Храна на школско дете

Подфорум за децата од училишна возраст. Училиште, предизвици, недоумици, убави моменти и пофалби, совети и подршка.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Храна на школско дете

Post by ripcence » 02 Dec 2013, 10:54

Моиве деца се различни по јадењето, на пр С од секогаш бил дете што треба да се моли за да јаде, јаде се што ќе се постави за ручек ама тоа го јаде ради-реда зошто знае дека после има нешто блашко, на него дај му само чоколади да јаде тоа ќе му биде доволно, М исто јаде се и си јаде со сласт (се гледа по неа) од секогаш си била по јадењето, таа ужива во месо од секаков вид и секако приготвено, таа не јаде благо скоро ич, ќе касне еден ред чоколатце и му го дава на брат и останатото, сладолед не сака воопшто, ама па затоа е закон за овошје. Ме радува што и двајцата уживаат во спанаќ (а јас и мм не го јадеме) го правам само за нив. Млеко пијат од мали-само млеко, чоколадно, со чоко макс, со житарици...секако, и јогурт пијат.
Главно задоволна сум како јадат, внесуваат се од млечни производи, месо, зеленчук и овошје.
Грицки и блашко гледам да нема многу по дома зошто ќе ги сомелат додека има, С научил финта оди веднаш после школо кај свеки и обавезно се враќа со по некое благо-и после несака да руча (sneeky) И рековме да не му дава додека не е ручан ама оди разбери се со неа, па ајде најдовме компромис да не му дава цело пакетче туку по 1 Мачмало на пр.
Мислам дека сме немале период на нејадење нешто, знаат дека што е ставено на маса тоа ќе се јаде(нема јас не јадам ова па ќе спржиме јајце), иако негодувале за грашак, ориз и мусака.

И да, аронија им давам по 3зрна наутро, ич не ја сакаат се ми се чини само ја голтаат како таблетки. (tap)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Храна на школско дете

Post by kit-kat » 02 Dec 2013, 13:32

Синко до скоро јадеше се што ќе му дадев и тоа здраво како по книга.
Но за жал како расне се менува (sad1) Јаде некои здрави работи со молење и условување.
Сака манџи,чорби,зеленчук и овошје.За месо мака мачиме.
Но некако се префрли на благото (unsure) тоа не ме бендисува.Исто гледа на школо децата јаделе чипс и смоки,а само тој јадел од дома и тоа проја или солен кекс со спанаќ и кифлички.Не дека не ги сака ама некако како да се страми да ги носи.
Колку што моќам запнувам.Среќа не пие газирани сокови,само преку овошје ги прима.

Одговори

Return to “Училишна возраст”