Првите денови од доењето

Зошто доење, совети, проблеми во доењето и се што е поврзано со доење на бебето.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Одговори
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Првите денови од доењето

Post by Petra » 01 May 2011, 00:59

Иако доењето е природна работа, сепак подобро е кога жената уште во текот на бременоста ќе научи за оваа техника. Тоа ќе помгне после породувањето да се избегнат можни проблеми и ќе биде поспремна.
http://tvoebebe.com/BEBE/polza_doenje.php
Доењето треба да започне веднаш по породувањето. Бебето кога ќе се роди знае да цица. Иако веднаш по пораѓајот можеби нема да имате млеко треба бебето да се става да се дои. На почетокот од градите се лачи жолтеникава течност-колострум, која има голема важност за здравјето на бебето. Имам слушнато дека го нарекуваат првата вакцина на бебето. Тоа што во почетокот можеби ќе немате поголеми количини на млеко нека не ве загрижува. Наредните денови по породувањето ќе надојдат поголеми коичества на млеко во градите. Бебето треба да се става често на градите и да се дои од двете дојки.
Не треба да се додава вештачко млеко, ниту пак вода. Се што му е потребно на бебето се наоѓа во Вашето млеко. Ако му давате додатоци може да му се намали желбата за цицање, а со тоа ќе се намали и производството на млеко во Вашите гради. Колку повеќе го доите бебето, толку повеќе ќе се создава млеко.
Веднаш кога се породив ми го ставија бебето на градата, и тоа знаеше како да цица. Почна да ја отвора устата веднаш штом ја намириса. Прекрасно е тоа чувство. (love5) (lovet) Уште во 7 месец на бременоста имав млеко. Жолтеникава течност се лачеше од градите и јас знаев дека имам млеко. По пораѓајот ја ставав ќерка ми често да ја дојам и се учев како правилно да ја доам. Но првите два дена ми ослабе. Педијатрите ме прашуваа мајка имаш ли млеко? И им викав имам. И ме прашуваа зошто тогаш слабее. Вториот ден пак ослабе и ми рекоа ако не се поправи наредниот ден ќе не задржеле повеќе во болница. А јас ич ама ич не сакав да останам. Едвај чекав да си отидеме дома.Тој ден се доевме повеќе. И вечерта кога спиев се разбудив од млекото што ми дојде. Немав поим како е кога доаѓа млекото. Тогаш го земав бебето и ја надоив вечерта, утрото пак и кога дојдоа на визита беше поправена и не пуштија дома.
Ви посакувам успешно доење. (bu)

iva-iva
Нов член
Нов член
Мислења: 94
Придружен: 03 Dec 2013, 17:59
Му се допанале: 16 пати
Им се допаднал: 25 пати

Re: Првите денови од доењето

Post by iva-iva » 04 Jan 2014, 01:56

Ти благодарам петра навистина корисни информации, добро ми дојдоа :)

Одговори

Return to “Доење”