Задоцнет развој кај децата

Деца со посебни потреби. За посебните ангели на земјава, место каде што се прифатени и децата и нивните родители. Место на љубов, помош и охрабрување.

Moderator: Модератори

Одговори
I-Z-I-S
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 22 Nov 2012, 13:18
Му се допанале: 1 time

Задоцнет развој кај децата

Post by I-Z-I-S » 22 Nov 2012, 14:38

Се работи за 6 годишно девојче , констатирана е хормозомска абнормалност без конкретна дијагноза. Детето се разбира со гестови, но сеуште нема развиен говор. Присутна е лицева дизморфија, моториката е уредна. Неможе да се сконцентрира и видно повремено е вознемирена .
Се вршат контроли од доктори во детската клиника во Скопје , но сеуште нема некој виден напредок .
Ве Молиме за ваше мислење, И доколку знаете за некои специјалисти , клиники или нешто друго, па и надвор од Македонија , ве молиме за помош.
Ви благодарам.

happy cumulus
Домашен член
Домашен член
Мислења: 759
Придружен: 13 Oct 2011, 04:57
Му се допанале: 83 пати
Им се допаднал: 169 пати

Re: Задоцнет развој кај децата

Post by happy cumulus » 26 Nov 2012, 16:17

Изис, прво, добредојде на форумов. Јас веројатно нема да ти бидам од некоја помош, ама знам како се чувствуваш кога бараш одговори кои неможеш да ги најдеш. За да му помогнеш на некого, потребна е прво коректна дијагноза. Јас не се разбирам многу во хромозомски абнормалности, ама знам дека ако е такво нешто во прашање, тогаш постои метода да се испита кој хромозом/и се дуплирани. Сте направиле ли такво испитување? Имам пријател што правеа вакво нешто во Скопје, во МАНУ. Комплетни резултати добија за околу месец дена. Извини што не можам да ти помогнам, оти незнам кај нас ни какви терапии се достапни. Тука во САД децата што се наназад во развојот примаат разни видови терапии. Од логопеди до физикална терапија, до окупациона терапија. А освен говорот, како е на другите полиња во споредба со врсниците?
Тоа што неможе да се сконцентрира е тiпично за деца со АДД (attention deficit disorder). Мислам дека тоа не е поврзано со хромозомално пореметување, ама се третира.
Извини што неможам да ти бидам повеќе од помош. Се надевам ќе најдете одговор наскоро.

I-Z-I-S
Нов член
Нов член
Мислења: 2
Придружен: 22 Nov 2012, 13:18
Му се допанале: 1 time

Re: Задоцнет развој кај децата

Post by I-Z-I-S » 04 Dec 2012, 14:26

Vi blagodarime za vaseto iskreno mislenje.

Одговори

Return to “Деца со посебни потреби”

Кој е присутен

Овој форум го гледаат: Ниту еден регистриран член и 1 гостин