Тест на карактерот

Moderator: Модератори

Одговори
Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Тест на карактерот

Post by Petra » 15 Dec 2012, 14:53

Еве еден тест
Замислете се себеси како пешачите во една бескрајна пустина, вие сте уморни, жедни и гладни откако сте пешачеле неколку часа низ пустината.

Одеднаш... пред вас се појавува величествена зграда.

1.Што се појавува пред вас
А. Замок
Б. Музеј
В. Хотел
Д. Место каде што сте император

2. Вие влегувате во зградата преку
А. Прозор
Б. Врата
В. Балкон
Д. Подземен тунел

Внатре местото изгледа многу величествено и прекрасно. Одеднаш се слуша тропање на вратата... ја отворате вратата...и ја здогледувате личноста со која што сакате да бидете...

3. Која е личноста?

Продолжувате понатаму и здогледувате скали за нагоре кои што ве водат кон следниот спрат

4. Дали скалите се
А. Прави
Б. Спирални?

Вие се качувате по скалите... ги броите скалите додека одите...

5. Колку скали изброивте? ( било кој број од 1 до бесконечно)

Понатаму влегувате во една соба...

6. Колку е голема собата ?
А. Колку еден рибник/
Б. Колку еден плакар
В. Колку една џунгла.
Г. Колку еден океан.

7. Каква боја се ѕидовите на собата..
А. Црвена.
Б. Виолетова.
В. Жолта или Портокалова.
Г. Боја на виножито

Пред вас се појавува маса..

8. Дали таа е:
А. Округла
Б. Коцкаста
В. Правоаголна
Г. Без облик

Има кошничка со 5 видови на овошје...
А. Цреши,
Б. Јаболка,
В. Портокали
Г. Грозје
Д. Лубеница.

9. Изберете од овошјата кои ви ги презентиравме.



Анализа:


1. Ги објаснува работите по кои се стремите:
- Замокот го означува богатството
- Музејот ја означува кариерата
- Хотелот го означува домот и љубовта
- Местото за обожување го означува вашето верување или духовниот растеж.

2. Го означува начинот на живот по кој се стремите:
- Прозорец- Живот полн со изненадувања
- Врата – Мирен и безбеден живот
- Балкон – Романтичен и лесен живот
- Подземје – Опасен, но искусен и исполнет живот.

3. Личноста која ја гледате од другата страна на вратат е онаа на која можете навистина да и верувате и можете да се потпрете на неа кога имате проблеми и се наоѓате во голема опасност.

4. Скалилата го означуваат вашиот љубовен живот. Брановита но прекрасна или нормална но досадна љубов.

5. Бројот на скалите го означува колку се трудите да ја сочувате вашата врска.

6. Големината на собата покажува дали имате авантуристички дух. Колку собата е помала толку вие сте поконзервативни.

7. Бојата на собата го претставува вашиот карактер.
А.Црвена – Вие сте страствени
Б. Виолетова – Вие сте авантуристи
В. Жолти или Портокалова – Вие сте ведра личност
Г. Виножито – Вие сте несигурни во себе си.

8. Формата на масата повторно покажува како ви се снаоѓате во одредени ситуации.
А. Коцкаста – Цврста и фер личност.
Б. Кружна – Вие саката да ги гледате работите на повеќе начини
В. Правоаголна – Вие сте оригинална личност
Г. Без форма – Вие сте неодлучни и секогаш ги одложувате работите.

9. Овошјето всушност го покажува какви пријатели би сакале да имате. Колку е поголемо овошјето толку повеќе сакате убави луѓе, а колку е помало овошјето вие одите кон карактерот на личноста.

Petra
Форумски домаќин
Форумски домаќин
Мислења: 2039
Придружен: 17 Nov 2009, 20:50
Location: God's Kingdom
Му се допанале: 1044 пати
Им се допаднал: 729 пати

Re: Тест на карактерот

Post by Petra » 15 Dec 2012, 14:56

Тестов покажува дека сакам дом и љубов, мирен и безбеден живот, ведра личност, цврста и фер и дека ми е важен карактерот на личноста.
Има нешто вистина. (smile)

Одговори

Return to “Игри и забава”