Боледување по ембрио трансфер

Се што е поврзано со ин витро постапка, нашите искуства, клиники за ин витро, ин витро преку фонд и секакви други совети.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 13 Jul 2013, 14:49

Јас сакам да прашам нешто, до душа може е малку рано за тоа, но да си ги знам опциите на време.

Вака, јас официјално сум на колективен одмор до 12 август. Така ни следува на сите во нашето училиште со тоа што секој од вработените на различна дата отиде на одмор. Мене ми започна од 10 јули (ми следуваат 22 работни денови). Пред пункцијата и трансферот се ослободував од директорот некако, трансферот се погоди во петок - 28 јуни, потоа два дена искористив слободни од давање крв, ама до датата на одморот имам пет неоправдани денови отсуство (нормално во договор со директорот, и онака обврските веќе ми беа завршени), а боледување по трансфер со извештајот од Систина не зедов заради тоа што ми беше нелогично два - три дена пред одмор да останувам на боледување од 14 дена.

Е сега, дали имам право да барам болдување врз основа на бременост постигната со ин витро и колку ми следува најмногу? Ќе влијае ли тука тоа што не зедов боледување по ЕТ? И, кој го дава тоа боледување - матичен или Комисија?

Ве молам, кој е поупатен нека пише

saska075
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1714
Придружен: 17 Apr 2012, 19:48
Му се допанале: 335 пати
Им се допаднал: 614 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by saska075 » 13 Jul 2013, 15:24

Јас сметам ти да си почнеш на работа до 31 Август, и после кога ќе почне учебната година да си земеш боледување. И така сте само по неколку часа на работа, ( знам бидејќи ММ беше професор по физичко 2 години) и можеш по малку да забушаваш, да седиш повеќе на столица. После со комисија можеш да си истераш до крајот на Декември, Јануари нели дома, и таман проблемот е решен. Мислам ако може така кај вас.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 13 Jul 2013, 18:41

Добар би бил твојот совет да имаше клима на работа, ама нема и не се издржува од жешко. Па секакви фази - портокалова, црвена, нели за трудници се препорачува во гореештини да не работат. Периодот по 12 август секогаш е најжешкиот, а тука пак кај нас на југ (ner) (ner) (ner) И за другите предмети освен Физичко секогаш се наоѓа работа, верувај ми. И да сакам да си седам ќе се најде нешто за пишување или преведување. Не седиме туку така неколку часови иако тоа го мисли јавноста гледајќи ги вестите и она што го сервираат тие. Како и да е, фала за советот, не знам се уште што ќе правам. Јас се плашам боледувањето да не почнува да важи од ЕТ и од тогаш да ти бројат три месеци

Имамбебе???Ти што ќе кажеш на ова?

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 13 Jul 2013, 18:45

И уште едно појаснување иако не му е местото во оваа тема - јануари не го седиме дома како што сите си мислат, туку додека учениците се на распуст, за нас нема одмор, секој ден одиме на работа, освен празниците и тоа без греење за да се штеди (ама битно компјутери имаме (cl) ). А на лето имаме само 18 денови одмор, се добива плус еден ден за стаж, така да јас со мојот стаж имам 22 денови оваа година.

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by imambebe » 13 Jul 2013, 19:10

Јас мила тестот го правев на 3/12 , боледувањето ми почна од следниот ден, т.е. 4/12. 15 дена ми беа од матичниот, а потоа со извештај од Систина и предлог од матичниот бев на комисија и ми продолжија до 18 јануари. Ми побарале ново мислење од систина и со тоа ми продолжиле до 28 јануари. Притоа на мм му кажале на 29 јануари да донесе пак извештај од систина, предлог од матичниот и конзилијарно мислење исто од систина. Конзилијарното важи за два месеци па се обновува. Немав никаков проблем, мм носеше на време и така. Е сега лошо е што породилното ми го отворија порано, така стоеше во извештајот од комисијата- 45 дена пред веројатниот термин на раѓање. Се надевам добро објаснив, ама ќе си видиш со матичниот околу тоа, а и дали ќе доаѓаш кај Др Митко. Слободно прашај се што знам ќе ти кажам. Поздрав Лејла и погали го мешето од нас.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by Lejla7 » 15 Jul 2013, 10:09

Фала за одговорот Имамбебе, малку ми е појасно, само уште нешто да прашам

Таа Комисија е во Скопје, така? Што точно прави - те испрашува или преглдеува? Не се смеј, можеби се глупави прашањава.

Сега кога ќе одам во четврток во Систина може ќе треба да побарам извештај или тоа е оној извештај што го даваат по ЕТ?

Навистина не знам што да правам. Знам дека не треба да сум параноична и дека многу бремени си продолжуваат со работа, но јас оваа бременост ја чекав толку многу и не ми се ризикува. Плус, патувам до работа 15 км, а по жешково ме фаќа страв. Можеби е рано да размилсувам за боледување, но јас сакам на време да си ги разгледам опциите

imambebe
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1603
Придружен: 30 Apr 2011, 00:18
Му се допанале: 216 пати
Им се допаднал: 588 пати

Re: Боледување по ембрио трансфер

Post by imambebe » 15 Jul 2013, 18:11

Не се глупави воопшто. Да од систина ќе си побараш од докторот да ти пише за боледување, он си знае.
Комисијата е тука во Ск., ама може има и во др. градови, незнам. Они само го гледаат извештајот од Систина и си пишуваат боледување, не прегледуваат, кај мене мм носеше извештаи и земаше боледување.
Еднаш кога ќе однесите, после учиш се.
Поздрав и слободно прашувај.

Одговори

Return to “Ин витро и Наши дневници на ИВФ”