Менструален циклус после породувањето

Се што е поврзано со периодот после породувањето, закрепнување, совети за постпородилниот период итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
SIMONA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 273
Придружен: 27 Nov 2012, 19:01
Му се допанале: 73 пати
Им се допаднал: 81 пати

Менструален циклус по породувањето

Post by SIMONA » 20 May 2013, 16:56

Jas mislam deka dobiv vcera (ner)
Po poroduvanjeto se cistev 32 dena I eve posle edna nedela dobiv izgleda
Gi imav simptomite kako bremena zena I kako pred dobivanje,a I kicmata me boli
Neli malku rano?
Koga prv pat dobivte po poroduvanjeto?
So prvoto dobiv posle 6 meseci sega posle 7 nedeli
A bas si mislev letovo ke se spasam od vloski ama nisto
Utre zakazav na ginekolog,da vidam drogo nesto nedaj boze da ne e

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3238
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1700 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by kit-kat » 20 May 2013, 20:47

Симона јас добив после 9 недели од пороѓајот.Тоа е враќање на хормоните и телото во нормала.
И сега после киретажата брзо добив само после 25 дена.
Знам дека за влошките си (ner) ама да те утешам колку порано добиваш толку побрзо се слабее.
Јас до третиот месец имав два циклуса,ама и 20 кг помалку (rad)

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by Vesela » 21 May 2013, 10:53

од кога се породив добив после 3 месеци.Синко го доев само 1 месец. Пред да останам трудна добивав на 28 дена, а откако се породив на 30-33 дена.

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by Crnokosaa » 23 Nov 2013, 11:23

od poroduvanjeto krvarev do 40 dena , znaci do 24 oktomvri a menstruacija mi dojde po 3 ipol nedeli. na 19 noemvri znaci 2 meseci od poroduvanjeto, mislam deka e mnogu rano. (confus) Obilno imav tri dena, pa naednas mi prekina 24 casa I posle pak prokrvariv pa sega e temno kako kafenko .. Normalno e tolku rano ??

Sashka
Администратор
Администратор
Мислења: 867
Придружен: 01 Oct 2009, 22:08
Му се допанале: 1150 пати
Им се допаднал: 549 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by Sashka » 23 Nov 2013, 14:48

Јас крварев повеќе од 40 дена, со прекини и со варијации во обилноста, па ми дојде ( барем така мислам) некаде по 50 ден, па по 2 недели пак некој темен исцедок ... (ner) Здравје, треба да отидам на контрола па ќе видиме... Да напоменам дека доев само 2 недели и млекото ми прекина...

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3238
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1250 пати
Им се допаднал: 1700 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by kit-kat » 23 Nov 2013, 15:08

Црнокоса,да нормално е.
Јас добив 2 и пол месеци после пороѓај.
Сашка ти препорачувам да отидеш на контрола.
И на сите други,барем 2 месеца после породувањето. (smile)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by Peperutka » 17 Dec 2013, 18:39

Мамички да ве прашам за совет (bu)
Од породувањето поминаа еве скоро 7 месеци,на 24 Дек. полни седум а јас сеуште не сум добила циклус.Загрижена сум многу,се порадував да не сум бремена но направив тест и излезе негативен.После празниците ќе си закажам преглед во случај да добијам до тогаш.А чувствувам повремени многу слаби менструални болки.

stela
Редовен член
Редовен член
Мислења: 298
Придружен: 29 Apr 2012, 22:20
Му се допанале: 88 пати
Им се допаднал: 149 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by stela » 17 Dec 2013, 23:14

Пеперутка ако не се лажам јас и ти имавме ист термин,само што ти се породи порано. И кај мене е исто,и јас немам уште добиено,и бев на гинеколог 2-3 месеци по породувањето и се си беше ок. Исто така на моменти си правев филмови дека можеби пак сум бремена,но тестовите покажаа негативно. А болки имам повремено,слични на менструални,но послаби и без крварење. Мислев дека бар до 6 месец ќе добијам,ама еве веќе седми и уште немам добиено.Пребарував на нет,замисли има случаи циклусот да се врати и по 18 месеци,што значи дека се е во ред со нас,можеби сме среќнички што ќе одмориме од "вештерката"

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2598
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 935 пати
Им се допаднал: 613 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by Peperutka » 07 Feb 2014, 17:20

Првиот циклус по породувањето ми беше на 21.Дек и тоа многу обилно краврење (unsure)
Баш гледам,постот сум го напишала на 17 а на 21 добив и со тој прв циклус останав бремена (rad) (rad)

ani4ka
Редовен член
Редовен член
Мислења: 427
Придружен: 14 Jun 2012, 12:09
Му се допанале: 98 пати
Им се допаднал: 204 пати

Re: Менструален циклус после породувањето

Post by ani4ka » 28 Feb 2014, 14:10

Денес нешто ме чуди. Значи еве бебо е 7ипол месеци а јас сеуште немам добиено, но денес, а паметам нешто слично може пред еден месец пак ми се случи да имам овулација. Имам Дали ова значи дека за 15 дена ќе добијам или може да е нешто друго во прашање? Не верувам да е бременост бидејќи се чуваме.

Одговори

Return to “После породувањето”