Раничка на грлото на матката

Moderator: Модератори

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by Mamino_srce » 06 Jun 2011, 19:48

И јас имам раничка, можеби и се уште. Прв пат кога ја открив, еден луд гинеколог ме толку исплаши, дека сум требала да одам на ласерско отклонување и така нешто што ми зазвучаа многу страшно, и се испостави дека тој всушност само сакаше пари. Кога отидов кај друг гинеколог, направи ми Пап, даде ми некои билни вагиналетки да ги ставам на 3 месеци и кога отидов на контрола, немаше раничка.
После 2 години на вагиналниот преглед истиот доктор ја виде раничка дека се повратила, направивме пап и хпв да видиме какви се тие клетки што ја предизвикуваат раничка, излезе хпв негативен и останавме така. Не ја третиравме со ништо. Наскоро останав бремена, па после пороѓај ќе видиме што ќе правиме.
Инаку, мислам дека не е страшна ако не содржи канцерогени клетки кои ќе покаже хпв тестот.

JasminaJN
Домашен член
Домашен член
Мислења: 627
Придружен: 09 May 2011, 15:18
Им се допаднал: 3 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by JasminaJN » 07 Jun 2011, 12:42

Не треба да се занемари раничката.Ова го кажувам од лично искуство! Мене како девојка на некој 22 год ми открија раничка и бев кај Лековски еднаш и никад више и ми даде некој раствор и наводно се е ок. Но после години пак ми се појави и кога бев кај матичната направивме колпоскопија и пап и ми покажа промени, со биопсија ЦИН2, а кога ме прати на клиника за второ мислење Проф.Др.Нумов, сега веќе е во пензија, ми направи втора биопсија и ми покажа ЦИН3.Среќа беше зафатен мал дел од грлото на матката со промении имав зафат познат како конизација ( се сече дел од грлото ма матката во вид на конус).По зафаторт одев и сеуште одам на контроли прво на 3, па на 6, па сега на 12 месеци.Сите доктори ми кажаа дека вирусот ХПВ не се лекува (впрочем како и сите вируси) треба сам да се повлече што незначи дека неможе пак да се појави.Кога правев ПАП материјалот се праѓаше или во МАНУ или на ПМФ и се чекаше 2 недели одприлика.Веќе подолго време не ми се појавил и се надеван дека така ќе остане.Вирусот може да се активира и од голем стрес.По ова останав бремена, имав еден спонтан што не е во врска со ова, а втората бременостми беше патолошка но фала богу све е бече ок.
Во периодот кога ова ми беше во тек се распрашував и има случаи каде ХПВ се пренел преку депилација на препони во салон.
Во секој случај како и све не треба да се гледа како на ништо страшно треба навреме да се третира.
Извинете за предолгиов пост.
Поздравче

Lady D
Домашен член
Домашен член
Мислења: 854
Придружен: 01 Oct 2010, 17:24
Му се допанале: 7 пати
Им се допаднал: 17 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by Lady D » 07 Jun 2011, 15:02

Ништо не треба да се занемарува, една обична кандида ти предизвикува проблеми (чешање, нервоза), а не пак раничка, цин1,2,3 ...
Денес медицината е развиена и нема опасност доколку се оди редовно на контроли и се примнуваат упатствата од докторите.
Инаку точно е тоа дека хпв може да се пренесе преку депилација во козметички салони... (unsure)

Marina
Домашен член
Домашен член
Мислења: 643
Придружен: 22 Mar 2011, 15:00
Location: Giessen,Germany
Му се допанале: 2 пати
Им се допаднал: 20 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by Marina » 07 Jun 2011, 15:39

hpv moze da se prenese/dobie i preku kvaka od vrata,necisto jadenje (ovojse,zelencuk),pusenje,zatoa 80% od zenite go imaat,vo poceten ili napreden stadium.najubavo e da se odi na redovni pregledi,toa e virus i ne se leci,zivee vo tebe i treba da pazis da ne se razvie do kraen stepen

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by Mamino_srce » 07 Jun 2011, 20:59

Мене докторот ми кажаа кога го прашав како се добива, тој ми кажаа преку односите на пример, ако постојат односи надвор од бракот или шта ти знам, ама ништо не ми спомна за преку овошјето или слично. (confus) Можеби јас не го разбрав најдобро, или тој не се изразил докрај. Како и да е, ми беше негативен наодот кога го проверував. Па сега ако докторот ми побара дека треба повторно, повторно ќе го направиме, не е проблем, само после бременоста. (laugh1)

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by Debora » 07 Jun 2011, 21:25

Генитален ХПВ не се добива преку храна. Се добива преку сексуални односи со заразена личност, користење туѓа крпа и сл. Знам за случаи што го закачиле со интимна депилација.
Раничката не значи дека мора да има ХПВ.

Mamino_srce
Домашен член
Домашен член
Мислења: 872
Придружен: 27 Apr 2011, 22:26
Му се допанале: 103 пати
Им се допаднал: 107 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by Mamino_srce » 07 Jun 2011, 22:23

Ох добро е, значи добро го разбрав (laugh1) и пошто ми хпв наод беше негативен затоа не ја ни третиравме раничка понатаму, ама дефинитивно ќе преземем нешто после бременоста, барем повторно да ги ставам тие вагиналетки на билна база.

Debora
Администратор
Администратор
Мислења: 11056
Придружен: 22 Sep 2009, 17:24
Му се допанале: 5853 пати
Им се допаднал: 3576 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by Debora » 07 Jun 2011, 23:07

Мамино срце, јас напишав дека раничката ја лечев со ултразвук, ама повторно се појави. Ова беше уште пред десетина години. Ниту еден друг лекар од тогаш не ми рекол дека треба да се третира (а заради мојата ситуација, сум била кај повеќе специјалисти). Освен ПАП се прави колпоскопија и ако нема ништо, се остава така.
Едноставно, штом нема ХПВ или ЦИН, повеќето лекари сметаат дека нема потреба од интервенција или даваат вагиналети за да се смири привремено. (smile)
ПАП-от секако еднаш годишно е редовна процедура.
Ако се покаже ЦИН и ХПВ, веќе е посериозно. Зависно од напредокот на ЦИН-от и типизацијата на ХПВ, се интервенира.

JasminaJN
Домашен член
Домашен член
Мислења: 627
Придружен: 09 May 2011, 15:18
Им се допаднал: 3 пати

Re: Раничка на грлото на матката

Post by JasminaJN » 08 Jun 2011, 09:27

Debora wrote:Генитален ХПВ не се добива преку храна. Се добива преку сексуални односи со заразена личност, користење туѓа крпа и сл. Знам за случаи што го закачиле со интимна депилација.
Раничката не значи дека мора да има ХПВ.
Сексуални односи со заразена личност ги наведуваат како првенствена причина но не и единствена.Позтоењето на раничка е "врата" за влез на вирус.ХПВ вирусот е мн раширен. Кога мене ми правеа конизација во соба од 8 пациентки бевме 4 со конизација, меѓу кои 2 возрасни жени од по 65 години. Редовен ПАП е добра превенција
Поздравче

elizabet
Нов член
Нов член
Мислења: 1
Придружен: 27 Aug 2011, 02:25

Re: Раничка на грлото на матката

Post by elizabet » 27 Aug 2011, 21:56

здраво,нова сум на форумов .имам проблем и тоа,пред 1 год имав цин1,по 6 месеци направив типизација и излезе високоризичен тип 58.по 6 мес повторно се исто а во меѓувреме работев на имунитетот и тоа А Б Ц Е Д фолна киселина,алое вера,екомер,цедев сокови секојдневно од цвекло,морков,јаболко,портокал,лимон и залудно се.направив биопсија и цин1 прејде во цин2 завршив на конизација.резултатот катастрофа.врвот на конизатот има повторно лесна дисплазија,одн .не е отстрането се.немам родено дете сеуште а планираме,имам 30 години.Што да правам незнам,ако некој поминал вакво нешто да ми даде совет.Поздрав исплашена

Одговори

Return to “Здравје”