Колку подои во текот на денот?

Зошто доење, совети, проблеми во доењето и се што е поврзано со доење на бебето.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Колку подои во текот на денот?

Post by Petra » 22 Dec 2010, 18:33

На колку часа и колку вкупно подои имате во текот на денот?
Оброците не мојата ќеркичка не ги мерев на саат туку ја доев секогаш кога ќе побара. Доењата беа долги можеби до околу 40 минути. Новороденчињата имаат потреба од многу често доење. Барем на секои два часа и тоа не според некој однапред определен распоред. Новороденчињата имаат многу мал желудник, затоа и имаат потреба од почести оброци. Треба да се има во предвид дека во споредба вештачкото, мајчиното млеко полесно се обработува во желудникот. Ако Вашето бебе спие и не побарало да цица цели 4 часа, разбудете го за да го надоите. Доеното бебе знае кога му е доста. Кога бебето се храни и кога му е доволно, тоа ја врти главата или го вади јазикот надвор, и ова значи дека бебето примило доволно храна и не инсистирајте да јаде повеќе.

mihaela
Член
Член
Мислења: 115
Придружен: 17 Nov 2009, 15:57
Им се допаднал: 4 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by mihaela » 01 May 2011, 16:36

Ние се доевме на секое барање,да не речам плачење (laugh1) и така да незнам по колку подои сме имале во текот на денот.Но искрено кажано,ако некогаш во животот добијам прилика да родам повторно,не би го доела на секое негово барање туку на одредено време,на пример на два или три часа без разлика дали плаче или не,затоашто сметам дека така би било полесно при одвикнувањето од доење.А сигурно би било полесно и при воведувањето на храна,детето полесно ќе стекне навика за јадење.

ELIANA
Редовен член
Редовен член
Мислења: 369
Придружен: 21 Dec 2009, 15:32
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 18 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by ELIANA » 16 May 2011, 20:55

Од раѓање во текот на 24h имавме 7 до 8 подои. Од сабајле до кај 23h, 6 подои, и преку ноќ уште 1 подој, а понекогаш 2. Од 10 недели кога почна да спие преку ноќ, преку ден имавме 6 до 7 подои. После 4 месеци мислам, 5 до 6 подои. До кај 6, 6 и пол месеци 5 подои, а после тоа до сега 8 месеци имаме 4 подои. И мислам дека се додека сакате да го доите вашето бебе, да немате помалку од 4 подои, за да не се намали млекото. Од раѓање цицаше по 40 мин, 20мин на града. Дури после 4 месеци почна побргу да цица.

Mau
Домашен член
Домашен член
Мислења: 592
Придружен: 09 Mar 2014, 12:47
Му се допанале: 47 пати
Им се допаднал: 334 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by Mau » 18 Aug 2014, 21:14

На секои 2 часа самата си бара да цица, некогаш и на саат време... Бидејки сме мали уште, ми кажаа да цица кога сака и колку сака. Се радувам што е лакома и немаме проблем (laugh1)

maried
Домашен член
Домашен член
Мислења: 823
Придружен: 12 May 2012, 01:22
Му се допанале: 192 пати
Им се допаднал: 422 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by maried » 18 Aug 2014, 21:35

Мау, баш ми е мило што е лакома, нека си цица со сласт. Ќе имате период кога и на 15 мин ќе бара, ама ако сите го поминуваме :-) Гушни ја Ники ;-)

Crnokosaa
Домашен член
Домашен член
Мислења: 572
Придружен: 11 Nov 2012, 22:16
Му се допанале: 102 пати
Им се допаднал: 236 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by Crnokosaa » 19 Aug 2014, 13:37

Г од 10 месеци наваму несака многу дневно доење, навечер станува два пати и си цица а дење му давам јогурт обавезно , сирење , зденка , да внесува повеќе млечни производи . Друго млеко не му давам никакво .

hrizantema
Домашен член
Домашен член
Мислења: 516
Придружен: 01 Nov 2013, 11:44
Му се допанале: 150 пати
Им се допаднал: 252 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by hrizantema » 15 Jan 2015, 15:08

Мамички ај ако може совет или ваше искуство,мојата бебушка уште два дена ќе прави еден месец и оваа недела нешто ми бара да цица на секој саат,таман сме завршиле со еден подој и додека ждригне,малку да поседи и почнува да кенка и да се врти со главата да бара да цица.Незнам дали е гладна,не и стига ли моето млеко или не се дојадува бидејќи знае и да заспие на града,не сум паметна што и е,цело време сме на цице,а јас мислам дека ме исцадува оти градите како да не ми се полни и еднаш и давам и АД ама после еден саат пак бара да цица и многу често ми враќа назад од млекото (confus) (confus) ,се надевам ќе помине оти само тоа правиме,еве за некој ден ќе ја носам и на педијатар да видам дали напредува.Инаку кака и мочка често

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1127
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1340 пати
Им се допаднал: 892 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by ripcence » 15 Jan 2015, 18:02

Хризантема јас никогаш не сум гледала на саат кога и колку цица А(малку кренав узбуна на 3месеци кога му беше скокот ама тогаш он беше мислам дека цело време закачен за мене), најдобар показател за гладно/најадено бебе се пелените, штом убаво си ги полни нема место за паника, а и кога ќе ја однесеш на мерење за сигурно ќе знаеш.
(big-hug) растете и цицајте (smile)

Miki
Домашен член
Домашен член
Мислења: 600
Придружен: 09 May 2012, 17:27
Му се допанале: 33 пати
Им се допаднал: 133 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by Miki » 15 Jan 2015, 21:24

Веројатно е скок во развој. Не давај АД, ќе има доволно млекце. И нека цица колку сака кога сака.

Tina9
Редовен член
Редовен член
Мислења: 318
Придружен: 11 Jul 2014, 15:50
Му се допанале: 94 пати
Им се допаднал: 177 пати

Re: Колку подои во текот на денот?

Post by Tina9 » 17 Jan 2015, 11:46

Не ми е јасно колку треба да цица годиначе. Пред една недела наполни годинка, но се уште многу бара да цица. Цица наутро по будење, двапати преспива во текот на денот и без цицање никако не спие, потоа вечер за добра ноќ и безброј пати во текот на ноќта. Залепена е за цице. Читав дека по годината требало да пијат не помалку од 500мл и не повеќе од 750 мл. Од каде да знам колку таа пие и како да и го намалам цицањето? Ве молам за свое искуство или мислење.

Одговори

Return to “Доење”