Како вашето прво дете реагира на приновата во семејството?

Општи теми за деца, кои не ни се опфатени во претходните подфоруми.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
MAMA_M
Член
Член
Мислења: 102
Придружен: 14 Nov 2009, 20:32
Им се допаднал: 1 time

Како вашето прво дете реагира на приновата во семејството?

Post by MAMA_M » 19 Nov 2009, 16:36

Откако се роди малата, и син ми почна да се однесува како помало дете, а има 7 год. Почна да зборува бебешки, да бара јас да го облекувам/пресоблекувам, во последно време цело време се жали дека нешто го боли, сака да го носиме по доктори....не покажува љубомора спрема сестра си, ја сака и сака да си игра со неа, ама ете веројатно се чувствува по малку запоставен и покрај тоа што се трудам него да му посветам повеќе внимание. какви се вашите искуства?

Annabel
Редовен член
Редовен член
Мислења: 490
Придружен: 09 Nov 2009, 21:21
Им се допаднал: 13 пати

Re: Како вашето прво дете реагира на приновата во семејството?

Post by Annabel » 25 Nov 2009, 00:01

Откако останав бремена за второ, Ива (сега 2г.и 4м.) ја учиме дека мама ќе и роди бебе, и она кажува дека нејзиното бебе е во мешето на мама и плива во водата. Дома имаме две елки, она кажува дека едната е на бато, а другата нејзина.

Знае да ми го бакне мешето, демек го бацува бато, и му зборува, а на крај обавезно знае да ми рече:"Мамам покриј го мешето", т.е.да ја спуштам маицата.

Вака изгледа совршено, ама мала е и нема претстава за тоа што значи навистина да се има бато. Искрено се плашам малку, ама ќе видиме како ќе биде. Се надевам оваа подготовка ни е добра.

Одговори

Return to “Разно за децата”