Алергија

Moderator: Модератори

Одговори
Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 10983
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5780 пати
Им се допаднал: 3539 пати

Алергија

Post by Debora » 06 Mar 2010, 00:47

Кјара ме потикна да ја отворам темава. Во нашево време алергиите се многу чести. Пред неколку години направив кожен тест и испадна дека сум алергична на се и сешто, па после кога разговарав со специјалист ми кажа дека тоа не е можно, туку не го направиле убаво тестот.
Всушност алергична сум на домашна прашина и порано во пролет ми се јавуваше алергија на полен - тоа и беше причината за тестирањето, претерано кашлав. Требаше да одам на контроли, ама не отидов ниту еднаш, не ми ни дадоа лекарства.
Фала му на Бога што сега ја нема таа алергија, ама понекогаш може да биде и опасна. (confus)

Kjara
Модератор
Модератор
Мислења: 439
Придружен: 11 Nov 2009, 17:48
Им се допаднал: 6 пати

Re: Алергија

Post by Kjara » 06 Mar 2010, 09:27

Мене вчера ми правеа алерготест и се совпадна со тој што сум го правела и порано. Алергична на полен , трева, неколку вида на дрва , прашина , мов итн. Еднаш шетав на Водно и почнав да се гушам и рацете ми се исфрлаа со ситни црвени точки. Веќе не отидов на Водно :grin:

ivana28
Член
Член
Мислења: 200
Придружен: 30 Nov 2011, 15:46
Им се допаднал: 1 time

Re: Алергија

Post by ivana28 » 13 Dec 2011, 12:15

Јас сум алергична на убод од инсекти,а треба и сакам да направам алерго тест да не сум алергична и на уште нешто.Сумљам дека сум и на некоја храна и на влакна од куче,ама не сум сигурна дур не направам.

caci19
Нов член
Нов член
Мислења: 19
Придружен: 08 Jul 2012, 17:32

Re: Алергија

Post by caci19 » 14 Jul 2012, 16:12

od alergija ne mozam race da krenam... (scared) sekoi 2-3 meseci jas imam alergija i mnogu pati znae da bide cudna, eve sega imam alergija na mestoto kade mi e belegot od vakcinata od 7 odd, i toa samo tamu... :@ inaku alergicna sum na domasna prasina i na nekoja sostojka sto ja imalo vo mlekoto i sega ne smeam da jadam mnogu mlecni proizvodi... toa e sto da se pravi... (dve)

belomorka
Безрезервен форумски другар
Мислења: 2680
Придружен: 15 Sep 2011, 16:12
Му се допанале: 266 пати
Им се допаднал: 860 пати

Re: Алергија

Post by belomorka » 29 Oct 2012, 18:50

јас незнам на што сум алергична, ама претпоставувам дека исфрлањето ми се случува од синусите. Јас кога се бањам со потопла вода се исфрлам позади уши со пликови и на образите и носот црвенило жар, штом се напијам лоратадин за 25 минути ми се повлекува, А пред 5 години на фризер кога се фарбав, само што ме намачкаа почна многу да ме пече главата да ми се вцрвенува темето и почнаа вените на главата да ми набрекнуваат. два дена неможеше да ми се смири, наредниот пат пак пробавме само што почна да ме фарба пак и сто и одма прекинавме, и од тогаш не ни пробувам туку се шатирам, бидејки тоа не допира до коренот. Срека што сеуште немам бели влакна иначе незнам што ке биде.

ripcence
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 1126
Придружен: 03 Aug 2013, 02:50
Location: Скопје
Му се допанале: 1339 пати
Им се допаднал: 890 пати

Re: Алергија

Post by ripcence » 18 Nov 2013, 18:54

Знам дека сум алергична на кикирики, алергична на сонце, и исто како Беломорка после туширање сум целата шарена.
Од пред некоја година забележав кога ќе галам мачка почнува да ме чеша грлото и неколку дена после тоа имам чувство како да имам влакно во грлото.
Пред некој ден купив две туники во составот имаат волна, само што ги отпакував почна таквото чувство на влакно во грло (до сега од волна сум немала гајле) ги исправ одма и двете. Завчера ја носев едната неколку часа и неможев да издржам, ја соблеков, ама еве два дена сум со тоа гадно во грлото, станува полошо цело време пијам нешто инаку мислам дека или ќе се задушам или ке повратам само си се поткашлувам. (confus)

Лана27
Нов член
Нов член
Мислења: 3
Придружен: 19 Mar 2018, 20:53

Re: Алергија

Post by Лана27 » 19 Mar 2018, 20:59

Здраво на сите јас сум нова на форумот и морам да ви кажам дека е прекрасен.....Е сега сакав да ве прашам каде да направам алерго тест во битола во лабараторија?Која ми ја препорачувте и цена доколку знаете да ми кажете.Позз

Одговори

Return to “Здравје”