Супер жена?

Општи теми за жената, размислувања за жената...

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Ninushka
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1095
Придружен: 17 Sep 2013, 17:00
Му се допанале: 988 пати
Им се допаднал: 697 пати

Re: Супер жена?

Post by Ninushka » 13 Dec 2013, 17:35

НЕ.
Никакви шаблони. Иако искрено сум на раб да станам тоа што се грото од луѓето. Онака, да си тераш по матрица и да не се умараш со друго. Месец дена се обидувам да станам тоа и искрено не ми оди од рака. Затоа мојот одговор пак ќе е -НЕ.
Еве ќе дадам жив пример. Една моја многу блиска личност имаше буквално скица во глава за тоа каква треба да му биде девојката, кој период од животот ќе ја наде...и се некако му беше испланирано. Нормално, на таа личност СЕКОГАШ и оди од рака.А верувајте ми, прекрасна личност е. Секој сака таков маж од збор до себе. И навистина-баш кога сакаше ја најде таквата. Јас не ни верував дека постојат такви жени. Ко таа. Значи не можеш ни да и најдеш најмала несовршеност. Почувам од ситница-2 год не сум ја видела со скршен нокт или лошо излакиран, до најбитните работи-карактерот-таа секогаш мирно ке произнесе свој став,помала е од мене 2 год а веке магистрираше и е препаметна девојка. На страна што е прекрасна и убава во секој поглед...дури е пресовршена. Но ..гледајки ја сваќам дека сето тоа е само за да е во шаблонот. Да не може никој за НИШТО да и најде маана. Затоа е таква.
А јас искрено? Па моментално косата ми е собрана у чвор, ноктите ми се излакирани но веќе неколку месеци немам долги нокти зошто работата ми ги искрши...и немам абер да правам се што таа прави. Поаѓам од тоа дека јас не можам во козметичко студио една депилација да доседам а не па подолго. Не трпам менѓуши,разно разни алки....не трпам вишак на мене. НЕкад...кога ептен сум расположена ај ке ставам. Али вака за секојдневние..јок.
И не се осеќам воопшто ко несупер жена зошто не сум во шаблон. Туку се осекам супер-зошто сум ЈАС.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Супер жена?

Post by Радост » 13 Dec 2013, 17:58

Нина (a2) впрочем и тоа е супер жена и ти си супер жена се додека си задоволна со себе. И се додека убаво се чувствуваш во своја кожа.

И мене баш ми е гајле за шаблоните, секако не ги разбирам. :)

Ninushka
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1095
Придружен: 17 Sep 2013, 17:00
Му се допанале: 988 пати
Им се допаднал: 697 пати

Re: Супер жена?

Post by Ninushka » 13 Dec 2013, 18:02

Така е Радост. Јас и симнувам капа на неа и навистина ми е многу драга личност. Но ако морам тоа да го правам за некој да ме нарече супер жена-онда дефинитивно не. Премногу е за мене тоа (smile)

NadicaG

Re: Супер жена?

Post by NadicaG » 16 Dec 2013, 09:25

како што напишав совршенство не постои ,освен Бог ,а кога некој ќе ми кажи за мене ,тој израз англичаните го имаат ,,really women ,, јас го дожививам за напрекрасната работа некој што ми ја кажал,знаете колку е реткост да бидиш безмаски,без шаблони ,без предрасуди,без комформизам во овој свет.........затоа кога некој ќеме наречи реаллѕ њомен,за мене тоа е најголемата убавина што некој можел дами ја кажи,зошто тоа значи дека сум без маски,сум доволно храбра да бидам своја,да бидам вистинска,не вештачка и да можам да кажам НЕ на притисокот на околината.
и едно нешто сум дошла до заклучок ,повеќето маски ,за менетоасемаски ,,да себиди совршен,, во суштина кријат многу длабоки последици од детството кај таа личност,многу свој празнини и пукнатини во себе (како немање на безусловна љубов додека растела од својте родители)ги прикрива и пополнува со овакви тенденции ,,да се биде совршен во се,,

Одговори

Return to “Жена - разно”