Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by Petra » 07 Dec 2012, 13:45

http://tvoebebe.com/BEBE/nega-na-zabi
Што е циркуларен кариес?
Циркуларен кариес ( baby bottle caries) е специфичен облик на кариес на млечните заби. Се шири кружно, зафаќајќи ја круната на забот по целата површина, поради што и има добиено назив „циркуларен кариес„.
Како настанува?
Храна – За да детето навечер полесно заспие во шишенце му давате чај, млеко или омилениот сок. Секако дека после тоа нема миење на забите, што претставува совршена подлога за развивање на бактерии и создавање на кариес. Главен причинител се рафинираните јаглени хидрати кои се составен дел од голем број секојдневни животни намирници, но и составен дел од сите слатки. Честите дневни и ноќни оброци, особено лошата навика да заспива детето и да се храни навечер преку шишенце со засладена вода, чај, сок или млеко доведуваат до брзо ширење на кариесот.
Родителите треба да ги променат лошите навики и режимот на исхрана. Превенција е редовна и правилна орална хигиена.
Слатките, шишенцата, цуцлите, сето тоа влијае кај малите деца да се јави кариесот. Здравите заби се особено важни за општото здравје на децата. За жал, расипаните заби покрај тоа што болат, може да предизвикаат и сериозни последици. Кариесот или расипаните заби настануваат како последица на разложување на забната глеѓ, а понекогаш и на дентинот. Споменатите забни компоненти омекнуваат како последица на дејствувањето на микроорганизмите врз забниот плак.

Сето тоа може, да им се случи и на детските млечни заби, почнувајќи од шестиот месец, па се до шестата година од животот на детето, кога се појавуваат првите стални заби. Поради тоа особено е важна хигиената
Циркуларниот кариес може да се спречи/ Совети за здрави заби
Родителите би требало од шестиот месец на бебето со памук и вода да му ги мијат забите
Миете ги забите на детето секој ден

Доколку вашето дете заспива со шише, во шишето нека има само вода. Соковите, млекото и вештачите формули содржат шеќери, кои пак кога се задржуваат на забите можат да доведат до појава на кариес.
Избегнувајте да му давате на детето многу слатки, бонбони и сл. Овошјето и зеленчукот се многу похранливи и се поздрава алтернатива.
Доколку на бебето му давате цуцла, немојте да ја потопувате во мед, шербет и сл. Тоа ќе доведе до задржување на шеќерот на забите, а со тоа и до полесно расипување.
Бидете упорни во обидот да го научите вашето дете дека чистењето на забите е многу важна работа. Сепак имајте впредвид дека иако можеби самото ќе сака да ги мие забите, нема да биде многу вешто. Затоа по неговиот обид да ги измие, вие направете го тоа уште еднаш, секогаш внимавајки дека ја исплукало целата паста.
Носете го детето редовно на прегледи кај стоматолог

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by happy cumulus » 07 Dec 2012, 18:06

Odlicen post. Pedijatarkata ni ima svrteno vnimanie na ova odamna. Zabi mieme uste od koga prvoto se pokaza, eve sega ne se buni voopsto, toa ni e kako del od ritualot pred spienje. Od ovie pricini prestanav i da mu davam na sinko mleko pred spienje. Mleko mu davam, ama posle zabi mienje i spienje.
Jas mislam deka i genot ima mnogu vazna uloga (apsolutno higienata e vazna, toa ne go porekuvam). Znam i deca koi piele mleko nokje do docni godini, pa nemale nekoi problemi so zabite. E mene me interesira, ako nekoj znae, ili ako ima takvi studii voopsto praveno, dali kvalitetot na trajnite zabi e povrzan so kvalitetot na mlecnite?

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by Petra » 08 Dec 2012, 12:29

Ова го најдов...
Никако не смеете да мислите дека млечните заби еден ден ќе се сменат со трајни и затоа да ја занемарите нивната хигиена, напротив, негата на млечните заби е многу важна. Млечните заби го трасираат правилниот пат на трајните заби и затоа со негата треба да почнеме од моментот на никнувањето на забот.
Многу родители сметаат дека млечните заби не треба да се поправаат зошто и онака ќе се сменат со трајни. Меѓутоа, сосема спротивно, расипаните млечни заби се еден од главните фактори за рано расипување на трајните заби. Ако трјниот заб никне во средина со многу кариозни млечни заби, веднаш е нападнат од кариогените бактерии.
Доколку млечните заби се загубат премногу рано, соседните најчесто се поместуваат на нивното место во вилицата. Во овој случај, кога ќе дојде време да никнат постојаните заби, за нив нема доволно простор. На овој начин се јавуваат збиени или искривени заби. Со млечните заби е поврзано правилното никнување на трајните.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by Petra » 08 Dec 2012, 13:03

Под секој млечен заб се наоча зачетокот на трајниот заб. Доколку не се лекуваат млечните заби,можат да се загрозат сталните заби кои се наоѓаат во процес на формирање.
http://i47.tinypic.com/22zsw4.jpg
http://i45.tinypic.com/2e5l4d0.jpg
Кога да се јавите на стоматолог
Штом ќе забележите бели дамки на секачите, особено е важно да го посетите забарот. Без интервенција од забарот, забите делумно почнуваат да се расипуваат, што доведува до воспала и силна болка.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by Petra » 08 Dec 2012, 13:13

Ние сме немале проблем со циркуларен кариес. Кај ќерка ми на млечните заби, на единиците горе имаше една тенка темна сива линија. Можеби и затоа што до 1,5 г беше речиси само на мајчино млеко. Цуцли и шишиња не користевме. Навечер никогаш не сум и давала засладени течности, кога ќе се разбудеше само ја доев. По слатките од секогаш не била многу стрвна. Можеби тоа придонело да се одржат забите во поздрава состојба. Подоцна од прилика на 4 годишна возраст имаше некои расипани заби, ја носевме навремено на стоматолог.

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by happy cumulus » 09 Dec 2012, 03:13

Petra wrote:Ова го најдов...
Никако не смеете да мислите дека млечните заби еден ден ќе се сменат со трајни и затоа да ја занемарите нивната хигиена, напротив, негата на млечните заби е многу важна. Млечните заби го трасираат правилниот пат на трајните заби и затоа со негата треба да почнеме од моментот на никнувањето на забот.
Многу родители сметаат дека млечните заби не треба да се поправаат зошто и онака ќе се сменат со трајни. Меѓутоа, сосема спротивно, расипаните млечни заби се еден од главните фактори за рано расипување на трајните заби. Ако трјниот заб никне во средина со многу кариозни млечни заби, веднаш е нападнат од кариогените бактерии.
Доколку млечните заби се загубат премногу рано, соседните најчесто се поместуваат на нивното место во вилицата. Во овој случај, кога ќе дојде време да никнат постојаните заби, за нив нема доволно простор. На овој начин се јавуваат збиени или искривени заби. Со млечните заби е поврзано правилното никнување на трајните.
Така и се сомневав, Петра. Благодарам за овие информации, срцка си (smile).

sunshine_2012
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1150
Придружен: 04 Jul 2012, 23:01
Location: Tetovo
Му се допанале: 547 пати
Им се допаднал: 733 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by sunshine_2012 » 09 Dec 2012, 05:48

ovie informaci epten se polezni. So mm epten se grizeme za zapcinjata na decat. Golemiot mi e 5 god i nema nitu nieden rasipan za, nitu pak beli tocki na zabite. Ne im davam sokovi, bonboncinja ili lizavki, blago na pr. kako cokolado im davam ne sekoj.David e 3 god nitu pak toj ima rasaipano zapce znaci istite pravila vazat i kaj negoi fala mu na Bog super im se zabite. i so Kaleb isti pravila samo dusicka toj ima ssamo 3 zapcinja i mu gi mijam so krpce i vodicka pa zablinite kakvi mu se iretirani mi e zal so cetka da go trijam.
super informacii :)

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by carina » 10 Dec 2012, 13:00

glavna pricina za nastanok na cirkularen karies kaj deca e koristenje na sokovi,zasladeni caevi,zasladeno mleko,i toa osobeno noke i podolgo vreme.kolku za pojasnuvanje,nokno vreme e namaleno lacenjeto na plunka a so samoto toa e namaleno i samocistenjeto.druga rabota e vremetraenjeto na kontaktot na sekerite so povrsinata na zabite.dokolku deteto zaspiva so siseto vo usta seprodolzuva vremeto na dejstvoto na sekerot i kariogenite bakterii,pa nastanuva defekt na obvivkata na zabite.
dokolku zabelezite beli damki na prednata povrsina na gornite zabi,toa se sanira so premackuvanje so specijalni lakovi,reverzibilno e .ponataka ke pocnat da potemnuvaat tie delovi ,da omeknuvaat,se sozdavaat kariozni suplini.toa se sanira na drug nacin,znaete kako.zatoa za da si gi zastitime decata od bolka i neprijatni intervencii vo ranoto detstvo,vnimatelno so upotrebata na sokovite i sisinjata

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by Mamino_srce » 29 Dec 2012, 20:14

Ме интересира дали некој имал искуство со овој крем. Инаку крем е на база на млечен калциум и кога е циркуларен кариес во почетна фаза се премачкува со овој крем неколку пати на ден и го сопира ширењето на кариес. Мислам дека и Карина спомна тоа во постот за тие специјални креми.
Е сега, ова крема може да се најде и во слободна продаја и е околу 1000 денари. Јас фала на Бог не забележав дека син ми има некои дамки, ама прашувам дали може да се мачка и превентивно, чисто да му бидат секогаш убави заби ? (smile)
Кикица, јави се :)
http://i46.tinypic.com/nq7gb7.jpg

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Циркуларен кариес-темни дамки на забите

Post by happy cumulus » 30 Dec 2012, 01:20

Јас не сум чула за ваков крем, се надевам Кикица ќе ни се јави со веродостојни податоци (smile). Јас лично чисто за превентива не би му ги мачкала забите ама. Превентива е правила исхрана и правилна хигиена на заби мислам.

Одговори

Return to “Здравје кај деца”