Кога е време за ин витро

Се што е поврзано со ин витро постапка, нашите искуства, клиники за ин витро, ин витро преку фонд и секакви други совети.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Maaja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 343
Придружен: 23 Apr 2013, 18:52
Му се допанале: 116 пати
Им се допаднал: 97 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Maaja » 03 Oct 2013, 19:41

Еве и јас да се вклучам во дискусијата (tongue) Навистина е тешко да се каже дали треба или не треба да се размислува за ИВФ на 22, 24 ... години (confus) Мое мислење е дека секој има право да одлучи кога би се решил на ИВФ! Сите знаеме од прилика како изгледа целиот процес, неизвесноста и сл. Навистина ако реално гледаш 22год се навистина малку! АМА како пример си го земам мојот случај и јас имам 23 години .... еве веќе 2 години во брак.... 4 неуспешни инсеминации зад мене... и што сега? Следен чекор ми е ИВФ! Не дека природно немам шанси.... кај нас се работи за идеопатска неплодност .... ама секој што веќе влегува во брак си создава слика за семејство ЗА ДЕЦА! Пак ќе речам секој одлучува кога сака да има деца и тоа нема врска со годините, желбата за дете е иста и на 20 и на 40 год, можеби грешам ама тоа е мое мислење! Така да зборувам лично за мене не сакам никого да потенцирам или невредам АМА јас сигурно нема да чекам да поминат барем уште 10 год па да почнам да размислувам за ИВФ! Зошто, терапијата е таа и на 20 и на 40 г. А за последиците од овие хормонски терапии да не знае како да рече човек... Секој со својата судбина... само за пример ја замам тетками, значи жената ниту пиеше ниту пушеше ниту пак некоја хормонска терапија примаше, што се вика ни аналгин се немаше напиено нон стоп само на здрава храна и што се случи на нецели 40 год заболе од карцином на градата и за жал набрзо и почина... така да нема правила само господ да не чува со денешниов начин на живот! Простете на долгиов пост ама и мене некако ми тежи на душава мораше малку да ми олесни! позз до сите и се надевам никој нема да ми замери оти немам намера никого да навредам (a2)

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Lejla7 » 03 Oct 2013, 19:46

Ама Мааја, ти сепак си ги поминала понеинвазивните методи на асистирана репродукција, и следниот чекор нормално дека е ин витро...секако дека не треба да чекаш, јас жалам што не почнав на време со лекување, а не со ИВФ, ако почнев со инсеминации на 28, до сега може друго ќе беше...ама ми велеа да се опуштам само
Бебуфче сака директно да оди на ин витро колку што разбрав јас

Maaja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 343
Придружен: 23 Apr 2013, 18:52
Му се допанале: 116 пати
Им се допаднал: 97 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Maaja » 03 Oct 2013, 19:55

Во право си Лејла.... најискрено овие теми се толку тешки што човек навистина не знае што да прави, Како и да рече ќе згреши! Лично јас без инсеминации не би одела на ин витро освен недај боже непроодни јајцеводи ама за тоа пак се пробува со лапароскопија! Сепак колку и да е мала успешноста со инсеминациите некако самите доктори пополека те подготвуваат за самио процес на ИВФ. Сепак дирекно ИВФ мислам би било шок за организмот! Ама како што претходно напишав секој има право како ќе се бори за bfp Нас само ни останува да им посакаме успех на сите кои се во исчекување, дали природно, дали со инсеминација или пак со ИВФ! Среќно на сите

Бебуфче
Член
Член
Мислења: 132
Придружен: 17 Jan 2013, 13:46
Му се допанале: 37 пати
Им се допаднал: 59 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Бебуфче » 03 Oct 2013, 21:14

Lejla јас само побарав совет од вас! Да помислив на тоа не бев убедна дека одам сепак и таа одлука јас не би ја донела сама зошто тука е мм и моите нај нај блиски ! Го прифатив советот од сите дека е рано и од мм и од вас Ме свативте погрешно !!! И не реков дека треба да се самоубиме а реков дека треба да се бориме до крај значи ете и ти самата си земала кредит за инв значи сепак ке го дадеш и последното и ке се снајдиш по секоја цена тоа е мила мораме даље дали порано или подоцна мораме како што вика маја дали на 22 или 40 исто е само што тие 10 години времето си го изгубила залудно чекајки бебе јас сум таа што ке се борам до крај а натаки оставам на докторот и на господ !!!! Каналите ми се испитани и ми се супер не сум размислила за оставање на цигари и кафе зошто на мм другар и пуши по три кутии на ден и незнае колку да испие па и двете му се фатија на не сакајки мислам од пазење пазење значи како што е господ никој не во ред сме све со мм идам натаки со нови сили и со што и да е или инв или природно нека ми даде господ !!! Исто и јас им посакувам на сите срека

Бебуфче
Член
Член
Мислења: 132
Придружен: 17 Jan 2013, 13:46
Му се допанале: 37 пати
Им се допаднал: 59 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Бебуфче » 03 Oct 2013, 21:24

лејла колку што сватив ти се каеш за подигнатиот кредит оти е неуспешно инв за габе плакаш сега така ???

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 861 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by belomorka » 03 Oct 2013, 22:38

ejjj дебора ако сакаш можеш да ме избришеш ама детево веќе го тупи. аман ДА еве јас ке ти кажам јас се каам што 6 месеци плаќав рата за првото инвитро, од хормоните се здебелив поточно отеков цели 10 килограми, јајниците почнаа да ме болат секој циклус и резервите на јк ми се намалија напола.
а кога ке заработуваш сама од 8 до 4 на работа и кога сама дома ке переш пеглаш готвиш чистиш и со својата плата што ти си ја заработила ке успееш да си го платиш инвитрот тогаш ке разговараме, а до тогаш не ја блокирајте темава бидејки ептен забегавме. ТЕМАВА СЕ ВИКА вашето искуство со ин витро.

ilovebabies
Домашен член
Домашен член
Мислења: 597
Придружен: 05 Apr 2012, 23:53
Му се допанале: 159 пати
Им се допаднал: 194 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by ilovebabies » 03 Oct 2013, 22:51

Belomorce a be istroto go pomisliv i jas, ama si rekov aj da ne preteram, podobro da ne ostavam komentar, se cudam kako mozi nekoj tolku bez oset da bidi i da postavi takvo prasanje. I vo idnina se nadevam deka na temava ke citam ubavi i pozitivni iskustva od site sto imale potreba od ivf. (kup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Debora » 03 Oct 2013, 22:58

Беломорче како да бришам мила, тоа е твоето искуство досегашно, долгови, дебелеење, истрошени јајници... ама мила сега чекаме нешто поинакво и кога ќе дојде тоа ќе скокаме од радост. Знаеш со кој копнеж го чекам тоа и за тебе, за Лејла и сите други паталци. (a2) Како што се радувам за Сашка075 така ќе се радувам за сите, ЗНАМ дека ќе дојде тој ден, еден по еден за сите. Дотогаш за сите напатени души (млади и не толку млади ;-) ) една силна гушка. (kup)

Стварно забега дискусијава, ајде тајмаут и се враќаме на темава со искуства. (tap)

Бебуфче
Член
Член
Мислења: 132
Придружен: 17 Jan 2013, 13:46
Му се допанале: 37 пати
Им се допаднал: 59 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Бебуфче » 04 Oct 2013, 01:24

Е беломорка стварно ме навреди искрено да ти кажам се гледа тебе колку ти е важно фала на грубиот одговор не мора да те бришат тебе јас самата ке се отргнам од тука !!!! Колку си само ти тоа заинтересирана за бебе не ми се верува цццццц !!! А инаку да ти кажам јас доволно заработував работејки односно помагајќи на моите сигурно не сум татина маза да тие работат а јас лежам и се тегачам по цела ден кај мм си седев пола година дома ама сега и тука работам зборот ми беше дека јас сум спремна да одам до крај за бебе зошто сакам и не се каам за ништо греота е од господ да се каам за такви пари зошто ако си имала бебе сега дали ке си се каела да те прашам !!!! Тоа е од мене не сум зло памтило само да ви кажам затоа на сите ке ви посакам по едно бепче што поскоро сите да си ги видете bfp И да си се гушкате со вашите бебулиња а посебно на беломорка за да не се каи за без врска пари давање !!!! Дебора мила ти си жена со големо срце ако некогаш ми затребаш ке ти пишам приватна порака знам дека од тебе ке ја имам најголемата подршка за све и во добро и во лошо можеш слободно да го избришиш оваа ако е све грешка не сакам ич да се откажувам но по бундот на беломорка морам да ве напуштам знам дека не сум некоја што ке ви недостига (confus) !!!! Бидете сите поздравени све најубаво во понатамошниот живот уште еднаш сите со бебиња во рака да си бидете !!!!!!!!!!!!!!!!!! (l2) (l2) (l2) (prayer)

Бебуфче
Член
Член
Мислења: 132
Придружен: 17 Jan 2013, 13:46
Му се допанале: 37 пати
Им се допаднал: 59 пати

Re: Вашето искуство со ин витро

Post by Бебуфче » 04 Oct 2013, 01:36

Ах и да ти кажам дека јас сум сама на мојот спрат и никој не ми го направи и не ми го среди се е од потта на мм тој сам си заработува но платата му е супер затоа си имаше пари оставено настрана за што и да е а и ако те интерсира немам слугинка дома јас перам јас готвам јас чистам јас пеглам и сум осум часа на работа секоја ден па што ако сум за се имам време дури и имаме нива летото сум одела и по нива сум работела па што за мене работата не е проблем мила моја ако сама знам како да си ја поставам сега дебора те молам избриши ме !!!!!!!!!!!!!!!!!

Одговори

Return to “Ин витро и Наши дневници на ИВФ”