Re: Подготвителни часови

Разни теми поврзани со бременоста, облека, патувања, вежбање во бременоста, спремање за бебушите итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Ве молиме да се придржувате до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани , едитирани или префрлени во друга тема. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, ве молиме започнете нова.
Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Подготвителни часови

Post by Радост » 04 Nov 2013, 15:11

Изумив да пишам, прашав јас и не се плаќа. Сите часови се бесплатни. (part)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Подготвителни часови

Post by ripcence » 04 Nov 2013, 16:38

Радост ти се запиша, почна веќе, раскажувај како е, и јас сакам да одам-има време здравје, а една комшика ме вика да одиме на јога часови за трудници па се мислам. (smile)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Подготвителни часови

Post by Радост » 04 Nov 2013, 16:47

Се запишав рипченце ама не сум почнала, обично се чека по една недела минимум за термин иако има секојдневно часови. За тебе е рано сега, но да си знаеш дека после 28-ма недела може да се почне ( барем така вика тетката на телефон).
Ќе известувам како ќе одат часовите. (pipi)

anabejbi
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1522
Придружен: 21 Nov 2012, 17:19
Му се допанале: 462 пати
Им се допаднал: 850 пати

Re: Подготвителни часови

Post by anabejbi » 04 Nov 2013, 16:54

И јас се запишав почнувам на 07 ноември, Радост се гледаме таму (rad)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Подготвителни часови

Post by Радост » 07 Nov 2013, 21:45

Сепак нема да се гледаме (sad1) јас мислев повеќе часови неделно ќе се па ќе се затекнеме, а они биле еднаш неделно 4 недели по ред. Како помина ти денес?
Инаку да пишам, првиот час беше теорија, знаци за доаѓањето на бебето, од пукање на водењак до болки ... па се до детали за самото раѓање. Вториот час ќе сме имале дишење.
Засега ми се чини во ред, плус секогаш може прашања да се постават ако некоја за нешто не е сигурна, акушерката беше многу фина. Единствена замерка, според мене е што е дозволено и мажите да присуствуваат на часовите. Засега не би разглобувала зошто сум против, ќе го почекам и наредниот час за да си го потврдам мислењето. :)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Подготвителни часови

Post by Радост » 16 Nov 2013, 15:53

Рипченце, а и за останатите да напишам и за вториот час што помина. :) Јас сум задоволна од предавањата, акушерката беше многу фина и одговара на сите прашања, баш би сакала и горе во породилна она да ми се погоди. (brows)
Овој час беше за дишењето и вежбите како да си помогнеме кога ќе почнат болките. Јас иако имам читано доволно барем мислам, сепак часовите ми дојдоа некако поблиску до целиот чин и делуваат смирувачки. Кога нејзе ќе ја слушаш си мислиш дека само одиш, малку боли, даваш напон и ете ти бебче. (rolll)
Да си го потврдам мислењето зошто мислам дека мажите се непотребни на часовите. Сепак со нашиот менталитет малку е потешко трудници да се опуштат во просторија со непознати мажи и да се расчепат буквално за да ги направат вежбите. Акушерката ги покажа поединечно, па и вежбите со плус дишењето, а ние седевме и гледавме. Концептот е да се обидиме и ние да ги направиме за да не упати ако некаде грешиме. Вака ќе си ги правиме дома зошто сите останавме на место да си седеме. А она веројатно поучена од искуството не ни очекуваше некоја да легне до нејзе долу.

Јас би ги препорачала на секоја, зошто добиваш доволно, а губиш само саат и пол неделно.

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Подготвителни часови

Post by Радост » 23 Nov 2013, 20:23

Да напишам и за третиот час кој помина. Мене ми беше најубав. :) Часот се содржеше од моментот кога бебето ќе дојде на свет, до кога ќе си отидеме дома со него и првите денови на адаптација. (pipi) Зборуваше најмногу за доењето и за психичката припрема на родилката. Навистина беше преубаво предавање од скоро два часа и тетката која го држеше беше постара акушерка пред пензија и во очите и се познаваше колку бебиња има згрижено. :)

Изненадувањето беше зошто повеќе од пола трудница не дојдоа. Често се случувало само на часовите за дишење и пораѓај да идат. Веројатно мислат после дека се е лесно. (laugh1) Како и да е, останува уште еден час ... после ќе ми недостигаат. (scratch)

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Подготвителни часови

Post by ripcence » 23 Nov 2013, 20:29

Јас ќе си чекам до Јануари за часовиве, сакав да прашам кое време се одржуваат наутро или попладне, или има повеќе групи во денот?
Зошто ако е наутро нема да ни одговара. (scratch)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Подготвителни часови

Post by Радост » 23 Nov 2013, 20:48

Секогаш се попладне, најчесто од 18 часот. Само една група има дневно, а ротираат акушерките т.е секоја група како што јас сфатив има посебни акушерки и од нив зависи по кој тек ќе се одвиваат часовите. На првите два часа по 15 минути имаа презентација банките за матични клетки, а на третиот час само ни имаа оставено рекламен материјал со цени од трета банка. Свесни се и они дека наутро на многу нема да им одговара, не се грижи. (a2)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Подготвителни часови

Post by Радост » 28 Nov 2013, 10:15

Eве и за последниот час да напишам. :) Чекав малку да си средам сликите во главата за да не биде паничен пост. (scratch)
И овој час го држеше акушерката од претходно и околу половина час пак зборуваше за после породување, со тоа што одговараше и на прашањата. Ни ги објасни и техничките прашања со документи, ни ги покажа документите за излегување од болница и после следуваше возбудливот дел. Не беше ич возбудлив. :)
Првин не однесе долу каде што се амбулантите за прием, прегледи, ЦТГ каде што едно меше лежеше и имавме прилика и тоа да видиме. Не качи на спратот и рече да почекаме првин да виде каква е ситуацијата зошто претходната вечер била бурна, па сепак ... и плус да не најави. Сестрите беа како во филм насмеани, мислиш дека влегуваш во бајка ... се додека не ни ја покажа предпородилна каде што веќе имаше две трудници со солидни болки. После тоа следуваше презентација на боксовите, само еден беше зафатен и додека таа ни го покажуваше и објаснуваше трудницата се породи. Видовме и бебе штотуку излезено. Искрено јас не знам да доловам како се чувствував и не знам дали ми е полесно или потешко од тие слики што ми останаа во глава, од изразот на родилките, од врескањето нивно ... Во секој случај олеснувачки беше зошто навистина е се ново и чисто и не се добива впечаток дека си во Државна болница.
После препотувањата и тахикардијата, дојде поубавиот дел. Отидовме да ги видиме собите, кои исто така делуваат премногу убаво, а во ходникот носеа еден бебуш од 2.500 кг. кај мајка му. (lovet) Џуџе мило. (love5) Ни го покажаа и делот каде се бебчиња кои пееја во хор и изгледаа толку спокојно и убаво. Тоа беше и најубавиот дел од се. :)
На крај следуваше делот за испишување, каде се облака бебчето на одење и што треба да направиме и ни го покажаа делот за интензивна нега на предвремено родените бебчиња, но само од пред врата. Таму немаше потреба да се влегува, ниту пак некој има дозвола.

Во најкратки и најубави :) црти тоа беше последниот час. Утре во 19 часот има трибина за сите трудници од ноември месец и ќе зборуваат анестезиолог и педијатар, па ќе одиме и на тоа како завршно предавање.

Одговори

Return to “Разни теми поврзани со бременоста”