Проблеми со тироидна жлезда

Moderator: Модератори

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 272
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 38 пати
Им се допаднал: 130 пати

Re: Проблеми со тироидна жлезда

Post by ivvi<3 » 27 Apr 2017, 22:40

Девојки, дали некоја од вас имала само зголемени антитела, а другите хормони да се во ред? Кај мм се тие резлутати и му рекла докторката дека најверојатно се работи за некакво воспаление на тироидата. Не знам дали да побараме и друго мислење и уште едно испитување.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 272
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 38 пати
Им се допаднал: 130 пати

Re: Проблеми со тироидна жлезда

Post by ivvi<3 » 29 Jan 2018, 14:35

Девојки, може да ми кажете која референтна вредност за тсх е нормална во прво тромесечие од бременост? Ќе ве означам @@Lejla7 и @Debora , како експерти во оваа област 😃

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10975
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5772 пати
Им се допаднал: 3536 пати

Re: Проблеми со тироидна жлезда

Post by Debora » 29 Jan 2018, 19:02

Иви не знам што сметаат за нормално, но мислам дека се обидуваат вредноста на ТСХ да ја држат под 2. Барем од тоа јас што го имам слушнато. Сега се сетив дека имаме и посебна тема за тироида во бременоста viewtopic.php?f=15&t=1169
Како е тм? Се регулираа антителата?

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 272
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 38 пати
Им се допаднал: 130 пати

Re: Проблеми со тироидна жлезда

Post by ivvi<3 » 29 Jan 2018, 19:57

Фала Дебора многу. Баш ја прочитав цела тема, ама не најдов од-до, па си реков тука да прашам. Мм уште нема направено контрола, ама јас сум сега проблем, повторно. Тсх-то магично се покачи, а фТ4 е под референтни вредности, како што прочитав, класична хипотиреодоза. И тоа во бременост. Среќа што имав закажано пред три месеци, чисто онака да проверам што се случува. Денес кога ги видов резултатите, бев (ner) Утре сум на ендокринолог, ќе видиме што ќе каже докторката. Патем, дали имате искуство со Жанета од Ендомед? Мене фино ми делува докторката, онака сигурно во тоа што го кажува. Фала ти уште еднаш (big-hug)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10975
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5772 пати
Им се допаднал: 3536 пати

Re: Проблеми со тироидна жлезда

Post by Debora » 29 Jan 2018, 21:41

Иви пиши што ќе направиш, со терапија ќе се регулираат хормоните и со бебе се ќе биде во ред - ќе видиш. (love5) Добро што направила испитување и на време си ја фатила ситуацијата. Гушка силна. (a2)
Ако некој оди во Ендомед нека пише. (kup)

borjana
Редовен член
Редовен член
Мислења: 400
Придружен: 19 Apr 2015, 23:42
Му се допанале: 81 пати
Им се допаднал: 203 пати

Re: Проблеми со тироидна жлезда

Post by borjana » 30 Jan 2018, 23:31

Простете ако не е за во оваа тема... Читав по литаература дека луголов раствор е од голема корист за тироидната жлезда..Долго време го барав во мк и го немаше.Денес ми стигна порака дека имаат.Ако нанекој му е потребно на фб страна под име Izleci se - tinkturi, за повеќе информации. ивви можеш да прашаш доктор за мислене за во бременост. Господ да е со вас и да се средат работите.

ivvi<3
Редовен член
Редовен член
Мислења: 272
Придружен: 11 Mar 2015, 17:40
Му се допанале: 38 пати
Им се допаднал: 130 пати

Re: Проблеми со тироидна жлезда

Post by ivvi<3 » 31 Jan 2018, 11:35

Фала ви девојки (smile) Почнав од денес со еутирокс, па контрола за еден месец. Инаку да ја пофалам докторката од ендомед, многу посветена е, само не е ендокринолог, туку доктор по интерна медицина. Таа ми препиша терапија за месецов, ама ќе морам да најдам ендокринолог кој работи со трудници. Ако знаете некој добар, ве молам пишете. Инаку @borjana фала ти за информацијата, само сега не знам дали би експериментирала, ќе терам со еутироксот, за понатаму здравје, ако не се среди, би пробала нешто алтернативно. Докторката вика дека може и да е транзиторна состојба, ама времето ќе покаже. (grupna-gushka)

Одговори

Return to “Здравје”

Кој е присутен

Овој форум го гледаат: Ниту еден регистриран член и 1 гостин