Page 1 of 1

Повојница

Posted: 10 Apr 2011, 21:10
by Peperutka
Кое е вашето искуство на оваа тема?
Колку гости пречекавте,какви подароци добивте,дали имавте определено време за доаѓањето на гостите и сл?

Re: Повојница

Posted: 26 Apr 2011, 15:28
by mihaela
Кај нас гостите почнаа да доаѓаат уште првиот ден штом се вративме од болница.Мислам дека првите два три месеци скоро секој ден имавме по некој гостин и секој си доаѓаше кога сака и си одеше кога сака (rolll) Единствено првите четириесет дена се трудеа да си одат порано додека не е зајдено сонцето (laugh1) .А што се однесува за подароците претежно носеа облека за бебето и обавезно торта или колачи и по некоја бонбоњера,и сето тоа го изедовме јас и мм (drool) (jmp) (rolll) Мислам дека и затоа и килажата не ја намалив многу после породувањето (laugh1) (laugh1) Кај нас таков е и обичајот,нема утврдено време за повојница.Евентуално ако одлучат родителите да прават крштевка во првите дватри месеци па така да се соберат сите гости наеднаш.Знаете како е-колку побрзо се посетат бебето и мајката тоа значи дека им се укажува повеќе чест (thumbup)

Re: Повојница

Posted: 14 Nov 2012, 15:19
by Nadja
Кај нас доаѓаа гости уште пред да направи малиот 40 дена. На сите им реков дека не мора да чекаат да поминат 40 дена.