DHEA за подобрување на плодноста

Медикаменти за лекување на неплодност. Нашите искуства со медикаменти во борба со неплодноста, резултати, нус појави итн.

Moderator: Модератори

Правила на форумот
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
Sofija1
Нов член
Нов член
Мислења: 40
Придружен: 14 Nov 2014, 22:11
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 14 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Sofija1 » 03 Feb 2016, 18:55

Фала Лејла. А дали ти правеа некои проблеми кога ги подигаше и за колку време стигаат откако ќе нарачаш?

only44you
Редовен член
Редовен член
Мислења: 305
Придружен: 21 Sep 2014, 00:49
Му се допанале: 278 пати
Им се допаднал: 95 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by only44you » 04 Feb 2016, 17:25

Се согласувам дека DHEA-та е добра за плодноста, но еве и јас да го кажам моето искуство.
Мене на 32год. ФСХ хормонот ми беше 12,7, а антимулериовиот хормон 0,3.... За чудо некое пак јас имав редовни менструации и никогаш не се посомневав дека јас би можела да имам таков проблем, но бидејки се спремавме за ИВФ процес докторот побара да се испитаат тие хормони за да знае нормално од кај да се почне и секако да знае за почеток што се случува со мене .
Читајќи на интернет наидов на еден форум и на еден многу интересен пост кај што форумџиката имаше објаснето што се точно консумирала , откако дознала дека ФСХ-то и е високо , а антимулерианот низок. И она земала DHEA, капсули од матичен млеч и суви смокви во маслиново масло .... На нејзино изненадување за брзо време останала бремена неочекувано по природен пат.
Јас си реков ништо нема да ми штети ако пробам и јас..... DHEA не знам зошто не се ни заинтересирав да ги купам, а и искрено ептен сум тешка за да пијам лекови. Па ги направив сувите смокви во маслиново масло и купив капсули од матичен млеч (матичниот млеч е добар за подобрување на квалитетот на јајце клетките). И така секој ден на сабајле на гладно јадев по 2 смокви со маслиново и после јадење пиев по една капсула од матичниот млеч. Тие капсули ги пиев цело лето. После месец и нешто повторно го испитав ФСХ-то и верувала или не , од 12,7 беше спуштено на 8,3. Есента следуваше успешно ивф од кое што произлегоа 6 јајце клетки и тоа супер квалитетни. И самиот доктор не можеше да се начуди.
Ете тоа е мојата приказна..... Ти посакувам премногу среќа и што поскоро да си добиеш здраво и право бебенце (smile)

Sofija1
Нов член
Нов член
Мислења: 40
Придружен: 14 Nov 2014, 22:11
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 14 пати

Re: DHEA за подобрување на плодноста

Post by Sofija1 » 05 Feb 2016, 00:34

Фала only44you (smile) Пред првото ИВФ правев и јас смокви и пиев матичен млеч капсули, но јас немав подобрувавање на ФСХ-то, а со ДХЕА ми се спушти. Не е проблем да пробам пак повторно, но секако истовремено да пијам и ДХЕА, да убрзам (smile)
Мило ми е за тебе што си имала успешно ИВФ и фала уште еднаш за информациајата, желбите и споделеното искуство (smile)

Одговори

Return to “Медикаменти”