Чипс,смоки и други грицки

Општи теми за деца, кои не ни се опфатени во претходните подфоруми.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Чипс,смоки и други грицки

Post by Радост » 23 Sep 2015, 16:09

И мене и сестрите ми викаат дека сум ги поминала сите граници и како не ми било жал досега едно животинско да не и дадам, тек па останатите. За бесилка сме. (rolll)

Јас сакам да и купам киндер зошто со клипови од јутуб како деца отвараат киндер јајца долго време ја лажев да јаде. Е, ама проблемот ми е што гледајќи ги нив, кога ќе и купам да се радува и да отвара ќе сака и да ручка. И не ми се ризикува. :)

Сега сме во некоја меѓуфаза на храната, не сака каши ама не сака ни парчиња, се обидува да се пронајде што сака (rolll) и ми тестира нервите со секој оброк, па мислам дека било што од тоа ако проба само еднаш ќе направи поголем проблем. Инстант ќе се пронајде што сака. (rolll)

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Чипс,смоки и други грицки

Post by maried » 23 Sep 2015, 16:14

Чипс никако, смоќи ај еднаш неделно ако и донесат, чоколадо исто ако и донесат. Јас и купувам само грисинки, оти ете да не претерувам, а сака да грицка.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Чипс,смоки и други грицки

Post by ripcence » 24 Sep 2015, 00:32

Пробал и смоки и чоколатце, со големи јадачи на благо по дома невозможно е се да се сокрие. Смоки порано сакаше да си касне по највеќе 10, сега бара и му ги дава на папагалот, ги откри соленките нив ги обожава, му ја тргам солта и си грицка. Животинско царство добива едно редче само ако бил умен и го изел ручекот, се разбира тоа не е секој ден.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Чипс,смоки и други грицки

Post by Tina9 » 24 Sep 2015, 16:07

И мене ме сметаат за фрик (tongue) ама баш ми е гајле. Смоки, соленки има пробано само по гости кога одиме на роденден. Не можам да го избегнам тоа. Жал ми е кога ги гледа другите деца како јадат. Дома не купувам и кога ќе и донесат се обидувам да ги кријам. Се лутат роднините ама што да им правам. Еднаш дури малку се подискарав со една тетка од маж ми. Донесе смоки стоби флипс од големите и 3-4 лижавчиња (ner) И јас и велам, молим те нека се најаде, па дај и ги, зашто ќе бара да и отворам и нема да ми јаде. Таа вика па што дека, исто како лепче ќе ја заситит и цел ден ти ќе си си слободна (ner) (ner) (ner) Недај Боже. И реков така да си ги ранит внуците дома. Па уште, намити бабе смоки, мама лоша е не ти дават. Скраја да е. Им велам на поблиските дури носите смоки, чоколади и секакви шеќерни отрови, купете една банана или едно јаболко. Не разбираат.
Животинско царство и давам од време на време. Ретко бара, а и се знае само по ручекот и сама си има граница. Третина само го јаде. (love5)

Одговори

Return to “Разно за децата”