Page 1 of 1

Вродена срцева маана кај бебе

Posted: 29 Aug 2017, 16:35
by Emilija85
Имам внука од два месеци и утврдиле отвор на срце и ќе мора да се оперира да се изврши некој зафат за да се затвори. Дали има некој искуство со детска кардиохирургија. На клиника доаѓа др од Србија. А во Филип Втори др Иван Милев врши вакви операции. Многу одат во Бугарија или Србија, но мислам повеќе пред да почнат со вакви операции кај нас. Сега уште го чекаат др од Србија да видат што ќе предложи, па ќе бараат и други мислења. Ако има некој совет или искуство на оваа тема?

Re: Вродена срцева маана кај бебе

Posted: 30 Aug 2017, 14:10
by Emilija85
Не знам зошто никој не зборува на оваа тема, а не се малку деца кои се соочиле со овој проблем.

Re: Вродена срцева маана кај бебе

Posted: 03 Sep 2017, 07:52
by kit-kat
Најпрво жал ми е за малечкото и се надевам на брзо средување.
Немам искуство со оваа работа, но знам блиска моја пријателка- скоро дипломирана докторка волонтираше со д-р Владимир Чадиковски детски хирург. Тоа беше некој проект и работеа со странски тим во Скопје.
Знам дека направија огромен број успешни операции на деца со срцева маана.
Д-р бил доста посветен на својата работа. Сега дали е на клиника или Систина не знам.
Ова како насока. Посакувам успешен исход и набрзо да пишеш како е.
Поздрав (big-hug)

Re: Вродена срцева маана кај бебе

Posted: 09 Oct 2017, 01:22
by Член на форум
Тоа се операции кои рутински се изведуваат на Клиниката за детска хирургија. Секоја последна недела во месецот.

Re: Вродена срцева маана кај бебе

Posted: 31 Oct 2017, 22:55
by Медика
Какви рутински операции?
Какви успешни операции?
Убаво забележавте.Никој не сака да зборува за овој проект.
Операциите кај нас се во голем дел неуспешни!
Одете под хитно во Софија која е број еден на Балканот за лекување на деца со вродени срцеви маани!
И подалеку од Чадиковски доколку не сакате да ви ја украде среќата како што ни направи на нас!
Тој е само еден обичен демагог!
Не губете време оти оно работи против вас!

Re: Вродена срцева маана кај бебе

Posted: 12 Nov 2017, 17:54
by Член на форум
Треба малку подобро да се информирате пред пишувате вакви работи.
Конкретно ние бевме оперирани на Детска клиника и се си помина ок.
За 7 дена бевме дома.
Неделата се оперираа 5 деца и сите поминаа ок.
Поздрав!