Лековити својства на чаевите
Moderator: Модератори
ТУКА
Придржувајте се до темите. Пораките кои ја насочуваат темата во друга насока, ќе бидат избришани или едитирани. Доколку сметате дека нема соодветна тема или не можете да ја најдете, започнете нова.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Лековити својства на чаевите
Post by Petra » 11 Oct 2010, 00:16
Камилицата е исклучиво лековита билка и помага кај многу заболувања. Уште позната под името “лек за се“. Чајот од камилица дејствува лековито кај подуеност на стомакот, жолчните тегоби а помага и во работата на бубрезите. Може да се препорача и за подобрување на циркулацијата, а благотворно дејствува врз крвотокот, срцето и внатрешните органи. Капки чај од камилица може да се стават на воспалено око.
Камилицата исто така го подобрува варењето на храната, ја снижува температурата, ги ублажува болките, смирува грчеви, намалува осип, помага кај сите стомачни болови.
Ако имате проблем со кожата или едноставно сакате да ја разубавите доволно е еднаш неделно да се измиете со чај од камилица.
Камилицата е одличен лек за смирување. Доколку редовно се пие ќе има промена.
Позитивно делува и при опаѓање на коса. 4 лажици билка прелијте со литар врела вода, после 1 мин процедете, нека се олади и исперете ја косата.
Камилицата се користи и при менструални тегоби. Болката се ублажува со облоги. До врв полна лажица камилица се прелева со 1/4л врело млеко, се процедува и топли облоги се ставаат на стомакот.
Чајотот се подготвува така што исушениот цвет од камилица се прелива со зовриена вода, се поклопува и се остава да опстои. Камилицата не смее да се остава да врие заедно со водата, бидеќи се губат етерските масла кои се исклучително лековити. Потребно е пет до седум грама цвет да се прелијат со 200 ml зовриена вода. Чајот секогаш се пие свежо приготвен.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by Petra » 11 Oct 2010, 01:05
Женшенот потекнува од источна Азија, Сибир и од Северна Америка и затоа постојат повеќе видови од ова растение. Најкорисен и најлековит е кинескиот женшен (женшен панаџ), кој се користи за лекување повеќе од 5.000 години. Зборот панаџ значи лек за се - универзален лек. Во гинсенгот се наоѓаат 12 до 13 различни делотворни материи наречени гинсеноиди.
Чајот женшен обично се купува во чајна мешавина. Се препорачува да се пие при големи напори. Уште одамна се користел за опоравување на организмот од умор, особено психички. Помага во борбата против стресот. Постарите лица добро е да го пијат за подобрување на концетрацијата и помнењето. Се користи за подобрување на телесната кондиција, јакнење на имунитетот, корисен е при бронхит и менталните способности.
Но, една од најинтересните карактеристики на жен-шен е нејзиниот ефект на зајакнување на сексуалната моќ. Покрај тоа беше докажано дека жен-шен го зголемува нивото на тестостерон, се зголемува бројот и подвижноста на сперматозоидите и има добар ефект во лекувањето на машката неплодност.
Женшенот штити , од изложување на радијација, добротворно дејствува на импотенцијата , го нормализира крвниот притисок (кај луѓето што имаат проблеми со висок притисок го намалува истиот, а кај тие што имаат проблеми со низок крвен притисок го зголемува), поволно дејствува при слабокрвност. Корисен е при болки во зглобови, проблеми со пробава. Ги отстранува несоницата, заморот, ја подобрува циркулацијата, ги јакне ендокрините, адреналните и репродуктивните жлезди. Дава долговечност, бидејќи го забавува процесот на стареење. Кај спортистите помага за јакнење на организмот, виталноста, издржливоста. Исто така големо значење има со тоа што помага во искористувањето на витамините и минералите во организмот.
И покрај многубројните позитивни карактеристики на женшенот сепак треба да се напомене дека луѓе што имаат проблеми со зголемен крвен притисок и срцеви заболувања, пред примената треба да се посоветуваат со својот лекар за истовремено користење на женшенот со редовната терапија. Исто така женшенот не се препорачува за деца.
Чајот се подготвува според упатството на пакувањето. Секогаш се пие свежо поготвен.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by Petra » 20 Oct 2010, 15:58
Како зелениот чај ќе му помогне на Вашиот организам?
Зелениот чај делува на појачувањето на ензимската активност и процесот на детоксикација во тенкото црево, црниот дроб, белите дробови, го спречува делувањето на канцерогените клетки. Делува на атеросклерозата, висок холестерол, помага во хроничните болести, високи триглицериди и го зајакнува целиот организам.
Негативни последици од зелениот чај истражувачите ни ги наведуваат – преголемата количина на кофеин има прејако дејство на нервниот систем што може да доведе до анкциозност и несоница доколку се конзумира повеќе од две шољи чај. Најновите истражувања ни укажуваат за аминокиселината L – teanina која ја има во зелениот чај дека значително ја подобрува способноста за учење, ја зголемува концентрацијата и ги смирува нервите.
Тенининот е аминокиселина која вообичаено се наоѓа во чајот. Теанинот е поврзан со глутаминот и може да ги мине бариерите на крвта во мозокот. Бидејќи може да навлезе во мозокот, теанинот има психоактивни особини.
Забележано е дека теанинот ги намалува умствениот и физичкиот стрес, може да создаде чувство на опуштеност и го подобрува спознавањето и расположението кога се зема во комбинација со кафеин. допринесува за зголемување на допаминот во мозокот, со што се ослободува чуство на угодност. Делува на цревната микрофлора, ги уништува несаканите бактерии, помага во намалувањето на воспалителните процеси во организмот, ја спречува појавата на забен камен и крварење на непцата, го спречува кариесот, помага кај уморни и отечени очи, претерано изложување на сонце, помага за спречување на главоболка, врши превенција од болести на срце и ги чисти крвните садови.
Против целулит
Зелениот чај помага и против целулитот, бидејќи ја ограничува апсорпцијата на маснотиите и ја поттикнува површинската циркулација. Тој е познат и како чај кој го помага слабеењето.
Богат извор на витамини и минерали
Зелениот чај содржи значително количество витамин Ц, исклучително јак антиоксиданс. Во зелениот чај тој е присутен четирипати повеќе отколку во лимонот и портокалот. Ваквата висока концентрација на витамин Ц во зелениот чај, му дава својство да го зајакнува имунолошкиот систем и да ги спречува негативните ефекти на слободните радикали во организмот, причинители на многу заболувања.
Зелениот чај најмногу го конзумираат во Кина и Јапонија каде има најмалку канцерогено оболени особи и каде животниот век е најдолг
-
- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by Peperutka » 16 Dec 2010, 15:34
Сите што имаат нередовен циклус да си го набават чајот од Good Nature со вкус на анасон и хмељ.Претходните два циклуси ми беа на 2 месеци (sad1).Мајка ми случајно прочитала дека тој чај е за регулирање на циклусот,ми го набави и почнав да го пијам по завршувањето на циклусот,по 1 литар на ден.Тој чај треба да се пие секој ден по завршувањето на циклусот по 1 литар(додека не се потроши) ама јас го пиев само 4-5 дена па го прекинав зошто ми беше многу горчлив но ете и тие малку денови имале ефект и еве денес добив и тоа ден порано,наместо на 28-от ден,мене ми дојде на 27 ми ден.
Чајот е спакуван во книжна кеса,во посебна кеса е анасонот,а во посебна хмељот.Состојките од двете кесички се мешаат.Во 1 литар зовриена вода се ставаат 4 големи лажици чај,се остава да отстои пола час и се пие во текот на денот,незасладен а никако не се остава за наредниот ден.
Се надевам дека добро ке ви дојде оваа информација на сите што имаат нередовен циклус.
-
- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by Peperutka » 21 Jan 2011, 21:20
Ја смалува потеченоста на очите
Ако претходно сте претерале со работата пред компјутер или пак во подобар случај сте се забавувале до раните утрински часови, зелениот чај ќе Ви помогне. Натопете марамче во зелен чај и оставете го на очните капаци 10 минути. Така не само што ќе се освежите, туку и погледот ќе Ви се разбистри.
Ја смирува кожата
Доколку сте претерале со сончање или на некој друг начин сте ја изиритирале кожата, премачкајте ја со зелен чај. Тој со своето антибактериско дејство ја смалува иритацијата.
Благотворен е за забите
Зелениот чај содржи флуорид, што го прави одличен за одржување на здравјето на непцата и забите. Исто така може да се користи како течност за плакнење на устата и сузбивање на непријатниот здив.
Го ублажува воспалението на грло
Антивирусното својство го прави зелениот чај идеален лек за превенција од грип и настинки. Гаргара со зелен чај го смирува воспаленото грло.
Корисен е за коските
Големиот процент на минерали во зелениот чај го прави идеален за одржување на здрави коски.
Освежување на воздухот
Листовите од зелен чај се познати по способноста да впиваат мириси. Ако сакате да се ослободите од непријатните и застоени мириси во собата или ладилникот, поставете сад со неколку листови зелен чај.
-
- Модератор
- Мислења: 2603
- Придружен: 18 Oct 2010, 20:28
- Му се допанале: 940 пати
- Им се допаднал: 618 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by Peperutka » 21 Jan 2011, 21:24
Билката позната како бразилско нане успешно лекува болки на телото, со ист ефект како и некои синтетички лекови, покажа истражувањето на англиските експерти.
Традиционалниот лек, кој во Бразил се користи веќе со години може да третира низа здравствени проблеми, од главоболка, стомачни болки, грозница и грип, пишува „Health Day“. Билката се вика Hyptis crenata.
Новата студија е прва која докажува значаен напредок во решавањето на проблемите на болките со конзумирање на ова бразилско растение.
Експериментите направени со глувци на Универзитетот „Њукастел“ покажаа дека чајот од ова нане е еднакво ефикасен како и лековите како што е аспиринот.
Резултатите од истражувањата претставени се на научната конференција во Индија, а ќе се појават и во изданието на магазинот Acta Horticulture.
- Земавме билка која се корити за сигурно отстранување на болката и научно докажавме дека делува како некои синтетички лекови. Следен чекор е да откриеме на кој начин делува, рече водачот на тимот експерти, Грациела Роша.
Re: Лековити својства на чаевите
Post by mihaela » 11 May 2011, 15:14
Ако ги миете очите со млак чај од невен,го зајакнува видот.Чајот од невен се препорачува и како превентива за рак.
-
- Редовен член
- Мислења: 427
- Придружен: 14 Jun 2012, 12:09
- Му се допанале: 98 пати
- Им се допаднал: 204 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by ani4ka » 27 Oct 2012, 00:27
ЧАЈНА КОМБИНАЦИЈA ПРОТИВ БОЛЕСТИ НА ЖЕНСКИТЕ ПОЛОВИ ОРГАНИ
ПОВАЖНИ СВОЈСТВА -диуретични,дијафоретични ,антибактериски,антивирусни хемостатични,спазмолитични,антицистични,антиревматични,антитуморски и сл.
ДЕЈСТВА - помага при болести на женските полови органи и мокрачниот систем,бактериолошки, антимикробни и антивирусни проблеми. Воспаленија на јајниците, јајцеводите, мокрачните канали и бубрези, матка, бактерии (кандида, клепсиела, ешерихија коли) бело прање, цисти и полицистични јајници, допринесува за редовни, безболни и уредни менструални циклуси, има смирувачки дејства за пред – климаксни - и пост климаксни тегоби и проблеми, жештини, нервози, неурастении, последици од хормонални пореметувања, дебелина и подуеност на организмот пред менструации и како последица на хормонални проблеми. Помага против ХПВ вирус, ЦИН -1-2 (ниско и високо ризичен), МИОМИ и ту. на матка и јајници, калцификација на зидот на матката, дисплазии, искривувања и слично. Помага при средување на хормоните, естроген, прогестерон, пролактин и сл. Има позитивни дејства и на мокрачниот систем, црнодробниот систем, има антиревматски и антиревматизни дејства, помага при запирање на крварења од матка, бубрези, хемороиди. Помага при стомашни проблеми, запек, дијареи, мокен чистач на крвната слика од примеси, отрови, и штетни материи, врши детоксикација на крвта и организмот, ја подобрува крвната слика.
-
- Форумски домаќин
- Мислења: 2039
- Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
- Location: God's Kingdom
- Му се допанале: 1044 пати
- Им се допаднал: 729 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by Petra » 17 Nov 2012, 23:39
Чајот од босилек е корисен за смирување на нервниот систем, како и против несоница. Помага при грчеви и воспаленија во желудникот, цревата и го подобрува апетитот. Семето од босилек се користи за лечење на мочните патишта. Помага при астма и разни кашлици.
Четири до пет пати на ден измивајте го грлото со ладен чај од босилек (две лажичиња сув босилек или десеттина свежи листови на шолја вода).
Чајот од оваа миризлива тревка им се препорачува на нервозни лица, на деца што имаат немирен сон и на возрасни што страдаат од вртоглавица, ангина или мигрена, стомачни грчови - во сите тие случаи се пие два-три пати дневно по едно филџанче чај . Овој лек ги растерува депресивните мисли; лекува астма, воспаление на бубрези, го отвора апетитот, го засилува сексуалниот нагон.
Тој дејствува стимулативно на циркулацијата на крвта и го подобрува крвотокот. Се подготвува на следниот начин: во 1 л вода се ставаат 10-15 г листови; тие стојат во водата од половина до еден час.
Заедно со лукот, босилекот дејствува и против цревните паразити. Важно е и неговото стимулативно дејство на млечните жлезди кај жените доилки, кои немаат доволно млеко. За таа цел еден грст босилек се вари во 1 литар вода и од тоа се пијат по две филџанчиња дневно.
Варен во бело вино, плодот на босилекот се користи кај тврдокорниот запек.
Се препорачува како природен лек против стрес и напнатост настанати поради секојдневни грижи и притисоци. Посебно е корисен за лица чија професија бара големи интелектуални напори зашто придонесува и за подобро помнење.
Листовите на босилекот имаат слаткаст ароматичен мирис и по малку остар, иако пријатен вкус. Содржат 0,3- 0,8% етерично масло, татин сапонин и горчливи материи.
Чај од босилек- во форма на чај најчесто се применува кај лечење на воспаленија (желудник, црева), магарешка кашлица, почетни состојби на туберкулоза и кај болестите на мочните органи (бубрег, бешика). Го ублажува кашлањето, лечи афти, а служи и за гргорење кај болести на грлото и против зарипнатост. Масло на босилек се смета за одлично средство против акни. Освен што придонесува за подобра општа состојба на организмот, ги ублажува симптомите на главоболка, несоница и мачнина.
-
- Редовен член
- Мислења: 445
- Придружен: 26 Aug 2012, 19:03
- Му се допанале: 9 пати
- Им се допаднал: 52 пати
Re: Лековити својства на чаевите
Post by Nadja » 12 Feb 2013, 00:38
Return to “Здрава храна и додатоци во исхраната”
- Добредојде и да се запознаеме
- ↳ За форумов
- ↳ Технички прашања
- ↳ Да се запознаеме
- Забременување
- ↳ Во очекување на бременост
- ↳ Забременување
- ↳ Неплодност
- ↳ Испитувања на неплодност
- ↳ Дијагнози на неплодност
- ↳ Медикаменти
- ↳ Разно за неплодноста
- ↳ Инсеминација
- ↳ Ин витро и Наши дневници на ИВФ
- Бременост и породување
- ↳ Бременост
- ↳ Бременост
- ↳ Испитувања во бременоста
- ↳ Здравје и компликации во бременоста
- ↳ Спонтан абортус
- ↳ Разни теми поврзани со бременоста
- ↳ Породување
- ↳ После породувањето
- ↳ Честитки за новите бебуши
- Дете
- ↳ Доење
- ↳ Бебе од 0-12 месеци
- ↳ Бебе
- ↳ Исхрана на бебиња
- ↳ Здравје кај бебиња
- ↳ Опрема, козметика и сл.
- ↳ Дете од 1-3 години
- ↳ Тодлери
- ↳ Исхрана на тодлери
- ↳ Предучилишна возраст
- ↳ Училишна возраст
- ↳ Деца со посебни потреби
- ↳ Разно за децата
- ↳ Воспитување на децата
- Жена
- ↳ Мода
- ↳ Нега и убавина
- ↳ Природна нега
- ↳ Жена - разно
- Семејство, дом, миленици
- ↳ Семејство и брак
- ↳ Свадба
- ↳ Брак
- ↳ Мајчинство
- ↳ Семејство
- ↳ Патувања, празници, одмори...
- ↳ Дом
- ↳ Чистење
- ↳ Апарати и кујнски прибор
- ↳ Рецепти и готвење
- ↳ Уредување на дом и градина
- ↳ Направи сам
- ↳ Разно за домот
- ↳ Миленици
- Здравје
- ↳ Здравје - општо
- ↳ Здравје кај деца
- ↳ Здравје кај возрасни
- ↳ Сексуално преносливи болести
- ↳ Здравје
- ↳ Здрава храна и додатоци во исхраната
- Останато
- ↳ Хоби, спорт и рекреација
- ↳ Да помогнеме
- ↳ Информации
- ↳ Наши размислувања и ставови за разни теми
- ↳ Секојдневие
- ↳ Купувам, продавам, подарувам
- ↳ Опуштено
- ↳ Игри и забава
- ↳ Архива