Имунитет

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Имунитет

Post by Радост » 17 Oct 2015, 01:39

Докторот е прва лига! Декоја пофалба за посветеноста со кои работи! Приватен е во Систина и познавам два случаи каде што децата ги има родено по втор пат, дословно.

Но јас сепак одлучив да го слушам оној другиот совет што и досега го применувам - природно. И нема да и давам ништо. Се надевам никогаш нема да има потреба.

Пробиотик можеш слободно, он убаво делува макар една недела само. Повремено и давам и јас уште за осетливото меше ама за семките не мислам дека треба ако детето е здраво.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Имунитет

Post by Tina9 » 17 Oct 2015, 05:49

Значи ни ц витамин капки не давате? Јас зедов од биоекстра. Пробиотик јас давам ако добие проливче инаку не. Тоа лгг во Нормиа го има и веднаш го запира проливот. Јас ѝ давам јогурт редовно.
Имам дома запишано природен рецепт за зајакнување на имунитетот. Се прави од лимони,мед и ореви. Дали да пробам со тоа?

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Имунитет

Post by Радост » 17 Oct 2015, 09:41

Tina9 wrote:Значи ни ц витамин капки не давате? Јас зедов од биоекстра. Пробиотик јас давам ако добие проливче инаку не. Тоа лгг во Нормиа го има и веднаш го запира проливот. Јас ѝ давам јогурт редовно.
Имам дома запишано природен рецепт за зајакнување на имунитетот. Се прави од лимони,мед и ореви. Дали да пробам со тоа?
Тина јас лани и давав витамин Ц скоро цела зима. Оној што и ти си земала.
Годинава нема да ми пројде зошто има одвивност на се што е кисело. Инаку можеш да даваш лимони мед и ореви, подобро нема. Ем природно ем е бомба за имунитетот.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Имунитет

Post by Tina9 » 18 Oct 2015, 19:49

Го направив и го пие. По три лажички во 200мл чај ѝ туривам и без проблем го пие. (joy) Дај Боже да има ефект.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2591
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 932 пати
Им се допаднал: 610 пати

Re: Имунитет

Post by Peperutka » 19 Oct 2015, 18:30

Јас на моиве им давам Ц витамин во капки Биоекстра,тие што и вие ги користите.
А сега на ФБ зборував со нивната матична,таа ми предложи сируп Имуно Б,дали сте го користеле?

Тина9 може рецепт за сирупот што го правиш(или што е тоа,од лимони,ореви и мед),на истава тема можеш да го напишеш.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Имунитет

Post by Радост » 19 Oct 2015, 20:21

Peperutka wrote:Јас на моиве им давам Ц витамин во капки Биоекстра,тие што и вие ги користите.
А сега на ФБ зборував со нивната матична,таа ми предложи сируп Имуно Б,дали сте го користеле?

Тина9 може рецепт за сирупот што го правиш(или што е тоа,од лимони,ореви и мед),на истава тема можеш да го напишеш.

Пеперутка а оти сируп? Не одат во градинка ... Често настинуваат? Инаку не сум слушнала баш за тој ...

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Имунитет

Post by Tina9 » 20 Oct 2015, 08:38

Пеперутка не би користела Имуно Б. Ако веќе земаш, ти препорачувам Киндеримун. Тоа е прашаче и се раствора во чај, млеко... На природна база е. Еве линк
http://www.demetra.com.mk/%D0%BA%D0%B8% ... %BB%D1%86/
Ќерка ми кога излеговме од болница беше многу лошо. Ништо ни јадеше, одвај пиеше (cry1) Многу тешко. Почнав со Киндеримун и после три дена почна да јаде, да пие, да игра. Најскап е, поголемата тегличка чини околу 1000 ден . Не се сеќавам точно дали ми траеше еден месец или два, мислам дека два месеци. Ако пишува дека се дава на деца од две години нагоре, можат и едногодишни да го пијат. По една меричка на ден.

Ова што го направив јас и јас како мала го имам пиено.

4 лимони (лупени)
1/3 тегла мед
100 г ореви

Се блендираат сите заедно. Ми излезе една тегла. И давам по три лажички на ден. Колку и да даваш мислам дека нема штета.

На линков има уште појак рецепт со истиве состојки плус лук и `ртена пченица, само не знам дали би пиеле маливе.
http://tocka.com.mk/3/174045/slaven-rus ... te-bolesti

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2591
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 932 пати
Им се допаднал: 610 пати

Re: Имунитет

Post by Peperutka » 20 Oct 2015, 10:48

Радост,не настинуваат често и не одат во градинка ама зимава сега ми е страв од настинки,вируси(нели како секоја мајка) па сакам имунитетот да им биде појак.
Што ми препорачувате за тој сируп?
Тина9 фала за рецептот (smile)

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Имунитет

Post by Tina9 » 20 Oct 2015, 14:53

Пеперутка јас немам слушнато за тој сируп. Се распрашав по пријателки и тие не го користат. Од тоа што имам читано, ако сирупот и други препарати се синтетички, организмот наш не ги искористува туку ги исфрла. За џабе пиење. Ако е на природна база е добро. Јас ти го препорачувам Киндеримун, ако веќе сакаш да даваш. За џабе да не ти се фрлени парите и децата само да се дујат без потреба. Јас не планирам да давам. Ќе пробам со природни работи. Ако почне често да се настинува, тогаш ќе земам и тоа, ако не, ќе гледам да поминеме така. Природно цедени сокови, зеленчук, овошје и не би требало да има проблем.

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 867
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 549 пати

Re: Имунитет

Post by Sashka » 21 Oct 2015, 15:26

Лани зимото кога не закачи сите некој гаден вирус и давав Пиковит имуно и плус Ц витамин и и го допи цело шишенце и толку. Е сега и со Ц витаминот треба малку да се припазува, може да им се вцрви газето ако се претера. Ми се случи кога беше поднастината, сабајлето и дадов капки Ц витамин, па потоа цел лимон, до вечерта пак и имав дадено лимон и вечерта газето и беше како на мајмунче (sad1) . Сега не планирам да давам превентивно сирупи, ќе си тераме со овошје и зеленчук само, а почнав да и давам и мед па се надевам дека убаво ќе тераме и вака.
Радост и Мерид, прочитав дека давате Вигантол, по колку капки давате сега? Не сум ја однела на конторла и немам поим како би одело дозирањето на оваа возраст отприлика.

Одговори

Return to “Здравје кај деца”

Кој е присутен

Овој форум го гледаат: Ниту еден регистриран член и 1 гостин