Постпородилно крварење

Се што е поврзано со периодот после породувањето, закрепнување, совети за постпородилниот период итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by Hera » 08 Sep 2012, 15:28

Денеска ми е 35-ти ден од породувањето. На почетокот крварењето ми беше многу обилно, потоа постепено си се намалуваше, ама се уште го имаше иако премина и во кафена боја. На 30-тиот ден стана пак многу обилно и еве се уште трае со црвена боја. Не знам како да препознаам дали е можно да ми се вратил циклусот затоа што немаше пауза. (confus) Не престана па пак да почне, туку си се надоврза ова. Сега ме фаќа страв да не ми е заборавен некој дел од постелката внатре ... Читам дека е нормално да има крварење два месеца, па не знам дали да чекам што ќе биде или да одам на гинеколог.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2603
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 940 пати
Им се допаднал: 618 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by Peperutka » 11 Sep 2012, 11:22

Хера,најубаво е да си отидеш на гинеколог,таман може да ти го направи прегледот што се прави по 40 дена од породувањето,т.е.да види дали матката си се вратила на своето место.
Јас крварев околу 20 дена,покрај крв имав и жолт исцедок кој е нормална појава.На неполни 2 месеци од породувањето добив менструација која ми е редовна.
За првиот преглед после породувањето може да отворам тоа зошто мислам дека немаме таква тема.

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by Mamino_srce » 11 Sep 2012, 11:37

Хера, ако е заборавен дел од постелката, викаат дека многу гадно мириса.
И јас имав такви периоди, кога се намалуваше крварењето, па пак почнуваше појако. СЕга веќе не се ни сеќавам колку ми траеше, ама мислам така некако околу 40 дена (unsure)
А ти сепак отиди на гинеколог, тој ќе те прегледа само со ехо и ќе види до што е работата, да не му ја мислиш.

Hera
Домашен член
Домашен член
Мислења: 736
Придружен: 20 Nov 2010, 23:27
Му се допанале: 89 пати
Им се допаднал: 75 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by Hera » 11 Sep 2012, 12:47

Ќе отидам на гинеколог другата недела сигурно, сега нема на кој да го оставам малиот.
Инаку пред да си одам од болница, кога дојде визитата им реков да ме проверат затоа што по 4 дена почнав да имам многу јаки болки од раната и многу обилно крварење и многу ми мирисаше грозно. Докторката ми направи преглед со рака ... леле и сега кога ќе се сетам морници ме полазуваат. Ме провери внатре со прсти иако јас не знам дали ако има остаток може да се напипа. Ми рекоа дека се е во ред. Кога си отидоа мислам дека рикав од болка од прегледот. Цел пораѓај го поминав цврсто и без солзи, од прегледот се утепав од плачење од болка. Затоа сега некако се туфкам и сум загрижена што се случува.

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by Mamino_srce » 11 Sep 2012, 13:19

(scared) И јас немам поим како може да те прегледа со рака, па не е тоа парче ко лубеница па да може да напипа. Што знам, најдобро ќе биде да отидеш на преглед што поскоро. Се надевам не е ништо, ама ете таму најдобро ќе види. Во секој случај би требало да се намалува крварење, а не да е ептен обилно.

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by happy cumulus » 11 Sep 2012, 20:03

Хера, отиди си на преглед за секој случај, ама најверојатно се е во ред. Тука викаат крварење може да има и до 8 недели. До 6 го рачунаат најнормално. Јас мислам дека крварев 5-6 недели, и обилноста варираше...

Nespretna
Домашен член
Домашен член
Мислења: 553
Придружен: 17 May 2012, 05:21
Му се допанале: 86 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by Nespretna » 06 Mar 2013, 22:14

Крварев 1 месец. И не многу обилно. Додека бев во болница, малку повеќе од циклусот, а откако си дојдов дома, по 3-4 дена, ми се намали мноуг малку, за по 2 недели да шетам со секојдневна влошка. Можеби оти бев царски рез, не знам... ама очекував повеќе.

majaatan
Член
Член
Мислења: 176
Придружен: 02 Nov 2012, 23:23
Location: Скопје
Му се допанале: 56 пати
Им се допаднал: 56 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by majaatan » 22 Apr 2013, 15:29

јас сум доста сечена долу, можеби има накај 20 конци а можеби и повеќе. Првите 4-5 дена крварев обилно ама ми рекоа дека е од раната а не од матката што е добро, па сега некако се намалува. користам ВИР 80 со мрежичката, сега и гаќи ставам, претходно не за да ми се луфтира раната...и секој ден по 5 пати се туширам и мирисот е неподнослив и помалку ми тече вака...па се замивам со филиолошки раствор и после со ациди борици. како и да е ми рекоа накај 10 дена ќе крварам па ќе видиме

majaatan
Член
Член
Мислења: 176
Придружен: 02 Nov 2012, 23:23
Location: Скопје
Му се допанале: 56 пати
Им се допаднал: 56 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by majaatan » 28 May 2013, 21:04

здраво женчиња...мене конечно ми заврши крварењето...не беше обилно ама си тераше до 40 дена...него сега друго ме мачи...имам некој исцедок како жолтеникав и си носам некојдневна ама луѓе мноооогу мириса...мислам тоа туширање и све и менување секојдневни ама МИРИСА на мртво (rolll) може звучи смешно ама каков мирис е тој неверојатен...и не ми е јасно??да не имам некоја инфекција во шиеното внатре ама не ме боли не ни осеќам веќе дека сум била шиена...па срам ми е да се соблечам по гаќи навечер да спијам, сабаје ќе мириса спалната и плус недај боже мм да ме допре таму...ауууу миризливо...да бегам на лекар а? и така планирав накај петок ама има некој што го имал ова гадново?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Постпородилно крварење

Post by Debora » 28 May 2013, 22:21

Majaatan јас не знам за ова, ама знам дека секако треба да отидеш на лекар на контрола по 40 дена. Оди, па нека ти кажат они дека е во ред. Те чекаме со добри вести. (a2)

Одговори

Return to “После породувањето”