Кога е време за ин витро

Се што е поврзано со ин витро постапка, нашите искуства, клиники за ин витро, ин витро преку фонд и секакви други совети.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Debora » 04 Oct 2013, 09:39

Никого нема да бришам, па тука многу од нас имаат различни мислења и искуства, па пак сме заедно на форумов. (kup)

NadicaG

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by NadicaG » 04 Oct 2013, 09:51

бебуфче мене конкретно ќеми недостасуваш (sad1)
од каде оваа болка и повреденост,верувам беломорка не мислеше намрно да те повреди,многу лесно ни се повредуваат чуствата од погрешни заклучоци,јас ги почитувам твоите чуства,кога нешто сакаш нема правило дали го сакаш нештото на 22 или 42год.
Јас бев под 30години ,тогаш излегував од еденболен развод,таткоми мусе дијагностицира рак ,а почна воњата во македонија,единствено нешто што можев да се фатаме љубовта на Бог за мене.Знам дека одев по бебиња и толку блиску ќеима се доближев што сакав само да ги помирисам,но без да ме видат нивните мајки и да помислат нешто погрешно...............сега веќе не одам така по бебиња,но сеуште не си отишла желбата за нив,можеби и никогаш нема да јавкусам таа идила на топол дом и деца,но сепак ќе продолжам да чекорам исправена глава.Неми е криво за ништо во животот,иако не сум таму каде што сакам да бидам,само сакам дати кажам посакувам да можам даго вратам времето и да ги имам твојте години ,а ова искуство,но не можи,затоа и ти ќе научиш од овој пат и од од оваа болка многу,знам многуболи кога се чуствуваме безпомошни во врска со нашите најдлабоки желби,носетотоане враќанаона место кадетреба да научиме декамногу работи независат од нас.Мислам искрено да не се измачуваш повеќе те охрабрувам да направите инвитро,но сепак биди спремна само 30%успешност има кај инвитрата,се плашам да не бидеш поразочарана после тоа (sad1) Бог нека те благослови со убавината на Неговиот збор дека неротката ја населува во дом како радосна мајка на многуте деца.Амин (a2)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Miki » 04 Oct 2013, 10:01

Бебуфче wrote:... не сум размислила за оставање на цигари...
Јас уште ова да го искоментирам, не заради Бубуфче, заради сите.... докажано е дека пушењето и никотинот, и за двата партнера, и пасивно, и секакво... влијаат негативно и на зачнувањето и на плодот... тоа веќе не се ни дискутира, не е контраверзно и недокажано (како кафето на пр.) туку е факт.
Да размислуваш за ин витро, а да не размислуваш за оставање на цигарите... е во најмала рака чудно :( Не разбирам. Гледам по форумов, ние кутри посегнуваме по се што треба и не треба, проверени и непроверени работи (некои на безглутеинска диета се подвргнуваат...што за мене е екстремно тешко) за да си ги зголемат шансите...а од друга страна...вакви работи слушам.
Па прва работа што не прашаа кога почнавме... дали пушите, пиете,...?!?!

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Кога е време за ин витро

Post by Debora » 04 Oct 2013, 10:29

Ја раздвоив темава оти отиде во скроз друга насока.
Нема потреба од лутки и кавги. Сите си имаме различни мислења, искуства итн. и мора да се прифатиме со нив. ;-)
Има форумџики што многу си ги сакам, а за многу работи имаме различни мислења - тоа е дел од животот, да се прифаќаме во цел комплет и да се обидеме да се разбереме. (kup)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Lejla7 » 04 Oct 2013, 14:09

Бебуфче wrote:лејла колку што сватив ти се каеш за подигнатиот кредит оти е неуспешно инв за габе плакаш сега така ???
Мила Бебуфче, јас не се каам за ништо во животот. Зад себе имам и еден пропаднат брак, но не се каам дури ни за тој погрешен избор заради тоа што ако така не сум избрала немаше никогаш да го сретнам мојот сегашен сопруг, кој ми е благослов во секоја смисла на зборот. Не се каам за направеното ин витро, но тешко ми е што морам да плаќам се уште, а немам дете, тешко ми е што не сум била на одмор како човек две години, а работам многу, тешко ми е што ми се ускратени и многу други нешта што како млада жена би сакала да ги правам.
Ти побара совет, а јас се обидев да ти го посочам моето искуство како пример за добро да промислиш и да се преиспиташ пред да направиш било каков чекор кон ин витро. Да имаше мене некој да ме посоветува пред две години да не земам кредит и да не правам ин витро на приватно, сега би му била бескрајно благодарна. Не е лесно да си ги дадеш и последните пари за нешто што го немаш, а уште потешко е да работиш деноноќно за да исплатиш кредит пак за нешто што го немаш. Кога не си поминала низ такво нешто, не можеш да знаеш.

Никој нема да те осудува ако се решиш да правиш ин витро. Тоа си е твоја одлука и на маж ти. Но, бидејќи сте млади и двајцата и доктор мислам дека би ве посоветувал да пробате првин со инсеминации. Чинат многу помалку од ин витро, не се толку хормонски оптеретувачки и психички тешки, а се чекор до ин витро преку Фонд. Така да ем ќе правиш чекор кон дете, ем ќе си чекор поблиску до ИВФ преку Фонд што е во секој случај финансиски многу поолеснително. Мој совет секогаш е ако може да се заштеди, нека се заштеди. Оти не знаеш кога и за што ќе ти затребаат пари. Животот е тркало, еднаш си горе, еднаш долу, а тоа „долу“то подобро да го дочекаш на нозе за да не се мислиш после што и како. Во таа смисла беше мојот совет во врска со моето искуство.

Што се однесува до желбата за дете, Мааја многу убаво кажа, иста е и на 20 и на 30 и на 40 години. Јас сакав дете уште на 24. Мажена бев, се чувствував спремна и сакав. Тоа што друго испадна е друга приказна. После, кога се омажив пак, на 27 пак сакав дете. И сега сакам. Но не сум подготвена да ја дадам последната паричка за тоа, оти еднаш ги дадов дури и тие пари што ги немам и не ми беше убаво отпосле (smile) ве изгњавив сите тука со муабети за кредити и уште ве гњавам, сигурно не од што ми е лесно. Затоа мила Бебуфче те советував поинаку да направиш, но ти ако си решена, која сум јас да те спречам и да ти кажам како и што да правиш? Сите си ги живееме своите грешки, за жал

И уште за последиците од ин витрото. Кај некој се случува дебелеење поради хормоните, хормонален дисбаланс, не знам какви други физички последици може да има по здравјето, но знам дека има. Не е шега. Знам за случај кога жена поради хормонските стимулации од неколку ин витра си ја пореметила тироидната жлезда. Значи, навистина не се бонбончиња хормоните, затоа и потпишуваме толку страници согласност пред пункција. Да не зборувам за психичките последици. Јас ниту се здебелив ниту имав до сега други последици по здравјето (фала му на Бог) но психички не бев добра ни по првото ин витро ни по ова сега летово (кое заврши со киретажа, by the way). Еден период мислев дека ќе морам да поразговарам со психијатар,толку што ми беше тешко. Не можев да спијам, солзите ми беа постојано на очи, не знаев што да правам со себе, мислев дека животот ми нема смисла. Ова се први знаци на депресија. Фала му на Бог што и со ова успеав да се справам без психијатар и без лекови. Маж ми беше толку гневен поради сето ова што ми се кажа дека нема во животот веќе да помисли на ин витро штом вака реагирам на се и дека му требам здрава и среќна, а не болна и депресивна поради нешто во кое сме се вложиле со цело битие, а очигледно нема намера да се случи. Затоа, не ја потценувајте моќта на хормоните. Јас прифаќам да се употребат за виша цел, но ако се може на полесен начин, зошто да не?

Мислам дека ова сакаа сите да ти го кажат, а тоа што малку муабетот излезе од контрола е поради осетливоста на темата. И нормално секој со своето искуство и со своето размислување. Но немаме право да се осудуваме едни со други, а уште помалку да се осудуваме самите себе за нешта што сме ги направиле или не, или пак за нешта што ќе ги направиме или не

Поздрав и нема лутиш (smile)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

Re: Кога е време за ин витро

Post by belomorka » 04 Oct 2013, 14:16

lejla mnогу м исе допадна твојот текст, а уште повеќе тоа што како и сите тука, после падот и станала и повторно цврто стоиш на нозе. Брабо мила поздрав то тебе и голема гушка.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Lejla7 » 04 Oct 2013, 14:56

mimence wrote:cabe se parite ako ja nemash edinstvenata sreka vo zivoto i mecta za koja ziveeme
jas dadov 2600 evra..i voopsto ne se grizam za parite samo da ja vidam nasmevkata koja ja cekam 11 godini
ve sakam site i vi blagodaram za podrshkata
Ааа, Мименце, ќе те карам за ова. Не се децата единствената среќа во животот. Ами ако немаш сопруг, од каде деца? За некого единствената среќа е да си најде некој во животот, за друг да си најде работа, за трет сосема нешто трето...ама ваквите размислувања (дека децата се единственота животна среќа) прават од нас бездетните да биодеме аутсајдери во средината каде сите „идилично“ живеат со сопруг и деца и поширока фамилија. Звучи како рекламите на Владата. А реалноста не е баш така идилична

А за парите...еднаш не се грижиш, можеби втор пат нема да се грижиш, ама 4-5 пати по 2600 евра реално се многу пари, барем за мене. Лесно е да ги имаш, со алал ќе ги дадеш, ама ако немаш? Јас и маж ми често се шегуваме дека ако добиеме дете со ин витро ќе му кажеме да не ни бара пари за одмор, оти тие пари си ги потрошило пред време, таман како да сме биле на одмор во Дубаи и таму сме го направиле (rolll) Шега на страна, дај Боже да си ги видиш bfp уште сега и да немаш потреба да даваш уште пари, оти навистина е тешко да се издржат финансики последователни ИВФ обиди

Разбирам дека така си напишала од преголема желба за дете...разбирам колку го посакуваш...сите сме тука со иста желба

Ние сме врснички, а како што читам и случаите ни се слични. И јас еден период од животот изгубив без никакво лекување од стерилитет, но назад нема. Мора да гледаме напред.
Најискрено ти посакувам успешен исход bfp bfp bfp

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Кога е време за ин витро

Post by Happy^_^ » 04 Oct 2013, 16:02

Бебуфче, немој да ми се налутиш ама кога веќе немате проблем нели ти е поубаво детето да е зачнато и направено со водење љубов, гушкање, уживање... (love5) (love5) (love5)
Што и да се одлучиш, таа за тебе ќе биде најдобра одлука. Мене другарка ми вика па зошто не пробаш ин-витро (ner) (ner) (ner) Изгледа во денешно време многумина сметаат дека ин-витрото е најлесен начин за бебче...

mimence
Нов член
Нов член
Мислења: 36
Придружен: 02 Oct 2013, 10:00
Му се допанале: 8 пати
Им се допаднал: 5 пати

Re: Кога е време за ин витро

Post by mimence » 04 Oct 2013, 17:17

рефундирање na sredstva??mozi da mi obajsnite poveke za toa??

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Кога е време за ин витро

Post by Debora » 04 Oct 2013, 17:19

За рефундирање на средства има пишувано во Вашите искуства со ин витро или пак можеби е паметно да отвориме нова тема само за тоа и таму да бидат лесно достапни тие информации.

Одговори

Return to “Ин витро и Наши дневници на ИВФ”