Сексот по породувањето

Се што е поврзано со периодот после породувањето, закрепнување, совети за постпородилниот период итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Сексот по породувањето

Post by Annabel » 28 Mar 2010, 17:50

Еве да ви кажам дека долго време веќе не чувствувам болка на местото каде ми е направена епизиотомија, ама ме интересира, за колку време можам да имам секс со мм (ttc)

Знам дека после првата бременост, ни требаше извесно време да се адаптираме бидејќи при сексуални односи сепак чувствував болка, а и постои оној страв дека ќе ми се отвори раната (scared)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10998
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5787 пати
Им се допаднал: 3546 пати

Сексот по породувањето

Post by Debora » 28 Mar 2010, 17:57

Јас мислам дека и со и без епизптомија треба да се причека 40 дена. Ај ќе ја раздвојам темава, па споделувајте си искуства. (smile)

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Сексот по породувањето

Post by Annabel » 28 Mar 2010, 18:05

Па крварењето ми е речиси целосно намалено, речиси и да немам...

А може имаш право, ионака после 6 недели од породувањето треба да одам кај матичниот гинеколог на преглед, па таа најубаво ќе ми каже кога че ме види.

ММ е нестрплив, а богами и јас...некако си фалиме еден со друг (sr)

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Сексот по породувањето

Post by Petra » 01 Apr 2010, 15:51

Annabel мислам дека е добро да поминат тие 40 дена. (smile) Најдобро е да отидеш прво на преглед. Не дај Боже инфекции.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Сексот по породувањето

Post by Petra » 22 May 2010, 21:34

После породувањето секс имав дури по 70дена. Прво 40 дена немавме затоа што ми беше страв поради епизотомијата, некое време крварев... Бев многу уморна па така да и не ми текнуваше многу на сексот. (laugh1) Кога поминаа тие 40 дена мм отиде на вежба па плус уште 30 дена возджување. (rolll) Првиот пат по породувањето немав никакви непријатности при сексот. Се беше ок по неколку месеци без секс. (rolll)

srcka
Нов член
Нов член
Мислења: 29
Придружен: 27 Oct 2010, 11:50
Им се допаднал: 1 time

Re: Сексот по породувањето

Post by srcka » 27 Oct 2010, 23:03

nie imavme odnosi od ko se porodiv posle mesec i pol.Bev siena i vnatre i nadvor ,pa duri ne mi zarasna ranata nemozev da imam odnosi me bolese ama se pomina

Blaska
Нов член
Нов член
Мислења: 13
Придружен: 17 Jan 2011, 20:15

Re: Сексот по породувањето

Post by Blaska » 01 Feb 2011, 15:06

ПОМАГАЈТЕ!!!!!!

Немам баш желба за секс а поминаа 3месеци од породувањето. Прво крварењето околу 50 дена, после ставав вагинални и ништо. Но сега нема никакви пречки,(според него). Јас не само што немам баш некоја желба, плус и не се осеќам комотно,бидејќи живееме во гарсониера т.е соба и кујна и ми е неубаво детето спие а ние на 3 метри да имаме однос. Одморена сум, бебенцето ми е многу мирно навечер спиеме по 10h,значи не е физички проблем туку психички.........
ШТО МИСЛИТЕ ВИЕ? Сопругот е нестрплив веќе (sad1)

srcka
Нов член
Нов член
Мислења: 29
Придружен: 27 Oct 2010, 11:50
Им се допаднал: 1 time

Re: Сексот по породувањето

Post by srcka » 02 Feb 2011, 10:50

znam kako ti e i jas bev vo takva situacija.Ti samo opustise ,sega ti e cudno so deteto no se ke se vrati vo normala.Moeto ima sest meseci i uste mi e cudno ,prvo cekam da zaspie i da bidi vo drugata soba oti mi e neubo da ne gleda.Pomina teskiot period,sega koga mozis da imas odnosi uzivaj!!!!!

cvekence
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 20 Mar 2011, 08:55

Re: Сексот по породувањето

Post by cvekence » 20 Mar 2011, 09:26

Jas i mojot soprug isto taka seuste ne sme imale odnosi, iako eve veke skoro cetiri meseci ke pominat od moeto poroduvanje. jas isto taka nemam nekakva posebna zelba, no veruvam deka soprugot mozebi treba da ja razgori vo mene, so miluvanja, so neznosti. Mozebi kon ovaa situacija dopolnitelno doveduva i faktot deka mojot sopug seuste spie na kaucot vo dnevnata i pokraj toa sto naseto bebence si spie preku cela nok, navecer se budi poretko, a koga ke se razbudi ne place, tuku e mirno i si gleda. Od negova strana imalo nekolku pati interes, ama kako da dojde do intima koga nasata bliskost od porano ja nema (pa nie ni zaedno ne spieme).
Ete, koga zboruvame, toj me ubeduva deka problem nema nikakov, no vo realnosta e sosema druga pesna.
Ve molam pisete ako nekoj drug go ima istiot problem

Novatrudnica
Нов член
Нов член
Мислења: 43
Придружен: 15 Nov 2010, 13:29

Re: Сексот по породувањето

Post by Novatrudnica » 27 Mar 2011, 14:51

Вака те читам и се плашам предвреме. Јас сум 6 ти месец и ние не спиеме заедно , мм се плаши многу дека во сон ќе ме клоцне или удри. Секс многу ретко имаме и ни одблизу не е како што беше пред да затруднам. Си мислам дека , како што викаш ти ќе се навикне да си спие во дневна и интимниот живот ќе ни се уништи (cry1) Некој совет?

Одговори

Return to “После породувањето”