Опоравување после царски рез

Се што е поврзано со периодот после породувањето, закрепнување, совети за постпородилниот период итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
ani4ka
Редовен член
Редовен член
Мислења: 427
Придружен: 14 Jun 2012, 12:09
Му се допанале: 98 пати
Им се допаднал: 204 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by ani4ka » 16 Sep 2013, 10:45

После царскиот многу бргу заздравев немав некои проблеми..во 10 и 10 се породив во 19 часот веќе станав. Но, еве поминаа 2 месеци а мене почна да ме боли, вакви болки на почеток немав. некои велат дека е од промена на времето и јас се тешам дека е така. имам како трнење како иглички ситни да ме боцкаат а плус и едно топченце како зрно грашок малку подолу кое не ме боли. Има ли некоја мамичка вакво искуство па да ме утеши дека не е страшно. бев уплашена да не е хернија (кила) на раната ама па немам некое големо топче.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by Peperutka » 17 Dec 2013, 18:50

Брзо се опоравив од царскиот.
Добро сега,царскиот е прилично комплицирана работа,се работи за операција каде се сече кожата,поткожата,се поместува бешиката за да се дојде до матката и се сече мислам долниот дел од матката(или така некако беше) за да се извади бебето.Се породив во Државна,каде се станува 24 часа после царскиот,јас мислам дека црви во газот добив од лежење,неможев да издржам а првото станување е тешко после царскиот,но колку повеќе после стануваш тоа е подобро.Ме изрушија од инфузии и инекции,нели за да се прочистам од анестезијата,за матката,за циркулација на крвта итн.Кога се вратив дома од болница,5 дена примав Клексан инекции,секој ден по 1 за да се спречи ризик од појава на тромбоза дека нели станува збор за операција.

carina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 726
Придружен: 20 Jul 2011, 08:21
Location: skopje
Му се допанале: 193 пати
Им се допаднал: 279 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by carina » 25 Mar 2014, 20:19

девојки еве поминати се 3 месеци а мене еден дел над левата страна од царскиот рез ми е отрпнат.претпоставувам дека е од резот,оштетени нерви.ме интересира дали има и други со ваков проблем или да читам по нет триста глупости па да почнам да закажувам триста снимања (nop)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by ripcence » 06 Apr 2014, 19:56

После две нормални породувања дојде ред и со царски да се породам.

Имам прашања...
После породувањето болките ги поминавме, станувам и се движам колку што можам понормално, чудно ми е што од десната страна ме боли сеуште внатрешно како да ме штипе-остра болка.
Главата ненормално ме боли, болката ја припишуваат на спиналната, ми рекоа да пијам по 2л течности, пијам ама и понатаму боли, почнува од рбетот па продолжува нагоре до тилот-неподносливо е, како притисок во главата од кој мислам ушите ќе ми пукнат.
Нозете од вчера ми се потечени многу, стапалата и глуждовите.
И уште, стомаков ми е како пача и поприлично голем, од кога и дали смејам да ставам мидер?

Се боцкам со клексан уште утре, а ми рекоа за болките кафетин, аналгин или кетонал, ама несакам да ризикувам. А задутре треба на трансфузиологија да проверам д-димери.

Нормално ли е сево ова?

Ninushka
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1095
Придружен: 17 Sep 2013, 17:00
Му се допанале: 988 пати
Им се допаднал: 697 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by Ninushka » 06 Apr 2014, 20:48

Да мила, се е нормално. Сестра ми исто така беше со спинална и се што наброја и неа и се случуваше. Мидер можеш да носиш и е препорачливо, само ако доиш не знам колку е паметно кетонал да пиеш. Факт е дека природно побрзо се заздравува него ли со царски. Сега многу мораш да се чуваш на почетокот и заборави на кревање тешко. Рачунај дека и на промена на време ке те боли раната. Така да сигурно и ова сонце-дожд исто така ти влијае.

b bebe
Член
Член
Мислења: 179
Придружен: 11 Mar 2013, 18:45
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 68 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by b bebe » 06 Apr 2014, 22:17

jas nekakako ne pominav lesno, a mislev deka ke nemam gajle iako zneav deka ke se poragam carski, denovite vo bolnica sega mi se kako vo magla, lele luge na nisto ne se sekavam a samo 2 meseci pominaa od poragajot, poima nemam ni muabet sto sum pravela, izgleda teska anestezija sum imala, pa i deka ne mi stavaa nekoi sredstva za smiruvanje na bolkite mislam deka mi bese poloso neli od pricina deka go cekame mlekoto da mi nadojde, stanav 10 saati posle operacijata i iskreno me bolese, so solzi se dvizev, ne znam ama ovoj pat popustiv ne deka mi e prv pat da bidam pod nekakava intervencija, no ovoj pat bev pocustvitelna na bolka, a sigurno edno 2 nedeli mi trebaa da se opravam, eve i sega ne go custvuvam mestoto kako otrpnato mi e, toa e mora da se pomine, ako treba zdravje i 2 poragaj taka znam sto me ceka, no ajde nekako ni dava sila toa sto sme go dobile od celiot ishod, mnogu si go sakam moeto bebence i morase neli nekako da izleze

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by maried » 07 Apr 2014, 10:26

Jas pominav mnogu lesno,stanav posle 24 casa,posle 5 dena bevme doma I odma pocnav sama da ja banjam malata,glavobolka nitu ednas ne mi se pojavi,dodeka zenata so se poragase vo ist den se ubi od placenje od glavobolka. Ripcence za kicmata e normalno mene uste me naboluva,isto I za glavobolkata,ako dois pij brufen ili paracetamol.

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by anabejbi » 07 Apr 2014, 11:25

Се што опиша е нормално, не се плаши (big-hug)
За мидер јас облеков по 3 недели и тоа го носев 2 дена само, првиот пат само 5 минути а вториот 10 и толку.
За болка дома не пиев ништо, а во болница ми ставаа мислам аналгин инекција, нозете и мене би беа многу отечени. И покрај болките и отоците сама се гришев за малото, многу ми беше тешко, така да ако може некој да ти помага најдобро е првите неколку денови (rad) додека да оздравиш.
Сеуште имам болки во половината понекогаш и после долго седење сеуште одвај станувам.
За клексанот и јас требаше да одам да проверам Д-димери, ама неотидов и на своја рака ги прекинав

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1926 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by Радост » 07 Apr 2014, 13:08

Еве ме и мене. (big-hug) Јас сум саглам мушена на кичмата и си имам маки се уште и затоа мислам дека не така ретко е да се имаат болки зошто многу нерви има тука.

Имав ужасни главоболки во болница, не можев ни да трепкам ама одприлика 10 дена по пораѓај ми престанаа.

Стомакот се уште ми е отрпнат и не го осеќам ама болките ужасни беа две недели, а после докај месец и пол беа периодични и послаби.
Убаво рече анабејби, нека ти помага некој на почетокот зошто ќе ти биде многу болно, а и од што не се штедев многу побавно закрепнав.

А стомакот ... исти како во 7-ми месец ми е се уште. (rolll)


Гушки од нас до двајцата. (big-hug)

b bebe
Член
Член
Мислења: 179
Придружен: 11 Mar 2013, 18:45
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 68 пати

Re: Опоравување после царски рез

Post by b bebe » 07 Apr 2014, 13:25

da i jas ne mozam da go simnam stomakot, ostanav bremena so 47 kila a se porodiv so 75 kila epten se popraviv, sega sum veke normalna ama stomaceto mi e napred kako topce ispaknato, e sega pak me pravat trudnica koga odam da kupuvam obleka duri i na prodavackite im e nezgodno koga ke me prasaat a jas im velam deka ne sum bremena hahaha demek stotuku se porodiv, pa dosega trebase da mi se simne, nisto togas ke ve poslusam vas ke nosam mider, mora nekako da se stegne na sila, a prethodno pred da zabremenam bev daska da ne recam, videte po kilazata, toa e...

Одговори

Return to “После породувањето”