се внимава да се стави целиот ејакулат, затоа што концентрацијата на сперматозоидите не е иста на почетокот и крајот. Почетните капки вообичаено се поконцентрирани. Исто така тоа ќе овозможи точно утврдување на неговиот волумен.
Доколку заради грешка се испушти дел од ејакулатот, ќе биде потребно испитувањето да се направи друг ден.
Доколку резултатот укажува на неплодност, испитувањето се повторува барем уште 2 пати, за да потврди дека навистина станува збор за неплодност. Понекогаш и кај плодните мажи заради разни причини може да се добие слаб спермограм. Токму заради тоа се прават неколку испитувања во рок од неколку месеци.

- Нов член
- Мислења: 2
- Придружен: 15 Apr 2010, 08:31
Re: Спермограм и спермокултура
Post by dimi » 15 Apr 2010, 08:39
Znae li nekoj da mi odgovori za moite rezultati? Imam samo 1,5 miliioni spermatozoidi, okolu 30% od niv se zivi i golem del se so izmeneta forma. Ima li sansa nekakva da se ima deca po priroden pat? fala vii
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Спермограм и спермокултура
Post by Debora » 15 Apr 2010, 10:02
Dimi најпрво добредојде. За оптимална апстиненција се смета дека е 3-5 дена, значи ако е еден ден резултатите се очекува да бидат послаби, иако се можни исклучоци како и за се друго. Јас не сум лекар, ама мислам дека 1.5 милиони е премалку за природно оплодување. Во секој случај најдобро е да се консултираш со стручњак од таа област за да ти каже подобро. Немој да се обехрабруваш, многу парови дошле до бебенце со ин-витро, а таа опција сигурно ќе може да помогне и во твојот случај. Не знам дали прашуваш за во иднина или сега се обидувате за бебе, ако е вториов случај се надевам дека што поскоро ќе се пофалиш со резултати.
Има некои работи кои можеш да ги направиш за да се подобри спермограмот:
Има некои многу едноставни работи кои можете да ги смените во начинот на живеење, а можат многу да придонесат за подобрување на состојбата:
* Престанете со пиење алкохол. Алкохолот влијае многу штетно врз создавањето на сперматозоидите.
* Престанете со пушењето. Дејството на никотинот е исто така многу токсично.
* Престанете со носење на тесен веш и почнете да носите боксерки. На тој начин температурата во тестисите ќе се намали, а тоа многу влијае врз плодноста.
* Немојте да се туширате со жешка вода.
* Редовно вежбајте.
* Воведете здрава, балансирана исхрана богата со цинк, селен, Ц витамин и Е витамин. Консултирајте се со Вашиот лекар за дополнително земање на овие елемени.
Кај мажи кои се придржуваат на овие препораки, за само 3 месеци може да има големо подобрување. Секако тоа многу зависи од причината за неплодноста.
Постојат и препарати кое може да помогнат. Најдобро е да се консултираш со специјалист. Дали е пронајдена причината за таквиот спермограм? Ако се знае причината може полесно да се интервенира.
Има некои работи кои можеш да ги направиш за да се подобри спермограмот:
Има некои многу едноставни работи кои можете да ги смените во начинот на живеење, а можат многу да придонесат за подобрување на состојбата:
* Престанете со пиење алкохол. Алкохолот влијае многу штетно врз создавањето на сперматозоидите.
* Престанете со пушењето. Дејството на никотинот е исто така многу токсично.
* Престанете со носење на тесен веш и почнете да носите боксерки. На тој начин температурата во тестисите ќе се намали, а тоа многу влијае врз плодноста.
* Немојте да се туширате со жешка вода.
* Редовно вежбајте.
* Воведете здрава, балансирана исхрана богата со цинк, селен, Ц витамин и Е витамин. Консултирајте се со Вашиот лекар за дополнително земање на овие елемени.
Кај мажи кои се придржуваат на овие препораки, за само 3 месеци може да има големо подобрување. Секако тоа многу зависи од причината за неплодноста.
Постојат и препарати кое може да помогнат. Најдобро е да се консултираш со специјалист. Дали е пронајдена причината за таквиот спермограм? Ако се знае причината може полесно да се интервенира.
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Спермограм и спермокултура
Post by Debora » 05 May 2011, 23:55
Тератозооспермија значи дека постои голем број на сперматозоиди со абнормална форма - морфологија. Јас најдов дека таа дијагноза се поставува кога помалку од 15% од сперматзоидите се со нормална форма. Ако се работи за умерена тератозооспермија може да помогне обично ин витро, ако се работи за потешка форма се оди со ICSI ин витро.
-
- Член
- Мислења: 103
- Придружен: 07 Mar 2011, 12:52
Re: Спермограм и спермокултура
Post by Nina » 06 May 2011, 00:46
Го најдов и јас тој податок, но и многу други.
Инаку морфологијата кај мм. е 25 (а на наодот пишува дека е нормално >30%)
Мислам дека не е страшна работава (confus) Само името на дијагнозата ме исплаши и збуни.
Незнам што да мислам :(

- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Спермограм и спермокултура
Post by Peperutka » 06 May 2011, 08:22
Nina,немој да се грижиш,таа дијагноза се лекува со антибиотици.И мм имаше таква дијагноза кога онака дијагностички направи спермограм и ја излекувавме со антибиотици.Гинекологот ќе ви каже што понатаму и која терапија,само после 3 месеци од терапијата мора пак да се направи спермограм за да покаже нормален наод.
-
- Администратор
- Мислења: 11056
- Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
- Му се допанале: 5853 пати
- Им се допаднал: 3576 пати
Re: Спермограм и спермокултура
Post by Debora » 06 May 2011, 11:02
Нина не е страшно штом има 25% здрави. Што ви кажа лекарот? Ве прати на дополнителни испитувања?
Инаку со антибиотик може да се помогне ако причината за тератозооспермијата е некоја инфекција, па со лечењето на инфекцијата да се подобри и спермограмот. Ама може да има и други причини, а често и да не се открие.
Во секој случај 25% се далеку од страшно.

Return to “Испитувања на неплодност”
Jump to
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива