Прозори,завеси и ролетни

Moderator: Модератори

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2594
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 933 пати
Им се допаднал: 611 пати

Прозори,завеси и ролетни

Post by Peperutka » 19 Nov 2010, 16:41

Какви имате и дали сте задоволни?

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10983
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5780 пати
Им се допаднал: 3539 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Debora » 19 Nov 2010, 17:24

Обични дрвени прозори, од кои не сум задоволна. Фури промаја колку сакаш. Здравје некогаш можеби ќе ги смениме. Мм става траки, лепи... за да биде подносливо во зима.
Ролетните се пластични и од нив сум задоволна.
Завеси разни имам, многу ми е важно да не мора да ги пеглам, влажни од машина на корнез. (laugh1)

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2594
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 933 пати
Им се допаднал: 611 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Peperutka » 19 Nov 2010, 20:17

Деборче само ПВЦ прозори од новите сега што ги ставаат!Господ ќе те види,ни промаја ни ништо! (thumbsup)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10983
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5780 пати
Им се допаднал: 3539 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Debora » 19 Nov 2010, 20:23

Да, такви се во план, ПВЦ, само сега не сме при финансии за такви потфати, па ќе почекаат малку.

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Kjara » 19 Nov 2010, 22:55

Ние имаме ПВЦ прозори а завеси многу сакам. Секако да не се пеглаат :grin: Иначе прозори без завеси некако голо ми изгледа . Највеќе ме нервираат венецијанерки , ич не ги сакам.

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Lady D » 20 Nov 2010, 00:10

Ние имаме ПВЦ, само во една соба се дрвени, тоа планираме да биде детска соба, па затоа решивме да ги смениме на крај. Во таа соба е камен студено, дека дува од прозорците, а во другите е супер. Имам пердиња, мали и кратки, колку само за украс, ама кога ке биде главното реновирање планирам и нив да ги сменам, или ќе ставам таков модел само друга боја, или веницијан. Ми се допаѓаат веницијан ролетните многу.

Alexa
Член
Член
Мислења: 152
Придружен: 17 Oct 2010, 13:06

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Alexa » 21 Nov 2010, 18:32

И ние имаме ПВЦ прозорци, и супер се. Има некои муабети дека со време се извитоперувале, но тоа за 10-20 години ќе ви кажам (rolll)
Завеси не сакам, некако ми го запоседнуваат просторот. Се ми игледа помало со завеси. А и видикот ми е супер, цело Скопје на дланка (lovet), па ми беше жал да го затворам. Имаме само најтенки бели венецијанер ролетни, кои многу често се кренати.

Ana.I
Домашен член
Домашен член
Мислења: 523
Придружен: 27 Oct 2010, 22:03
Им се допаднал: 8 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Ana.I » 03 Dec 2010, 12:05

Nie imame PVC prozoti,so aluminiumski profili i super se,odlicen izbor i investicija,a imavme i venecijaner roletni ama jas ne sum zadovolna-imame od onie najtenkite i toa beli-ne vi preporacuvam beli da stavate,posebno ako imate pusaci doma,ubavo izgledaat,ama uzasni se za cistenje.Jas vo dnevnata gi izvadiv,a vo spalnite uste mi stojat

Bela
Домашен член
Домашен член
Мислења: 612
Придружен: 22 Sep 2011, 20:26
Му се допанале: 18 пати
Им се допаднал: 33 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Bela » 24 Sep 2011, 20:26

Дефинитивно најубави се ПВЦ прозори и венецијан ролетни од пошироките.

Peperutka
Модератор
Модератор
Мислења: 2594
Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
Му се допанале: 933 пати
Им се допаднал: 611 пати

Re: Прозори,завеси и ролетни

Post by Peperutka » 25 Sep 2011, 11:53

Во салонот имаме ставено ПВЦ прозори со венецијнер ролетни и завеси со драпери и сум многу задоволна како изгледа а и нема никаква промаја,ептен убаво дихтуваат.Не ми се допаѓа само што венецијанер ролетните се тешки за чистење (smile) Сакам и во спалната исто така да ставиме,обавезно кога ќе дојде бебуш за да биде комплетно убаво и средено (love5) (love5) (love5)

Одговори

Return to “Уредување на дом и градина”