Page 1 of 1

Хрчење кај децата

Posted: 21 Apr 2016, 22:48
by Mari G
Можеби темава е отворена, ако е така може да ја поправам грешката и да пишам таму, ако не вие пишете ми дали се имате соочено со ваков проблем и како да се реши.Моето синче е 5 год. По некогаш хрче како возрасен човек, по некогаш нема никаков проблем, колку тоа е сериозно , а и да не е мора некако да се спречи, секако не е добро,а и искрено да ви кажам ми иде на нерви. Ајде мамички, некој совет...

Re: Хрчење кај децата

Posted: 22 Apr 2016, 10:06
by Радост
Мари, имате проверено трет крајник или зголемување на крајниците?

Re: Хрчење кај децата

Posted: 22 Apr 2016, 10:50
by Tina9
Трет крајник е проблемот. Торте моја има и многу хрчеше во спиење, а и со отворена уста спиеше. Ја носев во солена соба два комплетни третмани по десет посети на солена соба и повеќе ниту хрчи ниту спие со отворена уста. Нормално си дише. А, и првпат пролетва и зимава беше имуна на вируси, фала му на Бога.

Re: Хрчење кај децата

Posted: 22 Apr 2016, 13:14
by Vesela
'Рчењето кај мали деца е само од крајниците. Синко пред да го оперираме ( сите три крајника му се извадени) многу 'рчеше. Кутриот не можеше ноќе да диши. Откако ги извадивме, се е во ред. Нема 'рчење. Проверете си ги крајниците.

Re: Хрчење кај децата

Posted: 22 Apr 2016, 13:56
by Mari G
Ok фалаа, ке провериме тоа со крајниците. (unsure)