Брзи и вкусни јадења

Moderator: Модератори

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by kit-kat » 08 Jul 2013, 15:21

ПОЛНЕТИ ПИПЕРКИ СО ИЗВАРКА(УРДА)

Во плех се редат пиперки колку што бери плехот.Се чистат од семките и дршките.
Во сад се меша изварката со неколку јајца,се посолува и се става малку масло.
Со таа смеса се полнат пиперките па одгоре се попрскуваат со масло.Се става еден филџан вода,се покрива со алуминиумска фолија и се печи околу 30 мин,додека да омекнат пиперките.
Потоа се вади фолијата за да потпечат пиперките уште 15 минути.
Лесно и вкусно (drool)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by kit-kat » 09 Jul 2013, 10:10

ЕКСПРЕС КРОФНИ

2 и пол чаши брашно
3-4 јајца
1 прашак за пециво
1 чаша јогурт

Се се меша па со лажица се туриваат во загреано масло и се пржат,но не на многу силен оган.
(на ел.шпорет ако подесивачот на ринглата е од 1-6 на 4 се пржат)

Се вадат на чинија оближена со кујнска хартија или салфета,за да се упие маслото.
Неутрални се па се јадат по желба со сирење,слатко,еурокрем,шеќер во прав (drool)

Радост
Модератор
Модератор
Мислења: 2203
Придружен: 23 May 2013, 07:48
Location: Скопје
Му се допанале: 1320 пати
Им се допаднал: 1927 пати

Re: Што имаме денес за ручек

Post by Радост » 23 Jul 2013, 13:34

Би сакала и јас Весела да го стави рецептот, еве и јас ќе го напишам оној по кој го имам правено. :)

За кофтето
500 гр. мешано мелено месо
2 јајца
50-60 гр. ориз
по вкус зачини - бибер, сол, вегета, магданос, малку лук,малку црвен пипер

За сос
1/2 глава кромид
3 лажици брашно
4 патлиџани
по вкус бибер, вегета,магданос, лукче,

За панирање
2 јајца
5-6 лажици брашно


Подготовка на кофтето
1. Подварете го прво оризот, но да е полуварен.
2. Додадете во месото оладениот полуварен ориз, додајте 2 јајца, зачините кои вие сте ги одбрале, измешајте, направете ќофтиња во големина која вие ја сакате.
3. Сматете ги останатие 2 јајца и секое ќофте прво увалкајте го во брашното, па во јајцето и пржете ги на зејтин.
4. Откако сте ги испржиле сите ќофтиња, во истиот зејтин здробете или изрендајте кромид, ставете во истиот зејтин да се пржи заедно со брашното. Кога кромидот ќе добие зацрвенети ивици значи и брашното е испечено, залејте со вода да добиете не многу густ сос, додадете го изренданиот патлиџан, зачинете и оставете да проврие.
5. Истурете во тавче сосот кој што сте го добиле, додадете ги готовите ќофтиња и ставете во рерна да крчка. Кога сосот веќе изврел скоро до половина и ја добил саканата густина - извадете од рерната.

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Што имаме денес за ручек

Post by Happy^_^ » 23 Jul 2013, 14:16

Радост wrote:Би сакала и јас Весела да го стави рецептот, еве и јас ќе го напишам оној по кој го имам правено. :)

За кофтето
500 гр. мешано мелено месо
2 јајца
50-60 гр. ориз
по вкус зачини - бибер, сол, вегета, магданос, малку лук,малку црвен пипер

За сос
1/2 глава кромид
3 лажици брашно
4 патлиџани
по вкус бибер, вегета,магданос, лукче,

За панирање
2 јајца
5-6 лажици брашно


Подготовка на кофтето
1. Подварете го прво оризот, но да е полуварен.
2. Додадете во месото оладениот полуварен ориз, додајте 2 јајца, зачините кои вие сте ги одбрале, измешајте, направете ќофтиња во големина која вие ја сакате.
3. Сматете ги останатие 2 јајца и секое ќофте прво увалкајте го во брашното, па во јајцето и пржете ги на зејтин.
4. Откако сте ги испржиле сите ќофтиња, во истиот зејтин здробете или изрендајте кромид, ставете во истиот зејтин да се пржи заедно со брашното. Кога кромидот ќе добие зацрвенети ивици значи и брашното е испечено, залејте со вода да добиете не многу густ сос, додадете го изренданиот патлиџан, зачинете и оставете да проврие.
5. Истурете во тавче сосот кој што сте го добиле, додадете ги готовите ќофтиња и ставете во рерна да крчка. Кога сосот веќе изврел скоро до половина и ја добил саканата густина - извадете од рерната.
Ќе се обидам да направам (rolll) Може благодарение на вас ќе биде домаќинка и од мене dance

Vesela
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1599
Придружен: 06 Mar 2013, 12:00
Location: All around the world :)
Му се допанале: 294 пати
Им се допаднал: 689 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Vesela » 23 Jul 2013, 14:27

Еве го рецептот (thumbsup) (thumbsup) (thumbsup) (thumbsup) . Тој е истиот само што јас не го ставам во рерна туку оставам во тенџере изврие до саканата густина. Понекогаш како зачин ставам и оригано и босилек што му дава посебен вкус.
(drool) (drool) (drool) (drool) (drool) (drool) (drool)

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by kit-kat » 23 Jul 2013, 14:49

Бело макало со пилешко(или црвено макало со ќофте)

Во загреано масло се ставаат онолку лажици (големи и полни убаво)брашно колку што сте луѓе за јадење.Се пржи брашното10-15 мин. како за домашна алва со постојано мешање.Кога ќе се зарумени се турива вода,но не многу(јас ставам од водата што се варело пилето).Ако е малку и брзо згусне постепено се додава уште вода.Се зачинува со веѓета.сол црн пипер и со мешање се остава уште 15 мин,да згусни да се свари брашното/Пред вадење се става малку киселина и вареното пилешко месо.


Ако имаш ќофтиња може и ќечап или доматен сос да ставиш во макалото па се ставаат пржените ќофтиња.
Ем брзо ем вкусно.

Lejla7
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 4049
Придружен: 24 Oct 2011, 14:34
Му се допанале: 1286 пати
Им се допаднал: 1103 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Lejla7 » 24 Jul 2013, 09:50

kit-kat wrote:ЕКСПРЕС КРОФНИ

2 и пол чаши брашно
3-4 јајца
1 прашак за пециво
1 чаша јогурт

Се се меша па со лажица се туриваат во загреано масло и се пржат,но не на многу силен оган.
(на ел.шпорет ако подесивачот на ринглата е од 1-6 на 4 се пржат)

Се вадат на чинија оближена со кујнска хартија или салфета,за да се упие маслото.
Неутрални се па се јадат по желба со сирење,слатко,еурокрем,шеќер во прав (drool)
Треба ли да се обраќаат?
Со лажица ли се зема од смесата па се става во маслото?

kit-kat
Модератор
Модератор
Мислења: 3256
Придружен: 08 Jul 2012, 13:13
Му се допанале: 1251 пати
Им се допаднал: 1731 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by kit-kat » 24 Jul 2013, 11:14

Да Лејла со лажица се туриваат во маслото загреано.Како смеса за еклери е.
Кога ќе зацрвенат се превртуваат од другата страна.Брзо се пржат.Добар апетит. (drool)

Happy^_^
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2265
Придружен: 28 Mar 2013, 11:47
Му се допанале: 206 пати
Им се допаднал: 1170 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by Happy^_^ » 06 Sep 2013, 09:06

Сакам да прашам за крофниве треба ли да се кренат? Многу ми се танки некако? Help

DANIELAA
Нов член
Нов член
Мислења: 85
Придружен: 30 Aug 2013, 15:11
Му се допанале: 45 пати
Им се допаднал: 51 пати

Re: Брзи и вкусни јадења

Post by DANIELAA » 06 Sep 2013, 09:20

ПЕСОК ТОРТА

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
150 грама Бисквити
4 Ванила пудинг/а
150 грама Кокосово брашно
1000 милилитри Млеко
150 грама Ореви
250 грама Путер
125 грама Шеќер во прав

ПОДГОТОВКА:

Мле­ко­то се ва­ри со пу­дин­зи­те на ти­вок оган. Ко­га ќе се до­бие гу­ста сме­са, се тр­га од оган и се остава добро да се олади. Откако ќе се олади убаво се додава путерот. Се меша сето тоа убаво. Откако ќе го направите сето ова поделете ја смесата на три еднакви дела. Во пр­ви­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те бис­кви­ти, во вто­ри­от дел се до­да­ва ко­ко­сот, а во тре­ти­от дел се до­да­ва­ат ме­ле­ни­те оре­ви. Во пла­сти­чен сад, кој е об­ви­ткан со фо­ли­ја, пр­во се ста­ва де­лот со бис­кви­ти, по­тоа де­лот со ко­ко­сот и на крај де­лот со оре­ви. По жел­ба мо­же да се фи­лу­ва со шлаг. Тре­ба да стои во фри­жи­дер три ча­са, пред да се слу­жи.
Уживајте,лесна и вкусна ! (joy)

Одговори

Return to “Рецепти и готвење”