КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
lavanda
Нов член
Нов член
Мислења: 66
Придружен: 29 Jul 2012, 20:02
Им се допаднал: 11 пати

КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by lavanda » 24 Jan 2013, 16:33

zdravo forumki,
imame maka so krajnicite. Sinko (6 god) cesto strada od vospalenie na grlo i ne pratija na klinika kade eden doktor sugerirase vednas da gi zvadime, a drugiot dr ne e za vadenje na krajnicite. Zbuneti sme, ne znam sto da pravime. Ve molam nekoe iskustvo ili sovet. Pozz

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by carina » 24 Jan 2013, 21:20

лаванда ние имавме проблем со 3 кајник и на керка ми од септември до мај и беше затнато носето.и мене ми сугерираа операција ама јас не сакав ,еве оваа година се нема случено да и се затне носето.јас одев кај др.мери во влае.можеш да побараш мислење и од др.цекич.поздрав

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by happy cumulus » 24 Jan 2013, 22:37

Lavanda i jas bi pobarala vtoro pa i treto mislenje i moze bi dala malku lufta vreme da vidis kako ke se krajnicite. E sega jas moe iskustvo. Jas kako mala imav vospaleni krajnici tolku cesto, sto kako vcera da bese pamtam kolku bev maltretirana so inekcii i po doktori. Me operiraa na nepolni 5 godini, site tri krajnika mi gi izvadija i naglo mi olesna. Ottogas pa do pred nekoja gonina zaboraviv sto se toa inekcii.
I krajnicite si imaat svoja uloga i ubavo e da se tamu ako funkcioniraat kako treba i ako ne zadavaat maka. Ama ako dojde do tamu da non stop baraat lekuvanje, togas jas sum za vadenje.

lavanda
Нов член
Нов член
Мислења: 66
Придружен: 29 Jul 2012, 20:02
Им се допаднал: 11 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by lavanda » 25 Jan 2013, 11:01

Fala vi, i drugi mi go preporaca Dr. Cekic i ke odam kaj nego, pa da vidime sto toj ke kaze.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by Petra » 25 Jan 2013, 11:53

Лаванда ќе го напишам моето искуство. Ќерка ми порано имаше проблем со крајниците. Беше на 4 годишна возраст. Често се разболуваше и беше со терапија. Правевме алерго тестови, не покажаа алергија, а пак редовно примаше алергиска терапија. Ако ја прекиневме одевме на антибиотици. Беше лето кога лекарот рече сега не, оти е летен период, ама наесен ќе ги вадиме. Леле јас никако не бев за операција. (scared) (cry1) Се молев Бог да ја излечи и да не ја прават операција. И не е направена, нема проблем со крајниците повеќе, не прима алергиска терапија и не се разболува често. (joy)
Дај Боже и кај вас да се средат крајниците, да нема потреба од операција. (bu)

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by Nespretna » 25 Jan 2013, 16:31

И јас сум оперирана, на 8-9 години. Претходно ме издупија со инекции и со триста чуда... Е, како што вика Хепикумулус, стварно ми се олесни и немам примено инекција од тогаш, ама грлото ми е сега почувствително. Кога настинувам , прво на грлото сеќавам. Ама не е ништо страшно. Јас бев само со локална анестезија. А сега мислам дека и ласерски ги вадат, па не трае толку многу заздравувањето.

А можеш слободно да побараш и второ и трето мислење, ама сите доктори се со поделени мислења. Пола ќе викаат ДА, другата половина - НЕ. Значи на тебе останува....

Nadja
Редовен член
Редовен член
Мислења: 445
Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
Му се допанале: 9 пати
Им се допаднал: 52 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by Nadja » 17 Feb 2013, 12:10

Лаванда јас те советувам син ти да ги извади крајниците. Колку порано, толку подобро. Јас уште од мала имам проблеми со крајниците. Пред 3 години требаше да ги вадам, ама заради проблеми со крвта не ги извадив. Кога син ти ќе ги извади крајниците нема да има проблеми со грлото, освен кога се работи за настинка.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by ripcence » 30 Sep 2013, 20:07

И М имаше доста проблеми со крајниците, често се разболуваше дури имавме проблем и со слухот па завршивме во клиника, таму не советуваа веднаш да ги извадиме, ама бидејќи лето не ги извадивме. Пред две години прележа и Мононуклеоза-страшна работа, на клиника ни рекоа пак од крајниците е, бевме и кај др.Мери да не беше таа незнам што ќе правевме со детево. Најпоследно завршивме на инфективно во 8Септември, началникот рече никако вадење крајниците, ако прават проблем 1-2пати годишно не е страшно. Не ги извадивме, сега има 10год. уште и се големи многу ама немаме проблем.

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by Vesela » 04 Oct 2013, 15:27

Рипчеце, многу ми ја фалеа Др. Мери. Може ли да ми дадеш тел број, каде се наоѓа и дали работи со картончиња. ( карточиња веќе нема , ама така останало (laugh1) (laugh1) )

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: КРАЈНИЦИ: Да се вадат или не?

Post by ripcence » 04 Oct 2013, 15:31

Ние за прегледот, и ги пукна гноевите на крајниците и и чистеше секрет од носот плативме 1000ден. во таква паника бевме, детево крв плукаше и незнам дали барала картончиња, се наоѓа во порта Влае во зградите над зегин, еве ти број 070910332, и за фалење е, секој ден таа ми се јавуваше да праша како е М (а немораше) (smile)

Одговори

Return to “Здравје кај деца”

Кој е присутен

Овој форум го гледаат: Ниту еден регистриран член и 1 гостин